- Член од
- 19 ноември 2020
- Мислења
- 2.524
- Поени од реакции
- 9.405
Сега ако се правиме на Тошо и ќе сфаќаме како што сакаме се со цел да ја одбегнеш поентата. Еве школскиот од клупа работи во фабрика во Германија со Македонски пасош, Словенија попатна станица му беше. Груба бројка е дека има над 500 000 иселени, според твојата математика има 300 000 пасоши што е тотална глупост. И не, секако е бројката на нискоквалификувани поголема од стручниот кадар затоа што и квантитавно е поголем. Инаку можеби си заборавил ама има нешто што се вика работна виза, си наоѓаш работа и си поднесуваш во амбасада. За тоа не ти треба бугарски паспорт. Малку подолга процедура ама си функционира.Сакаш да кажеш дека од Македонија се иселиле претежно висококвалификувани информатичари? Мнозинство се токму нискоквалификуваните, а најголемиот дел од нив имаат бугарски пасош.
Спореди ја просечната плата во Србија и Бугарија во 2007 година и просечната плата денес и ќе ја видиш огромната разлика. Денес имаме повисока просечна плата од Србија и Босна и од вас. Пред 2007 години беше токму спротивното.
Да не беше Бугарија фактор, денес ќе бевте во Европската Унија и ќе имавте барања кон Албанија и Србија.
Инаку огромен успех е што ЕУ ви помогна за 16 години да достигнете неколку десетина евра поголема бруто плата од десеткуваните Босна и Србија и едно 100 евра и нешто ситно од нефукнционалната Македонија. Мислам браво, да не беше ЕУ сега ќе бевте Молдавија. Хрватска веќе има над 1 000 евра просечна плата, а тие имаа војна на третина од територијата во деведесетите и влегоа 7 години после Бугарија во ЕУ. Да барам статистика гарант и пред ЕУ се имале поголема просечна плата од таа денес што ја има Бугарија.
Пробувам да ти објаснам дека можеш и без ЕУ да имаш стандард ама од балканските кримогени политичарски дувла(кои произлегуваат од народот...) тоа ни е максимумот, па одозгоре според наративот доаѓа дека имаш сличен менталитет како просечен северофирмски комуњар и гласач на СДС што правеше кампања дека ако името го смени он ќе лега и ЕУ ќе го рани. По понижувачки од ова незнам, да те третира некој ко неспособен и дека треба друг да те рани и раководи.
Грција да не беше фактор ние ќе бевме најблиску до ЕУ од западен балкан екипата, а можеби и во ЕУ. Не си некој фактор кога можеш да проектираш сила односно вето само во нефукнционална де факто федерална и поделена држава. Еве на пример моментално ако ви дојде на памет да правите етничко чистење на Турците како во 80тите каде бевте прва земја каде имаше етничко чистење после бркањето на Германците после ВСВ2 на територијата на Европа нема да можете, ќе ви истовари Турција тенкови и муабетот ќе беше завршен истиот ден и ќе си добиете некој рамковен догвор.
Ти пиша кано, зближување ќе се случеше со автопати и железници и повеќе гранични премини каде обичниот народ(ние) ќе си има повеќе интеракција и само ќе си дојде помирување и зближување. Вака звучиш ко сдс/дуи бот: ЕУ, ЕУ, ЕУ, ЕУ ако не распад, федерализација, исчезнување. Скопје-Софија е 240км, а ти требат повеќе од 4 часа. Сведување на ова на нешто повеќе од 2 часа ќе помогнеше повеќе во зближување од 100те клуба што ги отварате. Правење автопати или брзи патишта помеѓу: Струмица - Петрич, Делчево - Благоевград, Крива Паланка - Ќустендил/Дупница ќе влијае и те како повеќе.