Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.447
Поени од реакции
40.311
Не верувам во тоа, прво се вадеа дека имале само извидници. Изгубија овде и нека си признаат. Сеа дали ќе биде како Крушевска република или не ќе видиме.
Епа нема информации за борби, а украинците влегле во градот, фактички се повлекле русите. Тактичко повлекување, украинците такви повлекувања направија еден куп, нормална работа е кога не можеш да го задржиш местото да ја напуштиш позицијата.
 
Член од
12 јануари 2022
Мислења
605
Поени од реакции
1.210
Прв болд. Од кај ви се овие информации дека со 5.000 трупи ќе го завземале Киев ? Сериозно бе за милионски град правиме муабет
Од Крим. ФСР велеше на Путин дека ке е исто како во Крим. Мислам дека и хилјада војници немаха кога го превзеха Крим. Да ама Не
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Епа нема информации за борби, а украинците влегле во градот, фактички се повлекле русите. Тактичко повлекување, украинците такви повлекувања направија еден куп.
Па на руските канали на телеграм имаше “heavy clashes”. Но за инфо е рано, и русите и украинциве не постираат се или одма поради откривање на позиции.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.386
Поени од реакции
12.094
Испод ниво ми е со бугари да полемизирам. :kuracc:
Автоматски споено мислење:

Од Крим. ФСР велеше на Путин дека ке е исто како во Крим. Мислам дека и хилјада војници немаха кога го превзеха Крим. Да ама Не
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.962
Поени од реакции
17.788
Ја дури ги преценив, ај да не напредуваат ама дека ваков распад систем ќе им се деси во одбрана..
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.342
Поени од реакции
31.217
Зошто, еден убав сончев ден, сателитите не бидат уништени од Русија?
Нема причина да не бидат уништени, освен Светска војна.
Да освен „само“ светска војна... Но психопативе си играат "brinkmanship" и баш тоа го ризикуваат.




Според мене клучна грешка на русите во операцијава. Разознавањето на украинците/западот е цело време чекор понапред, буквално ги следеле на секој чекор.
Но и покрај тоа го изгубија аеродромот...?
Ц, ц, ц...

Уште анализирате нешто што во основа беше блеф со голем ризик голема добивка? На крај другите си ја завршија работата, инаку немаше сега да има „офанзиви“ на Керсон... Немаше да го изгубат на прво место.

Знаеш и сам дека за пар недели (најмногу) ќе зборуваме друг муабет, ама прај си го филмот засега. :)
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
“Украинска правда” - 640 убиени руски војници, 2 хеликоптери и 2 авиони срушени за 24 часа. Колку е точно незнам.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.342
Поени од реакции
31.217
Америчкото разузнавање се покажа страшно доминантно во оваа војна. Два месеци пред да почне конфликтот, Американците беа први што изглегоа со информација дека со 100% сигурност Русија ќе ја нападне Украина на повеќе фронотови.
Чекај, сакаш да кажеш дека за тие што ја почнаа/испровоцираа војнава - разузнавачка информација е знаењето дека ќе има војна?
Ако тргнам да ти удрам шамар, „страшно доминантно“ достигнување е што ќе знам дека ќе има тепачка?
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.865
Поени од реакции
6.375
Се мислам каква одбрана имаат Русите во таа Харковска област уствари? Плашила во нивите поставиле ? За едно денонокие 100км им влегоа , њтф ? Да не се повлекуваат скроз случајно како на почетокот ? Па да се оди цврсто само на јужен фронт и источен , така ми стои... и логички исправно.. што им курац држење 3000км фронт ? Со тие бројки на војници вклучени нереално е да се држи цел тој фронт .
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.386
Поени од реакции
12.094
Ја дури ги преценив, ај да не напредуваат ама дека ваков распад систем ќе им се деси во одбрана..
Лелеј. Нема да спиеш вечерва а? Ај ќе го запаметиме постов. За подоцна :icon_mrgr:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.806
Поени од реакции
26.369
Намерно жртвуваа стотици и стотици војници, полковници, мајори и други офицери од елитната воздушно десантна единица која важи за најспремна пешадиска единица кај руските воени сили, и кои кадри ќе им требаат години за да ги надоместат, само ради decoy?
Автоматски споено мислење:



Идејата со Киев беше брз убод во срцето и усмртување на организмот (Украина).

