Почина кралицата Елизабета Втора

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Кралицата Елизабета II почина на 96-годишна возраст, соопшти Бакингемската палата.


„Кралицата почина мирно во Балморал попладнево. Кралот и Консортот на кралицата ќе останат во Балморал оваа вечер и ќе се вратат во Лондон утре“, соопшти Бакингемската палата.

Кралицата Елизабета II беше монархот со најдолго владеење во британската историја и најстариот шеф на држава во светот.

Кралицата Елизабета II се соочуваше со здравствени проблеми откако помина една ноќ во болница минатиот октомври – 96-годишниот монарх оттогаш откажа серија јавни ангажмани по медицински совет.

Кралицата беше видена како користи стап за одење во службата во Вестминстерската опатија на 12 октомври, што беше првпат да го стори тоа на голем јавен настан. Таа се повлече од дводневното патување во Северна Ирска, советувана да се одмори поради медицински причини, објави Бакингемската палата на 20 октомври. Следниот ден, палатата соопшти дека кралицата отишла во приватна лондонска болница за „прелиминарни истраги“ и останала во неа преку ноќ.

На 26 октомври, Палатата соопшти дека таа продолжила со „лесни должности“. Кралицата е видена како вози автомобил во нејзиниот дом во замокот Виндзор западно од Лондон на 1 ноември. Но, таа се повлече од самитот на ОН за климатските промени во Глазгов, Шкотска поради „советите за одмор“ на лекарите во ноември.

Кралицата беше позитивна на COVID-19 откако продолжи со активности во замокот Виндзор. Бакингемската палата тогаш информираше дека таа имала „благи симптоми слични на настинка“. Кралицата се повлече од службата за Денот на Комонвелтот во Вестминстерската опатија. Но, таа присуствуваше на комеморацијата на 29 март таму за нејзиниот покоен сопруг принцот Филип, кој почина минатата година на 99-годишна возраст.

Кралицата ја пропушти традиционалната верска служба на Велики четврток. Таа го пропушти церемонијалното државно отворање на парламентот на 10 мај поради „проблеми со движењето“ – трет пат од 1952 година. Нејзината улога ја презеде нејзиниот наследник, принцот Чарлс.

Кралицата пропушти значајни настани на платинестиот јубилеј за нејзината 70-та година на тронот, вклучително и службата за благодарност во катедралата Свети Павле на 3 јуни, со само два јавни настапи. Таа исто така пропушти настан во Епсом на 4 јуни.

Кралицата го пропушти традиционалниот настан на Braemar Gathering Highland Games во близина на Балморал на првиот викенд од септември.

Таа формално ја назначи Лиз Трас за 15-ти премиер од нејзиното владеење на 6 септември и е фотографирана како стои за да се ракува со неа. Кралицата Елизабета по пр впат ја изведе церемонијата во Балморал во Шкотска, наместо во Бакингемската палата.

На 7 септември таа се повлече од планираниот состанок со високи политички советници, откако ѝ било кажано да одмори.

На 8 септември, утрово, Бакингемската палата издаде многу необичен билтен за здравјето на монархот во кој беше наведено дека лекарите се загрижени и препорачале таа „да остане под медицински надзор“.





 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.784
Поени од реакции
11.347
Скршен сум од тага, не можам да се приберам. Почивај во мир голема жено.

А она ни лажиче нема кренато во живот.

Па дали тажевте вака баба ви Спаса кога почина и стававте сториња или она не беше кралица? А ве израсна толкави волови на млеко попара.

Што глуп народ сме еј, вкрај.

Шала на страна, ваква краветина не заслужува ни тема ни внимание, а причините се очигледни барем од аспект на историјата кон нашиот народ.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Како го тупеле со нејзината смрт...
Па како да не го тупат? Настрана тоа што ние ко народ не сме виделе аир од неа, ама бре станува збор за една од највлијателните личности во историјата. Со неа завршува една епоха на европската политичка сцена. Да не го тупат за вакви работи, како воопшто би знаеле историја? Како би знаеле дека постоеле Хитлер, Сталин, Наполеон итн.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.519
Поени од реакции
29.003
Подосадни од оние што "тажат" по фејсбук и инстаграм се само оние што замараат со "како го тупат", "хехе, скршен сум од тага". Уживај дека нема да тупат со личност што е 70 години на власт и важи за една од највлијателните политички личности. Што народ ќе бевме бе за се да се има некоја критика, олабавете.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Почивај во мир Јелисавета II, не дочека да ми го врачиш државјанството како што беше договорено. :(
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Најнеуспешниот владетел во историјата на човештвото. Не сум сигурен дека постои било кој друг под кој било која империја доживеала толкав распад.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.127
Поени од реакции
30.219
Најнеуспешниот владетел во историјата на човештвото. Не сум сигурен дека постои било кој друг под кој било која империја доживеала толкав распад.
Napoleon.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
За починалиот само добро или ништо!!!
Тоа е за нас обичните смртници за големи луѓе без значење добри или лоши треба да се каже вистината. Тоталитарно е претседател со доживотен мандат пример Тито, Ким Чен Ун, Ленин, Сталин....
А уште пототалитарно е власт по наследство, пример халифот Ал Багдади или кралица Елизабета.
Ти од неколку века да управуваш државата, треба да прогласи за тоталитарно и забрани, сите апсана.
Иако изгледа формално, во Англија кралицата има многу власт, пример треба да одобри уставни судии, премиер, пример ако сега за премиер беше русофил, немаше да потпише...
Јадниот Чарли, забите му испаѓаа, неможе да го дигне, крал на 80 години, тоа дртото до 96 со памперси ќе управува и не пушта власт. Да беше порано кога мажите беа мажи, ќе ја отруел на 60 години или заточи во некоја кула на остров...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom