DE, A или CH ??? држава за имигрирање

Член од
30 септември 2015
Мислења
323
Поени од реакции
435
Друштво, ме интересира искуство кој има од овие 3 држави Германија, Австрија или Швајцарија, барем да е поминал одреден дел од животот во 2 од од нив. Која е разликата во овие системи, генерално за обична живеачка, шпарање е во 3-4 план, битно е да се живее нормално со сите нормални потреби. Во опција е и купување на помал стан, со einzige capital, па така каде би било најповолно.
Од работа и искуство, мојата струка е наменска за МК, а сопругата има интернационална струка.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.291
Поени од реакции
5.569

Искористи го веб-сајтов за подетални информации во врска со се што може да те интересира, и многу битна работа е запази ги даноците, затоа што во Швајцарија не се баш мали.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.153
Поени од реакции
9.834

Австрија а поготово Тирол...
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.463
Поени од реакции
3.601

Искористи го веб-сајтов за подетални информации во врска со се што може да те интересира, и многу битна работа е запази ги даноците, затоа што во Швајцарија не се баш мали.
Странава треба да се земе со резерва, зашто не се знае какви морони внесуваат информации. Еве пример испаѓа дека брендирана облека е поефтина тука отколку во САД, што не е така. Идиоти внесувале 1300 дека се фармерки од типот на Левис 501, што е минимум 9-10 пати помалку од вистинската цена.

1662856430451.png

1662856182993.png
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Друштво, ме интересира искуство кој има од овие 3 држави Германија, Австрија или Швајцарија, барем да е поминал одреден дел од животот во 2 од од нив. Која е разликата во овие системи, генерално за обична живеачка, шпарање е во 3-4 план, битно е да се живее нормално со сите нормални потреби. Во опција е и купување на помал стан, со einzige capital, па така каде би било најповолно.
Од работа и искуство, мојата струка е наменска за МК, а сопругата има интернационална струка.
Не сум живеел во овие, али кога јас одбирав каде ќе одам поминав многу време во анализирање, и заклучокот е дека мораш да си направиш истражување за да процениш која е најдобра во однос на вашите преференци.

Работи кои треба да ги земеш во обзир:
  • Моментална и проектирана невработеност во областите за кои сте компетентни
  • Потребни доквалификации за да работите во тоа што сте по професија.
  • Плати во вашата област и нивна споредба со просекот во државата
  • Во која даночна група ќе влезете
  • Месечни оперативни трошоци
  • Цена на недвижност (кирија, ако ја купуваш) и сооднос на истото со месечните примања.
  • Безбедност на државата
  • Тип на народ во државата
  • Образовен систем ако имате деца
  • Здравствен систем и трошоци за истиот
  • Климатски услови (во твојот случај трите се слични, али мене ми играше голема улога во изборот).
  • Бизнис клима ако сте заинтересирани за започнување на свој бизнис

Ти го кажувам ова затоа што на крај тоа што ќе го прочиташ по форуми се сведува на личното искуство, што не значи дека ќе биде ни приближно исто со тоа што ве очекува вас.
За скоро сите овие податоци имаш инфо на интернет, подобро потроши неколку денови во истите, отколку да се малтретираш и да сфатиш дека таа држава не е за тебе.

Numbeo што ти ја пишале погоре можеби нема да ти даде 100% точен податок, али ќе имаш некоја голема слика за оперативните трошоци. Скоро во секоја држава имаш и поефтини алтернативи кога станува збор за облека (ова на запад ти е најмал проблем), али немаш алтернативи кај: недвижностите, здравствен систем, даноците, помош од државата во случај на непогоди/ако останеш без работа, каква багра ќе живее во иста населба со тебе и сл.
Автоматски споено мислење:

Странава треба да се земе со резерва, зашто не се знае какви морони внесуваат информации. Еве пример испаѓа дека брендирана облека е поефтина тука отколку во САД, што не е така. Идиоти внесувале 1300 дека се фармерки од типот на Левис 501, што е минимум 9-10 пати помалку од вистинската цена.

Прегледај го приврзокот 344421

Прегледај го приврзокот 344419
На акција ги има секогаш за таа цена, а скоро секогаш имаш акции, така да не грешиле многу, а може податокот да е внесен и пред неколку години:D
Ако ги купуваш на marketplace на facebook може и 3 пара да фатиш за оваа цена, само логото малку ќе е различно :D
 
Последно уредено:

Има за над 3000 два пати намалени, тоа што останало, ама еден куп пишале 1300. Не е финтава и да цепидлачиме, едноставно на запад се поевтини и има поголеми попусти, а според странава овде најефтино испаѓа. Друго треба да земе во обзир дека дури и да биле точна сега последниве месеци се имаат сменето цените и не се ажурирани. Затоа викам не треба да се земе здраво за готово, за кирии и останато, подобро по огласи да се споредат цени.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Има за над 3000 два пати намалени, тоа што останало, ама еден куп пишале 1300. Не е финтава и да цепидлачиме, едноставно на запад се поевтини и има поголеми попусти, а според странава овде најефтино испаѓа. Друго треба да земе во обзир дека дури и да биле точна сега последниве месеци се имаат сменето цените и не се ажурирани. Затоа викам не треба да се земе здраво за готово, за кирии и останато, подобро по огласи да се споредат цени.
Друже ова се страни од информативен карактер.
Поверодостојни би биле агрегатори кои ќе собираат цени директно од маркетите, ама се многу посложени и ретко кој би ги правел.
Ако споредуваш и официјални статистики на држава нема да ти се поклопат со бројките кои ти ги гледаш во маркет, или со платите.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.291
Поени од реакции
5.569
Странава треба да се земе со резерва, зашто не се знае какви морони внесуваат информации. Еве пример испаѓа дека брендирана облека е поефтина тука отколку во САД, што не е така. Идиоти внесувале 1300 дека се фармерки од типот на Левис 501, што е минимум 9-10 пати помалку од вистинската цена.

Прегледај го приврзокот 344421

Прегледај го приврзокот 344419
Они од попис лажираа податоци ти очекуваш за вакво нешто да има веродостојност за Македонија. Апла оптимист од човек хахах.

Шала на страна, за во странство си се мање више веродостојни информации, знам затоа што живеев во Холандија и проаѓам доста време со Салцбург и Љубљана моментално.

Башка кога се селиш некаде цената на фармерки ти е најмал проблем мислам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom