Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    728

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.871
Поени од реакции
12.969
Кина гласала против новава нарачана пародија од САД , Русија да се повлече од нуклеарнава централа . Да се расчистат некои дилеми :icon_lol:
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
Како не е запрена, никаква вест нема од фронтот. Ајваровка да не прават :ROFLMAO:
Еми гледаш бистар дечко знаеш а прашуваш. Интересно е сите што прашуваат 6 месеци кај е офанзивата, деновиве ич не прашаа, ти прв си :icon_lol:
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.888
Поени од реакции
5.015
Замисли која беда е тоа. Твојата држава не ти пружа услови да бидеш живееш како нормален човек, одиш во странска држава, не им го знаеш ни јазикот, ти даваат работа, ти даваат здравство, ти даваат нормални услови да живееш и да ги школуваш децата. Често дури и да се збогатиш и покрај тоа што си 'странец'. Ги уживаш сите привилегии и права кои ги уживаат 'домородците'. Ако немаш работа ти даваат социјална помош и додаток за децата иако не си им ни граѓанин. Се пушташ на фб/форум сереш какви говна од општества се, фрлаш клетви и секојдневно им посакуваш да се распаднат.
Сега брзо седев во кафана со пријатели, еден дечко ни објаснуваше дека требало на европскиве држави путин да им ја тресне нуклеарката, немало што да се преговара со педерана, живее во Берлин - ЦАР! :kruna:
...а заборај да ни ја кажеш и суштинската последица од приемот на странци: во туѓа држава, небитно колку коректно се однесувала со тебе, до смрт ќе си останеш странец и туѓинец.

И не само то!...

Туѓата држава те прима привидно коректно, затоа што мора да ги почитува своите закони, па нека се и странци во прашање, но „кваката„ дека те прима е затоа што си и‘ потребен (на државата) пред се‘ како евтина работна сила, која во даден период на домицилната држава и‘ недостасува, а не затоа што дравата-домаќин е гостопримлива, сама по себе, како нејзина етичка доблест...
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
...а заборај да ни ја кажеш и суштинската последица од приемот на странци: во туѓа држава, небитно колку коректно се однесувала со тебе, до смрт ќе си останеш странец и туѓинец.

И не само то!...

Туѓата држава те прима привидно коректно, затоа што мора да ги почитува своите закони, па нека се и странци во прашање, но „кваката„ дека те прима е затоа што си и‘ потребен (на државата) пре се‘ како евтина работна сила, која во даден период на домицилната држава и‘ недостасува, а не затоа што дравата-домаќин е гостопримлива, сама по себе, како нејзина етичка доблест...
тоа е друго, туѓинец ќе бидеш секаде секогаш, нема муабет тука
јас само зборував дека не е вред ако една тржава те третира коректно да ја колнеш да и мавнат нуклеарка, дури бедно е
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.776
Поени од реакции
2.754
Еми гледаш бистар дечко знаеш а прашуваш. Интересно е сите што прашуваат 6 месеци кај е офанзивата, деновиве ич не прашаа, ти прв си :icon_lol:
И не кажа сега до кај се, влегоа во Москва?
 
Член од
30 октомври 2021
Мислења
1.630
Поени од реакции
3.784
Како не е запрена, никаква вест нема од фронтот. Ајваровка да не прават :ROFLMAO:
Не бе, Русите ja следат нивната тајна тактика и все оди по план.
Сега се ослободуваат од старото железо и негодна боjна опрема и во секој момент
ќе ги извлечат на бел свет нивните безаналогови оружиja.
За два и пол дена ќе ја освојат Украина;)
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.888
Поени од реакции
5.015
Не бе, Русите ja следат нивната тајна тактика и все оди по план.
Сега се ослободуваат од старото железо и негодна боjна опрема и во секој момент
ќе ги извлечат на бел свет нивните безаналогови оружиja.
За два и пол дена ќе ја освојат Украина;)
Дек си бе брате Б‘лгарин..пардон...Македонец со Бугарско сеќавање...многу пишуваш кога не те прашуваат, те снемува од форумов кога те прашуваат...:icon_lol:
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.871
Поени од реакции
12.969
Слушам Чеченциве биле на летен распуст до сега. Сега со нив и затворенициве на Вагнер, до Софија им било планирано :pusigo: А инаку се раскрсти Бугарите што племе се? Словени не се. Братучеди на Чеченциве дан се? Или на Башкирите? Чувашите? Туваниве? Дајте им на Анелија и Гергана нека бираат мољам ти се:pos:
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.626
Никаде нема апсолутна слобода, тоа е замслен поим за деца


Русите и Кинезите ова го прават 100 години другарче, само х100 помножено.


