Не баш, да се војува(ше) против најголемата армија во Европа проследена со воена и економска помош од целиот свет, сето тоа се зема во обзир, но се војува во дворот на Русија, долж нејзината границата, против единици составени и од чисто цивилно население. Сепак, на терен, премногу бавно се напредува. Со месеци се бореа за одредени територии кои ги изгубија за неполн ден. Имаат многу лоша организација. Мобилизацијата е закаснета, па можеби и малку панична. Не може да се каже дека војната оди во планираната и посакуваната насока за РФ.
Има време, ама војната треба да стане пасивна затоа што зимата е пред нас. Во поволни климатски услови се напредуваше по некој километар на ден, напредокот ќе стане невозможен, треба да ги чуваат позициите. Зошто? Затоа што Украина ќе има време за реорганизација.
Сум пишал многу пати:
Прво, загубите на луѓе на Русите не се толку драматични колку што се кажува на западот. Загубата на опрема е најверојатно прекалкулирана, во однос на заштитата на војниците.
Второ, повлекувањето од Харкив беше направено за да се избегне губење на војници. Не е дека ќе можеа да го задржат или не, туку едноставно не вредеше да се губат непотребно луѓе. А одтаму, небранета територија ретко некогаш има стратешко значење во дадениот момент.
Трето, губењето на територија е трајно, после референдумот, чао пријатно, за навек.
Четврто, брзината на освојување по се изгледа ја диктира самата Русија, пошто најверојатно спора војна им одговара поради некоја причина (можам да набројам неколку, а најважната е заштитата на сопствените војници и цивилите, што е најголем политички адут на Путин во оваа инвазија).
Петто, Русија врши инвазија со доста ограничени сили, 200К војници наспроти 1М армија, која систематски е вооружувана и обучувана од НАТО.
Шесто, западните земји, поготово источното крило на НАТО е останато буквално без вооружување, тоест голем дел од сопственото наоружување го дадоа на Украина. А веќе западни извори почнаа да излегуваат со калкулации дека залихите на муниција и оружје се на алармантно ниско ниво во западните земји, вклучително и САД
Седмо, доколку САД рачунаше да ја надополни воено техничката дупка на источното крило на НАТО, ќе мораат да имаат во предвид дека економски тие држави ќе бидат само бледа сенка од тоа што беа до пред две години, уништени од ковидот и сега енергетската криза. Така да, ако мислат дека САД ќе им даде оружје безпари, се заебале.
Според све ова, и да заврши војната во овој момент, победата е значителна.
Се согласувам дека мобилизацијата е малце закаснета и дека контраофанзивата на Украинците ги даде посакуваните резултати. Но мобилизацијата не е одговор на контраофанзивата, туку е планирана паралелно со референдумите на овие 4 области. Тие 300К војници треба да учествуваат во одбраната на овие области, додека останатите 200К од специјалната операција ќе продолжат со офанзивните дејствија во останатите 4 региони кои треба да се припојат кон Русија.
Едноставно све си тече по планот, без разлика на пировата победа на Украинците во Харков која ги кошташе 10К војници само на тој потег. Не е тоа ништо што ги померило иницијалните планови на Путин.