Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Жими све и јас тргнав да барам слика од Сахара навечер да споредам, ама ме сомрзе.Ova na sredinata Sahara e?![]()
Piši obavezno...Според ASB што се покажа доста релевантен извор до сега, сквадрон на стратешките бомбардери се на небо, Украина е целата под воздушна тревога. Што се случува ќе дознаеме сабајлево.
Тоа е тоа што се прашувам и јас зошто русите си отидоа од таму, само оние екстремно укро ботовите можат да веруваат дека толку лесно успеале да победат, кога практички и немаше битка туку бегање.Сумирање на битката за Харковската област
- повеќе извори од руската армија тврдат дека во Харковската област тие располагале со доволно воени единици и техника за да ја спречат украинската офанзива. Но од горе им била дадена наредба да се повлечат, иако не разбираат зошто
- руското воено разузнавање располагало со целосни информации за украинската офанзива и нејзините планови, како и за преместувањето и концентрацијата на ударните групи
- повеќе извори од руската армија тврдат дека во Харковската област тие располагале со доволно воени единици и техника за да ја спречат украинската офанзива. Но од горе им била дадена наредба да се повлечат, иако не разбираат зошто
- руското воено разузнавање располагало со целосни информации за украинската офанзива и нејзините планови, како и за преместувањето и концентрацијата на ударните групи
- со повлекувањето и губењето на територијата на Харковската област за руската армија, се губи стратешката основа и замисла за операциите во правец на Славјанск и Краматорск. Максимум во овој момент се ставањето под контрола на Бахмут и Соледар, иако и тие се под знак прашалник
Преземено
Тоа е тоа што се прашувам и јас зошто русите си отидоа од таму, само оние екстремно укро ботовите можат да веруваат дека толку лесно успеале да победат, кога практички и немаше битка туку бегање.
За разлика од повлекувањето од Киев кое имаше смисла, овде е многу нејасно зошто ништо не се презема, значи пак ќе кажам русите сигурно знаеа за офанзивата, неколку дена ништо ама бааш ништо не преземаа, па дури и од оние делови кој не беа загрозени се повлекоа, што е работата немаме поим.
Ептен те фати и тебе еуфоријата изгледа.Кај Русите тоа што шкрипи е што Либералите откако иницијално беа маргинализирани во фебруари-март-април. Полека почнаа да си ги враќаат позициите и нормално сега ќе си влијаат на терен за уште повеќе да си ја зајакнат моќта.
Во некое најоптимистично сценарио, Русија би можела воено да ја заврши војнава за едно 3-4 години после масивни внатрешни чистки. Во оваа констелација на внатрешна политика, Русија во Украина нема повеќе да има ниту една воена победа. Се што ќе се случува е постепени повлекувања за "консолидирање на линиите" и слични глупости. Секако повремено пропратени со некој изливи на "гнев" како оној вчера кои реално на подолг рок нема да имаат некаков ефект зошто ќе бидат еднократни.
Веќе и повеќе од очигледно е дека Руската воена команда е како пробушена гума и самата ги саботира воените операции. 7 месеци подоцна немаат префрлено оружје и стандардна опрема на ЛНР и ДНР, ниту пак оформуваат милиции во Керсон и Запорожје или пак Карков кога го држеа. Регионот Крим и доброволци ги опремуваат ДНР и ЛНР. Сите успеси кои ги имаа на терен беа или во региони каде што има нова власт и надзор ( Крим) или имаше надворешни трупи ( Чеченци, Вагнер, ДНР/ЛНР). Секаде каде што Руската војска сама тераше операции, тоа се некако заглавуваше во некакви проблеми и не можеа да напредуваат. На 10 км од граница Првата и Четврта Тенковска Дивизија кои треба да се главната ударна тупаница на Руската Армија не можеа села да заземат. Мислам смешно, за такви перформанси на терен се знае што се добива, трибунали и командирите во први редови да си ја вратат честа.
Вака очекувам зимава повлекување од Керсон, веќе следната пролет одсекување на Мариупол од Доњетск и после тоа некакви "мировни преговори". Чим се охрабрија Либералите веќе да излегуваат на Руска Национална Телевизија и да кажуваат флоскули како "Доста луѓе умреа, време е за преговори". Тоа е тоа. Војната и вака и така им одговара. Додека нај-борбените и патриотите гинат на фронт во Москва и Ленинград либералите си тераат журки. Мобилизација макар и парцијална ќе им го нарушела стилот на живот.
Ова се случува кога ќе дозволиш нелојални елементи да држат позиции во власт зошто биле "способни". Сталин бил апсолутно во право со внатрешните чистки и имањето на чист синџир на лична одговорност и забрана зa "одлуки од комисии", најголем грев му било што не ги започнал вторите барем една година порано туку чекал додека не бил веќе пред смрт.
Имаше еден полковник беше имаше излезено на телевизија уште во март и имаше дадено говор како треба да се воведе воена економија, да се национализираат клучните индустрии за производство на воена опрема и опрема за фронтот и да се почне со парцијални мобилизации и оформување на доброволни бригади. Го натераа да се појави пак на телевизија да се извини дека инсинуирал дека војската не била спремна. Епа сега на Шоигу и Герасимов уште вечер треба да им се даде по еден куршум за да си го избришат самите срамот и неспособноста.
============================================================================================================================================
Многу слично како кај нас во 2001. Од внатре ти ги саботира воените опции и ти ја замрзнува војната. И потоа ти шири пропаганда дека воено решение не е возможно и мора да се преговара. И потоа за време на преговорите ти потпишува комплетно предавство и се почнува со реваншизам против сите кои воопшто и се бореле.