И пак е 500 пати послободно од овие што ги набројуваш, демократијата и слободата од западниот свет неможе да се споредува со Кина и Русија пошто таму ЈА НЕМА


За тоа што го направија Асанж и Сноуден во русија ќе добиеја чај од полониум, всушност за многу помалку од тоа ќе добиеа чај од полониум.


Само тоа го направи а?


Ова е така ама неможеш да си возрасен човек и да очекуваш сами да си стават санкции


Или затоа што беше кукавичјо јајце, времето ќе покаже


За овие работи и смешно да зборуваш а да ги поддржуваш Кина и Русија. Држави што во моментов имаат Конц.Логори и што се ненадминати светски шампиони по конц.логори чак и нацистите вода со кофа можат да им носат. Тоа што јенките им го направија на индијанците пред 300 години овие горенаведениве го прават денес. Да не зборувам за поделба на општеството, азија е еден збир на руски колонии и резервати, полна со народи кои воопшто ниту личат на руси ниту имаат врска со нив ама се асимилираат активно со декади. Верувам и сам ќе погодиш кои се најсиромашни во таа Федерација. Исто така многу интересно на почетокот на војната посебно се изнагледавме азиски млади фаци кои гинеа на илјадници за рускиот експанзионизам. Како што викаат јенките кој живее во куќа од стакло нека не фрла по други со камења :)



Шансата да те отепаат и во москва и во петербург ако ја грешиш населбата не е мала. Во Кина криминалот е на ниско ниво ама тоа е резултат на тоа што е Кина класично орвеловско општество, е сега колку е тоа на вага исплатливо безбедност за слобода ти процени.


Ова е крајна релативизација. Руските и Кинеските општества не се 'малку' различни, туку се премногу различни и не споредливи со квалитетот на живот и слободата во западно европските држави и во америка. Може да се напише цел список за разликите и тоа неможе да се сведе само на подобар е животот од економска гледна точка. Не за џабе цел свет 200 години се турка и се тепа да стигне баш во таа западна европа и америка за разлика од горенаведениве од каде што луѓето скокаат бодликави жици за да избегаат ;)


Во истиот момент кога ќе биде нарушен комфорот и егзистенцијата на било кој народ тоа ќе се одрази на државата и системот и ќе излезат на површина неговите мани, така беше и ссср кога се распаѓаше и југославија и царска русија од тоа беше револуцијата и франција - тоа не е ексклузивна одлика на капитализмот. Капитализмот баш покажа дека е најрезистентен и преживеа многу премрежја кои другиве системи ги срушија како кули од карти ...
Може да се каже дека горе доле и тој и ја а и ти дојдовме до исти заклучок, тоа што го зборува генерално е точно, битниот момент тука е што многу тука на темава а не знам дали и тој, ја поддржуваат војнава како знак на реваншизам кон Западот што мислам дека е погрешно.

Рано е сеуште да се каже ама се поголема е веројатноста дека со растот на Кина дека и Западното општество ќе стане се по авторитрано и ќе гледаме многу повеќе држави со Кинески систем, Кинескиот систем се покажа далеку поефикасен и како доказ на населението од западот дека капитализмот немора да е врзан за демократија за да е успешен. Не знам како е расположението тука, јас лично не би сакал да живеам во орвеловската држава Кина а неверувам дека и многу од членовите тука би ја обожавале.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.888
Поени од реакции
5.015
Слушам Чеченциве биле на летен распуст до сега. Сега со нив и затворенициве на Вагнер, до Софија им било планирано :pusigo: А инаку се раскрсти Бугарите што племе се? Словени не се. Братучеди на Чеченциве дан се? Или на Башкирите? Чувашите? Туваниве? Дајте им на Анелија и Гергана нека бираат мољам ти се:pos:
Гергана....аахххххх....:lolzz:....се откажувам од темава...
 
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Наводно Русите сакале да мобилизираат 475 000 затвореници за војнава.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.626
Па баш тоа го видовме сега со војнава дека не биле баш толку послободни и "либерални" како што ги мислевме.

Сето тоа банирање на руски медиуми, бркање на големци и конфискување на имоти, канцел култура каде ги бришеа сите руски научни достигнувања во историјата, класиците ги тргаа од факултет, Јуриј Гагарин, Достојевски, Толстој, цела таа "слобода" им излезе на виделина.

Па напади и канцелирања на обични руски државјани кои редовно ги тераат јавно да се декларираат и зборат против Путин.
Банирање на секој објективен став на Социјални мрежи.

Никогаш не било во поголем медиумски мрак западното општество од што е сега.

Ги спомна Асанж и Сноуден, кои се одличен пример за "слободата" на западот. Сноуден јавно, гласно, кажа дека сите разговори, цело онлајн присуство (нешто што беше јавна тајна) е прислушкувано и контролирано од ЦИА. Никој, ама буквално никој не се крена на протест против тоа, а секоја можност за такво нешто беше строго загушена уште пред да масовно да се прошири.

