Речиси и да нема тргување со овие акции на МСЕ, ама интересна вест.
Интересна е веста. Пред 15тина години имаа добар план за развој, со проект за аква парк. Не мрднаа од таму.
Имав таму акции, чисто ради визијата што ја имаа. Но, 2007/2008 имаше други планови за вредноста на акциите
. Од друга страна иако има надежно раководство не направија ништо во целиот овој период. И сега после 15тина години прават продажба на дел (веројатно во корист на некој).
Ваквите вести не ги гледам од аспект на јавно тргувано друштво и како ќе влијае тоа врз цената на акцијата, туку повеќе „завршивме работа за...“
Со исклучок на неколкуте вистински акционерски друштва, останатите се своја приказна за себе, со затворени интереси и безидејност. Ако влеземе во ЕУ ваквите фирми ќе бидат попапани, дали индиректно на пазарот или директно преку аквизиции.
ПС.Излегов од таму последнава година.