Не знам дали на некого ќе му биде од корист меѓутоа мислам дека сепак вреди да се сподели, а некој можеби и веќе забележал дека тие линкови ги имаше и на сајтот на ДАБЧ но повеќето веројатно е дека ги игнорирале. На Државниот архив месецов е објавено следното
соопштение кое се однесува на докажувањето на бугарско потекло.
Прегледај го приврзокот 302653
Се работи за архив од егзархија во кој се вклучени т.н. еноријски регистри каде на секоја страна посебно е излистана по една фамилија со нејзините членови по име, занимање, возраст итн. (која "духовно припаѓа под јурисдикција на егзархијата") и сето тоа така организирано по тогашната административна структура т.е. село, каза, епархија, вилает. Чисто од љубопитност пробав да најдам што е тоа, и за чудо најдов такво нешто, и еве тука како за пример:
Прегледај го приврзокот 302656
Прегледај го приврзокот 302657
Ако ги отворите линковите од соопштението означени со "инвентарен опис" најдолу имате форма за пребарување на населените места (кои треба да ги внесете на бугарски јазик - ако не знаете точно како, побарајте го и ископирајте го од БГ википедија, типично има страници дури и за села):
Прегледај го приврзокот 302659
Во случајов еве за Маврово на пр. За жал од тоа што можев да го видам изгледа дека не сите места се вклучени и што е уште полошо пробав во архивна единица Маврово да пребарам (бидејќи има таква опција исто најдолу) специфично по име раководејќи се од оној регистар што успеав да го најдам достапен, меѓутоа таквата опција изгледа од архивот не е овозможена бидејќи на било каков начин и со било кои параметри не дава резултати. Дали е така по дизајн или планираат понатаму да го направат тоа достапно - не знам - иако и во самото соопштение пишува дека ако си го најдете местото кое го барате на сајтот имате опција преку нивниот портал е-услуги да си направите регистрација и закажете термин за да го прегледате тој регистар лично (за разлика од воениот архив кој е во Велико Тарново ова е во Софија така да поблиску за сите). Ако си го најдете местото на живеење на некој ваш предок и тој е внесен во ваквиот регистар (макар и како дете, пак е запишан нели) имате во рака доказ за потекло. Единствено што ви останува е да си ги покриете трошоците до Софија.
Се извинувам за големите слики и се надевам на некого може да му биде од помош.