Логички е да има што помалце последици за Русија, а вака кога губат опрема и луѓе, логички се констатира дека немаат контрола врз војната.
Нато ја поразија Србија со 0 загинати војници, селективно, прецизно, со дипломатски притисок, а можеле и побрзо али немаше да биде со 0 изгубени војници.
Нато ги порази талибаните за 20 години, на територија поголема од Украина, со 3500 загинати војници.
Русите за Украина имаа друг рачун, а друг им излезе на терен, се скинаа од менување генерали, како беше: Тимот што победува не се менува.
Не сум воено лице, но делот кај што се војува во Украина е гола долина, едвај наоѓаат дрвореди да се кријат, најискрено на почеток бев убеден дека ќе маршираат русите, сега не ми се верува дека биле толку слаби.
Зошто да ја поразат за кратко време?
Сега босански суџук од 450 грама ти е 395 денари, а ако продолжи војната до пролет сигурно ќе ти биде и преку 600.
www.e-tinex.mk
Си видел колку чини леб, брашно, зејтин, банички, кифли, слатки, млеко, стек, кашкавал, сирење, месо, мед, прашок за перење, вештачко ѓубриво?
Си видел колку е цената на струјата, на фосилните горива, на огревното дрво, на билетите за меѓуградски превоз?
Си видел дека по државните институции не им даваат сијалици да палат, дека продавниците се затемнети како хангари и фрижидерите се вклучени на минимум?
Ако продолжи војната и остане цената на струјата, како мислиш да работат големите потрошувачи на енергија како металуршката и хемиската индустрија, индустријата за производство на цемент и индустријата за производство на хартија?
Тие, или ќе затворат и ќе отпуштат работници или ќе ги преселат погоните во Азија или Африка, што значи дека повторно ќе бидат отпуштени работници во Европа.
Со неколкукратно зголемени цени на струјата, како мислиш да работат пекарите, сушарите за месо или лактофризерите?
Повеќето ќе затворат, а тие малкумина што ќе останат, ќе мора да ја кренат цената на своите продукти, толку многу што и обичен леб ќе ти биде луксуз, покрај тоа што и самите преостанати производители ќе бидат во олигопол, а тогаш ќе можат да применат и шринкфлација и скимпфлација.