- Член од
- 26 јануари 2009
- Мислења
- 7.735
- Поени од реакции
- 6.675
Зошто? Освен во делот на дефанзивните задачи ако има проблем со Кристијано, во друго не гледам зошто Марсијал би одговарал повеќе од Роналдо. Пример, во Ајакс играше со Халер, типичен гол играч, ете му го и Роналдо тука. Ете ги сега Ентони и Санчо по боковима, ќе има кој да го храни со топки. Не знам, Марсијал е умрен играч за мене, 100 години стагнира.
Сигурен си дека си го гледал Роналдо во последната година дена? Роналдо веќе нема сила да се р'ва со одбранбени, да гради и чува топка, нешто што Халер одлично го правеше. А и не мора да значи ако играл во Ајакс со Халер ќе игра и во Јунајтед. Во Ајакс играше и со Тадиќ лажна деветка еден период. Пеп играше со Ибрахимовиќ, Фабрегас, Суарез, Левандовски, Агуеро, Бернардо Силва и еве сега со Халанд. Некој од овие се слични, а некој небо и земја профил на играчи.
Од друга страна после 2-3 сезони Марсијал почна да покажува живост(башка кај повеќе играчи под Тен Хаг е вака) беше најдобар на припремите. Не викам дека Марсијал е калибар за Јунајтед, и сами сме свесни колку пати не разочарал но мислам дека моментално е подобра опција од другите за во форот.
Автоматски споено мислење:
Ај вака, Тиерни е мизерија и кон Арсенал и кон Јунајтед.
Фаулот за поништениот гол според мене не е доволно чист за да биде суден фаул за поништување на гол. Ериксен не тргна да ја игра топката, него ли да ја гради. При градење на топка сме виделе 10пати повеќе контакт од она, што не е судено фаул. Затоа прашав, ако она беше во 16ник и беше прегледувано за пенал, дали ви е мислењето дека ќе свирнеше пенал или не ? Пошто е де факто иста ситуација.
Од друга страна како не свирна ништо кога Локогна ко крена Фернандеш и сам не знае. Дирек пред очи му беше стартот и реално комотно можеше Самби да попие црвен за она.
Небитно се тоа, Манчестер во прво одличен. Заслужено водство.
Автоматски споено мислење:
Различна перспектива изглеа
Арсенал е прилично паничен во одбрана, не убивте по крилата.
А во 16ник делуваме изгубено. Ни еднаш нишо посериозно не го загрозија Де Геа
Убаво се виде дека му се фрли со двете раци Одегард башка и со ногата го поткачува. Да му влезеше во дуел со левата рака на пример и да го отурнеше ќе беше чисто, но во дуелов имаше и премногу елементи за да суди фаул, според мене.