Затоа и тргнаа со најелитните единици кон заземање на Хостомел, со цел да се истоварат дополнителни трупи и техника и веднаш да се влезе во градот, да се окупираат клучни позиции и институции и да се заробат клучни функционери. Додека ВДВ го тераше тоа веднаш после нив требаше да пристигнат трупите од границата со Белорусија и да почнат со обезбедување на градот и подршка на ВДВ.

Операцијата беше high risk = high reward, и за нивна несреќа не успеа.

Вака, настрана твитер стратезите.

Напаѓање со проба не е стратешка операција туку е тактичка. Може да се изведе на еден дел од фронтот и важи за една операција. На пример, сакаш да завземеш град и пушташ пробни напади на неколку места за да ја осетиш одбаната.

Операцијата на Русија е во целост може да се види со проста математика. употребуваат 200К војска. Фронтот сосе тој северниот е над 2000 километарска линија. Не постои ниеден генерал на светот кој би пробал све тоа што го збориш да го изведе во тие услови со толку дисперзирана армија. Можеби изгубија неколку стотина војници, но од друга страна многу повеќе заштедија на југот. Decoy операциите, не се прошетка во парк, туку и тие се воени операции и во нив се гине и нормално е да се гине. И башка види го театарот на север, заглавена логистика на 50 километри од Руска граница, ниеден сериозен воен напад на град. Додека на Југот све си течеше како мед и млеко. Ниту видовме заглавена логистика, ниту било какви потешкотии.

Види ги Америчките извештаи, сите алудираа дека главниот напад ќе следи од север. Све беше концентрирано на брзо паѓање на Киев. А за Киев немаше ништо серозно. Во моментот кога Мариопол беше изолиран длабоко во освоена територија и кога Керсон беше осигуран. Тогаш Русите без никаква борба се повлекоа од северот. Неколку поранешни Амерички генерали го брифираа ова, ама треба да прочиташ стручњаци, настрана од твитер стратезите.

Викаш High Risk High reward била операцијата... Ај на пример размисли си што ќе постигнеа со завземање на Киев? Ќе се предадоа Азовци и Прави Сектор што се стационирани во Доњецк? Го земаш главниот град на држава со 3000 тенкови и готово капитулација? Што ќе му праат на главниот град? Влегуваат со 200К војска вкупно, колку војска ќе им треба да го држат градот претежно со непријателски настроени 3 милиони житело под контрола? Сакаш да кажеш Русите се глупи и никад не им паднало ова напамет, кога ја започнувале операцијата? Доколку го завземеа Киев Русите, немаше да постигнат ништо на југот што постигнаа до сега. Ниту Мариопол ќе беше завземен ниту Керсон. Само ќе ја имаше територијата што ја држеа на почетокот и мака ќе мачеа со Доњецката област.

Или па Русите си мислиле дека кога ќе влезат во Украина, автоматски сите ќе се предадат? А од друга страна Русија кажува дека Украина спремала напад на Доњецк.

Има и една друга работа во денешната Украинска офанзива на северот, што е многу збунувачка. Имено Русите досега се покажаа дека во неколку наврати без проблем можат да исечат логистички линии (збориме за возови, пруги патишта и мостови). Но по се изгледа не ги сечат логистичките линии во Харковската област. Едноставано ја пуштаат цела логистика на Украинците да навлегува во регионот. Малтене уште првиот ден од нападот на Балаклеја се гледаше дека Украинците имаат сериозна сила во регионот не се реагираше воопшто. Единствена рекација беше од авијацијата кога ептен ќе им се закануваше уништување на Русите. И денеска Русите едноставно скоро и без борба се повлекле од Балаклеа како што прочитав, и тоа од Руски извори.

