Нуклеарна војна, и загрижувачкиот тренд на неразбирање на последиците од истата

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.478
Поени од реакции
4.308
со декади никој сериозен политичар и никоја сериозна сила не се заканува со нуклеарки затоа што знае дека е глупаво и безцелно
од нив никој не се плаши затоа што сите знаат дека се користат само кога си директно нападнат со нуклеарки
светот денес е многу поинакво место од 1945та година и државите се едноставно премногу зрели за да се осудат на таков страшен потег сем кога навистина се веќе нуклеарно загрозени
Модерните држави се исти како што биле пред илјадници години во нивната срж. Човечкиот карактер, и покрај научниот напредок останува ист. Борба за власт, алчност за пари, и неспособни кукли со огромно оружје, големи дисплеји на Пи Ар, реалполитик итн.. Крв за да се вртат пари и да се валидизираат инвестициите и да се стимулира економијата, или барем да се надмине таа на другиот. Додади тоа фактор на хаос и на слобнодна иницијатива и ќе биде целосна сликата.
Човештвото во тој аспект нема мрднато од каменото доба.
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364

да не навлегуваме толку, едноставно човекот е доволно еволуиран за да знае што носи нуклеарки фрлање
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.478
Поени од реакции
4.308
да не навлегуваме толку, едноставно човекот е доволно еволуиран за да знае што носи нуклеарки фрлање
Човекот е доволно патеметен да знае што носи ама е и доволно глуп за да проба.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.626
Поени од реакции
42.162
ја мислам дека ако се работи за Русија Еди би употребил нуклеарно, онака ради превентива.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.997
Поени од реакции
83.374
Јас мислев дека одговор бараш ама ете и си си одговорил да не е тоа русија, кој има јас да те прашам најголем арсенал нуклеарен на светов и зошто? :)

значи ако те разбрав темава овде е наменета само за да се плашиме со нуклеарката се друго е офтопик
односно нуклеарките се многу страшни плашете се буууууу ако не сте за русија навивате за нуклеарна војна буууу

иначе за вас другите овде на темата, целта на муабетиве со нуклеарките е баш тоа - да се заплаши.
со декади никој сериозен политичар и никоја сериозна сила не се заканува со нуклеарки затоа што знае дека е глупаво и безцелно
од нив никој не се плаши затоа што сите знаат дека се користат само кога си директно нападнат со нуклеарки
светот денес е многу поинакво место од 1945та година и државите се едноставно премногу зрели за да се осудат на таков страшен потег сем кога навистина се веќе нуклеарно загрозени

е сега путко полека се прави себеси кловн како дечкото од северна кореја со неговите постојани мавтања со нуклеарките во воздух
и ја разводнува секоја тежина на таквата изјава што е беда
затоа овде мегафоните на руската пропаганда и во европа почнаа да го крекаат ова, тие закани секако не се за да го исплашат државниот врв на западните земји бидеќи тие знаат дека една нуклеарка да фрли путлер по 10 минути накај неговата сакана татковина ќе итаат илјадници нуклеарки и тоа ќе значи крај на човештвото и поради тоа ни русин ни никој друг жив нема да го притисне црвеното копче никогаш сем кога ќе си ја види нуклеарката каде му иди во очи
целта е да се плаши западното население кое потоа ќе врши притисок врз сопствените влади и власти да се тргнат од конфликтот во украина
лелелел готово луѓе дајтему на путко се што сака инаку нуклеарен холокауст ќе има

во основа е толку едноставно западот треба да почне да прифаќа се од русија пошто ако не прифати тој се заканува со нуклеарки и ќе ни ги мавне
али ако ни ги мавне не е тој крив туку ние самите што е преретардирано стојалиште
тоа е како да тврдиш дека јапонците се криви што им мавнаа јенките атомска оти ги провоцираа со тоа што не ги оставаа да победат :icon_lol:
Епа нема фрка тогаш САД да им дадат на Украина све што можат.
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
Епа нема фрка тогаш САД да им дадат на Украина све што можат.
не бе мора да прекине ова оти нуклеарката ќе ја фрлат русите буууууу
не само тоа треба и полска да им се даде и плинот 150 денари да им го плаќаме, те молиме путин не ја фрлај нуклеарката само
Автоматски споено мислење:

