Не е мала територијата која што си ја вратија украинците со контраофанзивата.
Реално не пратам многу што се случува помеѓу Украина и Русија, барем не колку што пратев претходните периоди, ама сепак сметам дека повлекувањето на русите е од стратешки причини, но ќе видиме дали сум во право.
Не секогаш повлекувањето значи пораз, некогаш е само регрупирање, оставање територии намерно се со цел дивизиите од другата армија кои што се наоѓаат на новоосвоените територии да завршат во џебови после краток извесен период, како и да се разбие стагнацијата на фронтот.
Можеби се лажам, можеби не, но ќе видиме.