Еде пополека, какво ругање, какви бакрачи. Ептен си се навикнал на пофалби шерифе, војводо, директоре, претседателе ...
Дај бар ти прави разлика од критика на она што го пишуваш, со критика на тебе како личност.
Пишав дека нема некоја каузалнаст и врска со податоците на компаниите пред 30, 50 и 100 години со оние што се денес. И има многу фактори кои што стојат позади тоа. Секоја криза си има своја причина и се нашло соодветно решение. Сепак до сега немало криза каде невработеноста е под природната стапка, каде голем број од компаниите се високо профитабилни и каде немаат долг. Исто со cloud-от им овозможува скалабилност, па немаат ни големи фиксни трошоци. Со работењето од дома, многу и од оперативните трошоците се намалија. Немало таква криза до сега, и немало таков процент во индексот со високо квалитетни компании кои оперираат глобално.
Прегледај го приврзокот 347053
Еве ти еден пример, каде има корелација, но нема каузалност. Малку екстемен е примерот но да се свати разликата.
Да Насдак падна, но падна затоа што Core инфлацијата беше повисока за 0,1% од очекуваното. Тоа никој не може да го предвиде. Еве нов месец сме сега ќе има нов податок и пазарот ќе реагира соодветно. Ако има 0,1 % пониска од очекуваното сосема друга приказна ќе е.
Сега на интернет се појавија еден куп црни сценарија и еден куп сеачи на страв. Се потсеќам на времето за време на паниката со Корона кризата кога Близард цел ден тука постираше, колку долу ќе оди МБИ10 индексот, од 2500, па 2200 па се до 1000.
Јас сметам дека многу поблиску сме до дното, отколку што сме до врвот. Многу негативни сценарија се веќе во цените на акциите. Страшно многу покачувања на ФЕД се веќе во цена. Едно покачување да има помалку од што се очекува, цел сентимент ќе се промени.
Друга работа е што тие очекувања за добивките надолно се ревидираат секој ден. И затоа цените на акциите се онаму каде што се денес. И за вториот квартал имаше екстремни црни сценарија, па се виде дека над 70% од компаниите ги надминаа очекувањата за нивните добивки.
Дали ти ги продал сите акции што ги имаш во овој момент во очекување на полошо сценарио? Дали им препорачуаш на другите да го направат тоа?
Еве јас моментално сум на негативна 0 од почетокот на годината. И сметам дека тоа е одличен резултат со оглед на целокупното движење на пазарот. Во петокот конечно влегов 100% во акции. И немам намера да ги продавам.