- Член од
- 8 мај 2013
- Мислења
- 11.913
- Поени од реакции
- 36.991
Е како Харкивска област не е толку битна. Херсон е истурена територија и да го изгубат Дњепар е природна граница која тешко се поминува. Русите преку Харкивската област ја спроведоа/спроведуваат офанзивата во Донбас преку клучните градови Купианск и Изиум. Пред два месеци целиот напад одеше од горе преку Изиум па Лиман, Рубежное итн. Целиот тој дел се снабдува преку пругата кај Купианск. Без таа територија нема теорија да ги заземат Славјанск и Краматорск. Многу е веројатно ако ги изгубат тие територии таму во Харкивската област дека ќе изгубат све јужно од нив.Моето мислење е според логиката на нештата. Харкивската област во оваа фаза и во овој момент нема некакво стратешко значење за Русија. Не како што има значење Керсон. Одтаму претпоставувам дека Керсон е премногу добро бранет. Според војската што се праќаше и териториите што се освојуваат Керсон воопшто сега засега не е засегнат, ниту е некако доведен во опасност да падне. Додека од другата страна на север, Русите и да изгубат територија, тоа нема многу да ги засега, а Украинците ќе добијат некаква си ПР победа. Како што ми гледа, Харков, Одеса, Николаев и Дњепропетровск се оставени за некакви си понатамошни фази, доколку ги има. Во мометнов фокусот е да се докомплетираат Доњецк и Запорожје.
Така да доколку Украина сака да прикаже некаква си победа, попут онаа што ја прикажаа со повлекувањето на Руските трупи од север, најарно би им било да удрат на Харовската област. Пошто јас не верувам дека Русија по било која цена ќе го изгуби Керсон. Цела таа шарада на север на почетокот на војната беше за да се обезбеди полесно освојување на Керсон, што всушност и се случи.
П.С.
Дополнително на тоа Изиум и Балакиа се клучни за заземање на Харков оти преку нив ќе оди нападот од позади градот и негово пресекување на логистичките канали.