ја мислам дека ако се работи за Русија Еди би употребил нуклеарно, онака ради превентива.
греота е на онакви неспособњаци да арчиш таква скапа техника, 150 бтри Македонски доста се
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.997
Поени од реакции
83.374
не бе мора да прекине ова оти нуклеарката ќе ја фрлат русите буууууу
не само тоа треба и полска да им се даде и плинот 150 денари да им го плаќаме, те молиме путин не ја фрлај нуклеарката само
ако нема опасност од нуклеарна војна, тогаш, не гледам зошто до сега не им дадоа све што сакаат
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
ако нема опасност од нуклеарна војна, тогаш, не гледам зошто до сега не им дадоа све што сакаат
да не прават арч, криза е моментално скапија голема
млекото дупло, јајцата дупло, ракетите дупло
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
не бе мора да прекине ова оти нуклеарката ќе ја фрлат русите буууууу
не само тоа треба и полска да им се даде и плинот 150 денари да им го плаќаме, те молиме путин не ја фрлај нуклеарката само
Автоматски споено мислење:

греота е на онакви неспособњаци да арчиш таква скапа техника, 150 бтри Македонски доста се
Абе чим е толку лесно оти плајчаш 150 денари, пали бтрот и во напад ;)
После сите ќе возиме плин по 10 ден и ќе те туриме главен чауш на енергетика.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.621
Поени од реакции
33.785
целта на муабетиве со нуклеарките е баш тоа - да се заплаши.
со декади никој сериозен политичар и никоја сериозна сила не се заканува со нуклеарки затоа што знае дека е глупаво и безцелно
...
е сега путко полека се прави себеси кловн како дечкото од северна кореја со неговите постојани мавтања со нуклеарките во воздух
и ја разводнува секоја тежина на таквата изјава што е беда
Реално, дали САД е неспоредливо воено и економски помоќна од Кореја, па и од Русија?
Кога имаш нуклеарно оружје, а те напаѓа некој како САД. Која е логиката да немаш воена доктрина која вклучува нуклеарно оружје? Па за што ти е тогаш тоа оружје?

Ако нуклеарното оружје не е detterant за посилен и агресивен противник како што е САД, тогаш која е поентата на тоа оружје?

САД ја игнорира опасноста од тоа оружје и оди се подалеку и подалеку во агресијата. Обиди за државни удари и обоени револуции (тоа се тие „намачените“ ликови како Навални и неколку олигарси). Земање соседи во НАТО само заради нивно воено искористување против Русија, иако претходно ветиле дека НАТО нема да се шири на исток. Градење воени и нуклеарни бази во тие држави, на минути летање до руските популациски и индустриски центри. Државни удари во соседни држави на Русија, и провоцирање, буквално создавање војни на тие држави со Русија. Давање стотици МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ најсовремено оружје за војна против Русија. Целосна подршка со сателитските набљудувања, интернет конектирање на војската на Украина, инструктори и платеници да се борат за нив. Итн, итн, итн...

Единствената предност што Русија ја има врз САД е нуклеарното оружје.
Кога егзистенцијата им е загрозена, која е логиката некој како ти да се надеваш - дури убеден да си - дека Русија нема да го употреби тоа едно оружје со кое ќе може да се одбрани ако САД отиде all in, накаде што гледаме дека одат работите.

Толку основни работи не разбираш. Или се правиш дека не разбираш.
Не знам што е полошото. Првото значи дека си екстремно глуп. Пошто не изгледаш дека си, останува поголема веројатност за второто. Сеедно на крај, двете се лоши.
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043
Реално, дали САД е неспоредливо воено и економски помоќна од Кореја, па и од Русија?
Кога имаш нуклеарно оружје, а те напаѓа некој како САД. Која е логиката да немаш воена доктрина која вклучува нуклеарно оружје? Па за што ти е тогаш тоа оружје?