Значи тука збориме за комплетно затаена класична и ракетна артилерија, за комплетно затаени воздушни напади, едноставно Балаклеја им е предадена на Украинците. Гледав у меѓувреме видео од Дејан Бериќ, кој вика дека командирот на Балаклеја пробал и противнапад за кој подоцна го искарале. Од една страна трошат по десетици ако не и стотици парчиња артилерија за еден Украински војник, а Балаклеја им ја оставаат да ја завземат.

Приказните за неуспехот на Руската армија во секој сегмент, па и во овој, се приказни за мали деца. Така мирно заспиваат западните идиократи и нивните потрчковци.
Автоматски споено мислење:

Цела таа одбранбена линија околу Балаклеја, нема повеќе од 3000 Руска војска. Немало никаква артилериска поддршка, и само во дадени моменти кога ептен им се заканувало уништување им пуштиле авиони да ги заштитат. Се повлекле од Балаклеја Русите денеска без никаква борба.
Автоматски споено мислење:

Се мислам каква одбрана имаат Русите во таа Харковска област уствари? Плашила во нивите поставиле ? За едно денонокие 100км им влегоа , њтф ? Да не се повлекуваат скроз случајно како на почетокот ? Па да се оди цврсто само на јужен фронт и источен , така ми стои... и логички исправно.. што им курац држење 3000км фронт ? Со тие бројки на војници вклучени нереално е да се држи цел тој фронт .
Зависи како го замислуваш фронтот. Спроед тоа што го пишуваш ти го замислуваш фронтот како од прва светска војна.
Автоматски споено мислење:

“Украинска правда” - 640 убиени руски војници, 2 хеликоптери и 2 авиони срушени за 24 часа. Колку е точно незнам.
Колку што прочитав многу малку загуби имаат Русите на север, ама кај и да е ќе излезат информации и од Руска страна.
 
Последно уредено:
Член од
28 септември 2014
Мислења
1.085
Поени од реакции
1.637
Можноста за руски успех заврши во моментот кога прошетката до Киев и така наречениот руски аншлус на Украина заврши неуспешно. Не знам дали сериозно мислеле дека ќе бидат пречекани како ослободувачи или разознавачките служби потфрлиле. Сега на граница добија наоружана прозападна држава спремна за да војува, нешто што се трудеа да го избегнат, каков махерски потег од САД ги заглавија во војна што најверојатно нема да можат да ја добијат барем не се дур има доток на западна помош.

Рано е сеуште да се шпекулира ама со оглед на вољата на украинците за војна голема е веројатноста да го видиме Сајгон но сега од другата страна на блокот со некоја утешна награда за господинот Владимир Путин да може презентира дома. Идејата за проруска Украина е мртва. Прекрасно искалкулирано од Чичко Сем направија војна на европско тло, ги искараа Русите со Европа, ја турнаа Европа во криза, и ја добија Украина на тацна.
колку треба да си неупатен за да го пишеш ова, па Русија да реши озбилно да влезе во конфилктов во наредните 24 месеци камен на камен нема да остане во Украина а не па украиници...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.806
Поени од реакции
26.369
Еднаш ги постирав, еве ги сликите од ВДВ трупите што чекаа да се истоварат на Хостомел после обезбедување на аеродромот од страна на хеликоптерскиот десант.

Прегледај го приврзокот 344135Прегледај го приврзокот 344136Прегледај го приврзокот 344137
Колку наивно...

Која војска ќе спрема десант, за град кој е на 50 километри од нивната териотирија :)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.403
Поени од реакции
36.337
Ова што се случува со украинската офанзива по мене е чист доказ дека во руската армија се уште владее Советскиот менталитет на катастрофална комуникација и буткање на проблемите под тепих и пријавување само на добри вести нагоре по ланецот на команда, спротивно на западната доктрина каде што и најмал проблем веднаш се ескалира до претпоставените.

Затоа situational awareness на руски генерал е најверојатно на ниво на еден украински потполковник.

И сега се чудат ама што ама како е можно, од каде дојде до ова.
Автоматски споено мислење:

Колку наивно...

Која војска ќе спрема десант, за град кој е на 50 километри од нивната териотирија :)
Војска што сака да ја заврши работата дур луѓе се приберат од работа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom