Македонска берза

Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
Како бе можиш вака лесно да се расфрлаш со епитети? Ти имаш некаков доказ за тоа или така само како жените на чешма нешто да напишеш?

Ти си само free rider во целата постапка. Користиш се она што другите во борбата за акционерски права го прават. 2 тужби, уште една постапка...

Сите тие твои борби со ветерници како завршија? Со 0 придонес во случајот. Дури можеби и негативен, пошо само се расфрлаш со недоиспитани работи и шпекулации.
Не знам откај таа помисла дека јас се шлепам во постапката пошо уплатив пари според бројот на акции во моментот на организирање. Уште чекам овој другиот да си го испочитува зборот и да ми ги врати парите. Јас немам никаква обврска спрема никого, а други имаат спрема мене.

Согласно Законот за преземање акционерски друштва, уште во моментот Весна ја купила првата своја акција во мај околу собранието, тие како поврзани лица морале да дадат понуда за преземање. И токму тука се гледа поквареноста на оние што продале. Тие 10-20 години ниту продавале ниту доаѓале на собранија, ниту се интересирале, а демек баш у тие неколку дена сите решиле координирано да распродадат и тоа баш по 16.000. Сигурно сите биле контактирани да продадат и се договорени којзнае колку гпоолеми цени, а остатокот од износот поминат преку берза веројатно им е доплатен во кеш.

Ти кажал ли овој „ерменски инвеститор“ дека му дале понуда и дека ќе продаде пола од своите акции и сите на синот? Или пак Хрватите ти кажале ли дека им понудиле да ги продадат? Те известиле колкушто и ти си ги известил за првостепената пресуда. Ти дале пари за адвокатски трошоци, а мораа од мене да дознаат за негативната пресуда.

Од тие вработените ќе ги откупи и по денар, а во кеш може да им даде и по илјада евра од акција. Сега ќе надминат 95% и ќе уследи понуда за преземање, такашто тој дрвен адвокат нека почне уште сега да пишува судска забрана до правосилно решавање на сите кривични и граѓански постапки коишто имаат огромно материјално значење на цената пошо се за износ од околу 2 милиони евра. Ионака рочиштето во повторената постапка ви е закажано дури за догодина.

Сите што со незаконски и неморални постапки ми нанеле и ќе ми нанесат финансиска штета во оваа работа, освен што доживотно ќе ги лаам пред секого, во текот на кариерата ќе ми се укажат многу прилики да им нанесам и многукратно поголема финансиска штета. Доколку противправно се спроведе откуп по пониска цена, нема да се заврши на тоа, туку ќе остане огромен долг којшто во иднина ќе се наплати и преплати!
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Брокерајов утрово на кризен состанок со брејнсторминг идеи се со цел како да се издржи овој историски волјум наплив на мсе.

Апел до Штериев да избегнува вакви бесплатно тргувачки идеи и слични стресови! :semolam:
А јас се чудев зошто има толку многу трансакции денес, оно било инвеститорски ден за тргување без провизија :)
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.116
Поени од реакции
713
Nesto zgasna diskusijata okolu danocnite reformi,ne znam samo dali ke se otkazat ili ni spremaat iznenaduvanje ?
Mozebi ke otkrijat na denot na MSE ?
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
НБРМ ја покачи референтната каматна стапка или стапка на благајнички записи за 0.50 отсто на 3%. Значи нема мерка од затегачки карактер шо не им одговара на банките. Од директно финансирање на државата од комерцијални банки па до покачување на камати се со цел повлекување на парична маса. Па 3% беше до пред некој месец годишна каматна стапка на станбени кредити а сеа истиот процент го земаат од НБРМ за 28 дена - out of thin air. Затоа баките и у Ковид, во време на најголемиот шок после 2008 година и сеа немаат уназадување во билансите.
Иако сум 'расшетан' низ пола свет, мојата проценка да останам истраен со позиции на мсе у две банки во целиов овој период ми се потврдува дека е добра одлука. Се дур малтипалс се јачаат, ако сакаат црвено нека светат на тикер и 3 години, уше бољи ...
 
Последно уредено:
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635
Site sto veruvavaa vo uni so zdravje da si ja troshat dividendata ;)

P. S. Glupo bi bilo kaj sto ima zabava da ne sum jas tamu :cool::cool::cool:
Прекрасно е чувството кога можеш да се пензионираш во раните 40ти години.

BTW во вчерашното соопштение на НБРМ забележав и еден доста интересен (за чудо емпириски :D ) податок кој вели вака:
„Од јули наваму, девизните резерви бележат постојан раст, главно поради интервенциите на Народната банка на девизниот пазар коишто се во исклучително висок износ од 183 милиони евра, за овој период. Ваквата позиција на Народната банка придонесе за дополнителен раст на нивото на девизните резерви, којшто е над проекциите за овој период од годината.“
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Не верував дека ќе исплаќаат додека земаат обврзници, ама еве изненадување.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Вакво нешо ќе подели и ТНБ пред нова година. Смешната дивиденда за лани беше поради ризично портфолио и неметната 15% и кусур стапка на адекватност на капитал.
 
Член од
2 мај 2020
Мислења
106
Поени од реакции
164
Вакво нешо ќе подели и ТНБ пред нова година. Смешната дивиденда за лани беше поради ризично портфолио и неметната 15% и кусур стапка на адекватност на капитал.
А СТБ каде е во целава прикаска?
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Вакво нешо ќе подели и ТНБ пред нова година. Смешната дивиденда за лани беше поради ризично портфолио и неметната 15% и кусур стапка на адекватност на капитал.
Сегашните услови се веројатно и полоши од пред да одлучат колку ќе биде дивидендата, а веројатно и ќе се влошат до крајот на годината.

Единствена причина за да поделат до крајот на годината е доколку сакаат да заштедат на персонален данок.
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.310
Поени од реакции
2.373
TO THE MOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOON!!!

И јас можи ќе се пензионирам по објавава денес.

Тие што ме послушаа, дур тука трубев и се надмудрувавме за Блгрчета со здравје да си ги трошат парите и да си почастат една пијачка во наредна прилика.

Мојата порака до тие што имаат акции, во овој момент не ни помислувајте да продавате.

Очекувам дека ќе оди над 4.000 - 4.200 на околу 5% дивиденден принос во наредните денови.

Со таа цена и пазарна капитализација UNI ќе влезе во индекс. Тоа значи потреба од големи купувања од МБИ10 индексот, а free float е минимален.

Секоја наредна година добивката ќе е поголема, а со тоа и дивендендата.

И да ова е првиот знак за намерата за кревање на пазарната цена пред продажба. А продажбата нема да се случи под 1 или 1.2 од book, ако не и повеќе.

Сега некој може да направи релативно вреднување на UNI во однос на другите “дивидендни“ банки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom