Може и мењачот да е...обично ламела не откажува така одеднаш, ќе шлајфова ова она. ќе квичи...ама мењач или зглоб може.
Инаку на француските коли ламелата, самите зглобови и полуосовини се доста јаки...и обично послабо место е мењачот и диференцијалот...макар да многу зависи и со кој мотор и како е возена колата. Во последно време само и тие штедат...поновите возила штедено е на се.
На повеќето постари модели мењачот е вечен...пежо 206 хди 2.0 има мењач кој без проблем трпи stage 3 ремап, од 90 коња на 200. Од 250 њутн метри на 400...со нормална вожња не знам како е може да се скрши таков мењач...маслото цело да истечи и една година така да возиш
Од бензинците тие со 1.6 мотор се познати по послабите мењачи...на пример мењачот (MA-5) на саксо втс и пежо 106 1.6 rally не трпат многу тјунирање и си треба и преправки во мењачот за да нема проблеми. На помалите мотори мењачот е истиот ама бидејќи има послаб мотор истиот трае многу подолго.