Асанж, кој само направи платформа на која се прикачија злосторствата на американската армија, ниту самиот тој не ги имаше пласирано, само овозможени, како медиум, му следи смрттна казна.
Никој, повторно, никој не се крена на протест, а сите обиди беа строго задушени.

Ниту Женевска конвеција, ниту ОН, ниту останати светски организации не ја осудија САД, ниту исклучија од ОН, од Г7 и од сите други организации. Никој не им стави санкции.
Ги нема ЛЏБТ, Феминиските, НВО-ата и други организации да протестираат за ова.
Ама тука се на копче да протестираат против Русија и Кина кога го прават истото.

Генералот задолжен за војската во Сирија, 6 месеци одбиваше да се повлече под директна одлука на Трамп, нешто не видено до сега во историјата на правна и демократска држава. Ниту го изнесоа на воен трибунал, ниту пак доби казна, напротив, го срушија Трамп со БМЛ и пропаганда затоа што не им одговараше на нивната експанзионистичка политика.

САД е најподелено општество по сите нивоа. Класна и расна сегрегација има насекаде. Разликите се огромни. Редовно се тероризирани и узурпирани национални зони на Индијанците, и споро, но сигурно им се зема и таа последна оставена земја да живеат слободно под свои правила.
Секоја година имаат се повеќе и повеќе бескуќници за кои има докази дека намерно се гетоизирани, оградени во посебни зони и злоставувани од полиција и од властите.

Безбедноста им е на никакво ниво. Да, прошетај низ Бронкс, шансата да те застрелаат е огромна. Од друга страна, сигурноста во Кина е толку голема што на вечер можеш да шеташ сам низ Шангај, влакно нема да ти фали, па дури и женско да си.

Ти дадов пример и од Франција за како функционира таа привидна либерална слобода.

И не дека ги немаат истиве или слични проблеми Русија и Кина, ги имаат, и далеку се од идеални општества, но разликата помеѓу нив и западните за обичните граѓани е единствено во поголемата шанса за подобар живот од економска гледна точка.

И баш поради тоа што е така, луѓето на западот се изолирани во свои баблс каде што не може да ја совладаат реалноста поради живеење како бубрег во лој.

Во истиот момент кога ќе им биде нарушена таа комфорт зона, ќе почнат да испливуваат се повеќе и повеќе мааните на западната "демократија".
А тоа ќе го гледаме во периодот кој доаѓа.
Прво кај овакви колонијални држави како нашата, па потоа и во поголемите, во Европа.
Ај ќе се надоврзам и за друго, моментално во Англија, по смртта на кралицата, републиканците кои излагаа со пароли "Not my King" беа затворани.

Јас се сложувам тотално со тоа, само пак ме интересира за твој одговор, како ќе поминат ликови како Сноуден и Асанж во Кина/Русијa, како жолтите елеци би поминале во Кина.
Во 1989 сите знаеме каков беше одговорот на протестите во Кина, кога армијата прошета со тенкови на плоштадот.
Пак викам може да се сложиме за западната демократија, ама од статистичка гледна точка и релативно гледано покрај сите недостатоци се далеку послободни од источните авторитарни режими.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Може да се каже дека горе доле и тој и ја а и ти дојдовме до исти заклучок, тоа што го зборува генерално е точно, битниот момент тука е што многу тука на темава а не знам дали и тој, ја поддржуваат војнава како знак на реваншизам кон Западот што мислам дека е погрешно.

Рано е сеуште да се каже ама се поголема е веројатноста дека со растот на Кина дека и Западното општество ќе стане се по авторитрано и ќе гледаме многу повеќе држави со Кинески систем, Кинескиот систем се покажа далеку поефикасен и како доказ на населението од западот дека капитализмот немора да е врзан за демократија за да е успешен. Не знам како е расположението тука, јас лично не би сакал да живеам во орвеловската држава Кина а неверувам дека и многу од членовите тука би ја обожавале.
Јас единствено што поддржувам е војната да заврши што побрзо и да се стабилизира ситуацијата. Да се вратат цените во некоја "нормала", да запре инфлацијата и да не се плашиме дека зимово ќе останеме без струја, или како ќе се снајдеме со греењето.
Исто така да се врати размената на стоки и добра помеѓу Македонија и Русија, и наместо да фрламе овошје и зеленчук, да можеме повторно да го извезуваме таму.

Секој кој што навива и поддржува војната да трае, прави директна штета на Македонија.

Како што гледам во последно време, и на двете страни им одговара оваа ситуација, така да... Ебаниот ебан, тепаниот, тепан. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom