Не сум про-запад, ама не сум ни про-исток
Без навреда другар, ама твојата претстава за себе - и претставата што другите ја имаат за тебе... Тоа се две различни работи.
(во мои очи, вриштиш колку си прозападно настроен)
Кој има ќар од војнава - тој победува. Да мобилизираш сопствено население е тежок зијан, продуктивните луѓе не се корисни веќе туку напротив ти влечат ресурси.
Ама ќе се курчиме дека ја дупнавме Европа, Вавилонската курва што ја дупи кој како сака ќе ни биде достигнување и "таа другата цел"
Тука си прав, само ќе треба да се почека на крај за да го видиме исходот.
Засега да, САД победува општо иако Русија победува на фронтот. Само Русија освен на на фронтот победува и на дипломатски план, успејаа да ги раздвојат САД и Саудијска Арабија (а со тоа, и со ОПЕК). Никогаш САД немале полоши односи со СА, Бајден така трагично го одјебаа во Ријад што дури и жално беше да се гледа (се шегувам, не беше жално). Држави како Венецуела, Иран, без страв јавно ги одјебуваат САД. Дефакто ја изгубија контролата врз цената и трговијата со нафтата, барем краткорочно/среднорочно. Ги држат ЕУ да не отидат во надолна спирала со трошење на стратешките резерви на нафта, ама прашање е до кога. Доларот е разнишан во статусот на петровалута, а САД веќе пред пар месеци се влезени во техничка рецесија. Иднината е неизвесна, не само од воен туку од секој аспект.
.
..
...
И не, за лажњак не може со дефиниции да се лимитира до колку километри се влегле. Колку што треба, толку ќе влезат. Лажњак (успешен) е ако противникот го лапне морковот (по твојот жаргон), а Украинците го лапнаа до балчак таму кај Киев.
Најпосле текви дефиниции што е лажњак а што е пробив, не може да бидат со фиксни граници. Тоа се воени операции и тие што ги водат операциите гледаат што се случува и одлучуваат според резултатите, импровизираат ако мора. А ти ако мораш маневар кој со малку војска и со малку загуби се направило pin down на супериорна воена сила, да го наречеш „пораз“. Нарекувај го. Додека Русите беа „поразени“ кај Киев, ги остварија најголемите успеси доле на југ и на југоисток.
Сега со групировката во Белорусија, лажњак се спрема, или напад?