FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Gilda
Каков слат, мајко мила. Што сакаш повеќе од жените кога вакви ликови им се идоли?
6.75/10
Како за филм од 46, солиден беше. Држеше внимание со океј дијалози. Имаше мистерија демек шо било како било во нивнато минато, овој демек ќе ги тролнеше со својот фејк death ама го скрна он на крај, лол.

---------------------------------------------------
Овој филм е мојот предлог


Го иам заборавено ама главниов лик ми буди интересни чувства, на никој не му е гледан, само Злате на вочлист го има.
Го има она што го сакам, комедија, ама со некоја подлабока сериозност ако се размислува на друг начин.

Релативно тешко се наоѓа па еве линк за преземање
Во филмот има превод но е од релативно застарен вид и може да не се прикажува или да се прикажува на не-баш-добар начин, па еве .srt кој би требало да е добар

Ова е линк од 6GB за тие што поштоваат подобра слика
L'Âge.des.Ténèbres.2007.720p.BluRay.x264-CtrlHD.mkv
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
СРТ фајл од 70кб ми симна но добро, ако тоа е филмот ондак 2ка му давам. :kafence:
Зарем можеш да оцениш филм само од превод? Па и 2-ка, не е најмалото :D
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.307

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
Gilda

На задна врата му влегувам на филмов. Го фаќам последниот воз. :D

Многу слабо стојам со време и сум паднат во гледање на филмови годинава, посебно летниве месеци, ама филмов кога го видов, реков дека мора да одделам време и да го изгледам, иако денес сум со подочњаци до под, вредеше.

Гилда беше прекрасна. Сцената што ја поставила Корвус, глумата, интеракцијата, дијалозите. Врв! Им ја читаш омразата, а и страста низ очите и саркастичните спуштања.
Но, ако во филмот имавме јак женски лик кој го носеше на плеќи целото дејствие, пленејќи низ секоја сцена, од другата страна немавме доволно добар машки лик како против тежа кој ќе привлече бар дел од симпатиите за да "навиваме" да завршат заедно.
Овака, крајот, иако среќен, повеќето од нас не го доживеавме на тој начин.

Имаше и некои клише сцени, избрзани и предвидливи, посебно во завршниот дел, но филмот имаше приказна која те задлабочува и вози до самиот крај.

Ако од нешто сум воодушевен кај старите филмови се паметните дијалози, со одлика на манеризам, џентлменство и убавина, нешто, што за жал не може да се види во филмската уметност денес.
Баш поради сите тие дијалози, иако филмовите се снимени во студио, без некои посебни пејзажи и ефекти, знаат да задржат внимание со квалитетот на раскажувањето на сценариото.

Од друга страна, ме воодушевуваат и некои техники на камерата, убаво избрани кадри за да се долови одредена тежина во сцената. Пример, баш во таа кога Џони и Гилда се запознаваа, иако дијалогот беше помеѓу тројцата, нејзиниот маж воопшто и не се појави во кадар. Одлично доловено дека воопшто не е битен.

Мене ми беше прво запознавање со Рита, и морам да се согласам дека плени со убавина, харизма, и начинот на кој што го долови ликот на Гилда, има специфична аура која привлекува... Ноо... Најубава жена на сите времиња, за мене останува само една, единствена. :love:


8
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Додека не ја направил Злате статистиката за Гилда.

Gilda

За мене просек, едвај гледлив, успеа да ме додржи да не заспијам иако војна водев со очите. Ме задржуваа дијалозите и убавинава на Рита. На моменти одбивна у пм, ама јбг не можеш да негираш убавина.
Пресмешен ми беше цајканов, се врткаше цело време и делеше совети. Плотов беше ужас, ништо не постигнаа. Може не мењава многу 5 или 6, ама да не беше плотов ваков каков што беше, ќе имаше 6-ка. После сите слат моменти, после шамарниците и затворот и следењето, убаво ќе беше да завршеше со сцена во која се само они двајца и вујчето до нив.


Не знам за вас, ама за мене е крајно одбивно некој да правиш љубоморен со намера. Немам доволно зборови да опишам колку мразам такви работи. :D

5/10
 
Член од
2 март 2022
Мислења
93
Поени од реакции
450
Days of darkness (2007)

Имав многу ниски очекувања за филмов пред да го гледам, но можам да кажам дека првиот час и половина не почувствував досада воопшто. Некои од сцените ми беа навистина смешни, и тоа што си живееше со илузии секој ден ми беше јако. Секојдневните проблеми што ги имаше со фамилијата и генерално со животот се relatable. Исто така добро беше прикажана нефункционалноста и апсурдноста на бирократијата. Крајот некако ми беше бавен, очекував повеќе од него. Не е сосема изгубено време ако се изгледа филмот.

Од мене добива 6,5/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.640
155. Days of Darkness / L'âge des ténèbres (2007)

1662555424216.png

@Anon , my man... Филмов беше подосаден од животот на Жан Марк. Или подобро кажано: беше потажен и од неговото патетично секојдневие. Нешто што баш сега ептен не ми требаше во моево патетично секојдневие. Едвај го догледав, најискрено ти кажувам. На почетокот, во два наврати заспав, па после си направив кафе и морав да станам за да не заспијам пак. Имаше навистина смешни сцени, особено во тој кампот или што и да беше кај што се бореа за контесата, ама генерално земено, филм кој освен што може да те фрли во депресија, ништо друго не може да придонесе. Уште од почеток, со визиите, францускиот јазик и особено по dream-like атмосферата во секвенцата со контесата не можев а да не го споредам со Amelie. Но како тотална спротивност од Amelie. Како нејзина машка верзија, по многу, многу години откако Amelie го променила полот и станала Жан-Марк. Sorry, not my cup of tea. :( 4/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom