devilko
♆ wicked one ♆
- Член од
- 28 август 2014
- Мислења
- 1.889
- Поени од реакции
- 6.165
Па баш тоа го видовме сега со војнава дека не биле баш толку послободни и "либерални" како што ги мислевме.0
Ќе се вртиме во круг сега? Ти го потврдувам тоа што го кажуваш, уште од самиот старт потенцирав дека западните демократии не се толку демократски, не правам муабет тука за Северистан што е класифициран како Хибриден Режим. Мислам дека и самиот си свесен дека е факт дека западните демократии релативно споредени со авторитарните општества се далеку послободни општества и покрај нивните недостатоци.
Сето тоа банирање на руски медиуми, бркање на големци и конфискување на имоти, канцел култура каде ги бришеа сите руски научни достигнувања во историјата, класиците ги тргаа од факултет, Јуриј Гагарин, Достојевски, Толстој, цела таа "слобода" им излезе на виделина.
Па напади и канцелирања на обични руски државјани кои редовно ги тераат јавно да се декларираат и зборат против Путин.
Банирање на секој објективен став на Социјални мрежи.
Никогаш не било во поголем медиумски мрак западното општество од што е сега.
Ги спомна Асанж и Сноуден, кои се одличен пример за "слободата" на западот. Сноуден јавно, гласно, кажа дека сите разговори, цело онлајн присуство (нешто што беше јавна тајна) е прислушкувано и контролирано од ЦИА. Никој, ама буквално никој не се крена на протест против тоа, а секоја можност за такво нешто беше строго загушена уште пред да масовно да се прошири.
Асанж, кој само направи платформа на која се прикачија злосторствата на американската армија, ниту самиот тој не ги имаше пласирано, само овозможени, како медиум, му следи смрттна казна.
Никој, повторно, никој не се крена на протест, а сите обиди беа строго задушени.
Ниту Женевска конвеција, ниту ОН, ниту останати светски организации не ја осудија САД, ниту исклучија од ОН, од Г7 и од сите други организации. Никој не им стави санкции.
Ги нема ЛЏБТ, Феминиските, НВО-ата и други организации да протестираат за ова.
Ама тука се на копче да протестираат против Русија и Кина кога го прават истото.
Генералот задолжен за војската во Сирија, 6 месеци одбиваше да се повлече под директна одлука на Трамп, нешто не видено до сега во историјата на правна и демократска држава. Ниту го изнесоа на воен трибунал, ниту пак доби казна, напротив, го срушија Трамп со БМЛ и пропаганда затоа што не им одговараше на нивната експанзионистичка политика.
САД е најподелено општество по сите нивоа. Класна и расна сегрегација има насекаде. Разликите се огромни. Редовно се тероризирани и узурпирани национални зони на Индијанците, и споро, но сигурно им се зема и таа последна оставена земја да живеат слободно под свои правила.
Секоја година имаат се повеќе и повеќе бескуќници за кои има докази дека намерно се гетоизирани, оградени во посебни зони и злоставувани од полиција и од властите.
Безбедноста им е на никакво ниво. Да, прошетај низ Бронкс, шансата да те застрелаат е огромна. Од друга страна, сигурноста во Кина е толку голема што на вечер можеш да шеташ сам низ Шангај, влакно нема да ти фали, па дури и женско да си.
Ти дадов пример и од Франција за како функционира таа привидна либерална слобода.
И не дека ги немаат истиве или слични проблеми Русија и Кина, ги имаат, и далеку се од идеални општества, но разликата помеѓу нив и западните за обичните граѓани е единствено во поголемата шанса за подобар живот од економска гледна точка.
И баш поради тоа што е така, луѓето на западот се изолирани во свои баблс каде што не може да ја совладаат реалноста поради живеење како бубрег во лој.
Во истиот момент кога ќе им биде нарушена таа комфорт зона, ќе почнат да испливуваат се повеќе и повеќе мааните на западната "демократија".
А тоа ќе го гледаме во периодот кој доаѓа.
Прво кај овакви колонијални држави како нашата, па потоа и во поголемите, во Европа.
Последно уредено: