Тухел нема никаква кривица за резултатите на Челзи, Челзи едноставно е преценета екипа. Напишав еднаш порано дека титулата на Челзи во ЛШ е глич во системот, изненадување поголемо од она кога Лестер стана шампион на Англија. Ако објективно го погледнете составот на Челзи, се работи за една просечна екипа, со Џејмс како единствен класа играч кој може да игра во било која екипа, а дури и тој последно не играше на својата позиција. Средниот ред на Челзи е трагикомичен со полуиграчи како Жоргињо и Ковачич, крилата се непостоечки, со вечно повредениот Пулишич, Зијеш кој е меѓу петте најголеми флопови во поновата историја на фудбалот, и според
@Донев најголемиот талент во светот на фудбалот после Роналдо дебелиот, Хадсон Одои кои неколку години преминуваше во Бајерн
. Да не знае човек да се смее или да плачи.
Челзи нема шпиц, духот Хаверц не се рачуна за играч воопшто, не па за шпиц. Всушност има сега, еден набркан од два клуба и еден шип.
Инаку, за рубриката каде се што прават сега, би било интересно да се направи преглед на играчите кои Челзи ги донесе во оној фамозен преоден рок, кога цела Европа кажуваше какви чуда направила Марина. Еве со ред, сигурно ќе испуштам некој.
Вернер, дојде во Челзи, стана меме играч, неславно замина.
Хаверц, некој велат дека сеуште игра во Челзи, некој не, се појавува како Халеевата комета, еднаш на многу натпревари.
Чилвел, некој велат дека сеуште е во клубот, некој велат дека се запослил како пациент во болница.
Менди, кој ако брани на следните пет натпревари Челзи ќе дојде во зоната на испаѓање.
Тиаго Силва, топ трансфер, единствениот кој дојде без пари, а ги оправда очекувањата.
Зијеш, не се исплати да се трошат зборови.
Ако пропуштив некого, слободно дополнете.
Тоа што Тухел освои ЛШ титула со ваква екипа, е чудо над чудата.