Ако нуклеарното оружје не е detterant за посилен и агресивен противник како што е САД, тогаш која е поентата на тоа оружје? се лоши.
САД не извршило никаков напад врз нуклеарна сила ниту покажале инклинација тоа да го направат. Независно од колку квичите, проширувањето на НАТО не е напад врз никоја држава. И да, Путлер самиот тоа го знае.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
САД не извршило никаков напад врз нуклеарна сила ниту покажале инклинација тоа да го направат. Независно од колку квичите, проширувањето на НАТО не е напад врз никоја држава. И да, Путлер самиот тоа го знае.
САД имаат извршено напад врз земја што имаше оружје за масовно уништување. Нели Ирак имаше или грешка сум? Зарем либералниот, праведниот и демократски свет би можел да направи инвазија базирана на лаги што тие ги создале?
Проширувањето на НАТО кон границите на Русија значи опколување на Русија и поставување во тие земји против ракетни штитови како што се прави во Романија и Полска. Кога ќе опкружат веќе опасноста од нуклеарен напад кога ќе ја нападнат Русија ќе се сведе само на некоја нуклеарка врз источните членки и НАТО војската може да врши напад.

Друга цел на опкружувањето е економската војна каде низ тие земји не смее да транзитира руска роба, се исфрлаат руските фирми. НАТО не сака никаква соработка со Русија, само нејзините ресурси и по можност сведување на Руската Федерација на неколку држави кои лесно ќе можат да ги управуваат.
Секоја земја си има национални интереси освен како што имам спомнено само квази државата Северен Фиром што националните интереси се збришаа благодарение на такви ко тебе и кога ќе се распада државава во тој хаос треба по улица да се тепаат комуњарите со палки.

Одредени мунгоси што не разбираат е дека си имаат и САД и Русија луѓе што гледаат 5-10-50 години и планираат стратегија. Сега нема опасност за Русија, но тоа незначи откако ќе ја опколат и изолираат за 5-10-15-20 години нема да го направат. Подобро спречи, отколку лечи. Така да благодарение на тие мунгоси што подржуваат такви одлуки Украина ќе се сведе на 20 милионска држава вратена во среден век со стотина илјади загинати млади, милиони раселени и 20% помала територија. Секој знаеше која ќе биде реакцијата на Русија па сега плачење. Затоа Мексико и Канада си тераат усогласено со САД. Добро Мексико не толку ама сепак усогласено со САД. Дали е во ред Русија што го прави? Секако дека не. Дали е во ред САД што прави низ светот? Секако дека не. Светот не функционира на правдина и меѓународни закони кога се во прашање посилни и тоа е од секогаш и ќе биде во иднина.

САД имаат донесено акт што го нарекуваат Hague Invasion Act, ако некој нивен војник е суден за воени злосторства во суд надвор од САД според нивните закони се должни да го ослободат по секоја мерка и според нивните закони сосема легално е да направат инвазија врз пример Холандија. Тоа е, посилниот е во право.

Така да вашето глумење лудило е само cringe и служи за провоцирање демек сте некој борци за либерален и праведен свет кога буквално ве боли пичка за тоа со оглед на тоа што претходно и на мапа незнаевте каде е Украина, но штом почнаа западните медиуми да тераат пропаганда се загриживте наеднаш.
И дојдовме до ситуација каде после 1962(види зашто, САД биле спремни нуклеарна војна да почнат ама да не дозволат вооружување на Куба) да постои најголема опасност од нуклеарна војна.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.621
Поени од реакции
33.785
Врз Ирак извршија напад.
И врз Либија.
Автоматски споено мислење:

Југославија?
Автоматски споено мислење:

Сирија?
Автоматски споено мислење:

Гватемала, Панама... И уште пола држави во централна и јужна Америка?

Итн, итн... Нема поента да ги набројуваме сите нивни жртви, постовите имаат лимит од ~18000 карактери (или така нешто).
Автоматски споено мислење:

САД не извршило никаков напад врз нуклеарна сила ниту покажале инклинација тоа да го направат. Независно од колку квичите, проширувањето на НАТО не е напад врз никоја држава. И да, Путлер самиот тоа го знае.
Треба да постават старосна граница за пристап до форумов. Не возрасно-старосна, интелектуално-старосна. :unsure:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom