Украинците не ги сакаат русите и секој што некогаш сретнал украинец тоа го знае. И никој друг од луѓето што живееа зад железната завеса. Не е никакво чудо тоа што Естонци, Латвијци, Литванци, Пољаци, Чеси сите ја мразат русија од дното на душата и побрзо би умреле него пак да имаат било што со нив. Поддршката за русија и русофилство претежно се најдува во екс ју земји кај луѓе кои немаат никаква претстава за русите и било што поврзано со нив, само се огорчени од третманот на западот па русите им доаѓаат како некој 'мелем на раната'. Овде во атомското склониште кајгана една екипа си има направено филм дека уствари сите тие источно европски народи се заробени од јенките и сосила се борат на овај или онај начин против русите, а уствари тие длабоко во душата ги сакаат русите и сакаат да се со нив, али душмани им не дадоше
Забрањена љубав
Со украина возот е заминат, дури и тие украинци што беа малку по океј со русите денес ги мразат, со глупавата непромислена окупација која испадна џвртка русите само си направија смртен непријател од секој жив украинец и радикализираја милиони луѓе. Сега и да ја земат цела никогаш нема да можат да ја администрираат бидеќи ќе им требаат 2 милиони заптии. Буквално ќе ги снајде ирско сценарио, пушка зад секоја грмушка, камења во полициска шофершајбна и молотови по станици.