Значи дека доаѓаат времиња во кои луѓето и машините ќе си бидат конкуренција едни на други.
Човекот ќе добие многу слободно време и тоа звучи супер во теорија, но како ќе ги засегне тоа платите?
Мислам дека токму ова што си го пишал е негативната страна на која јас алудирам. Вештачката интелигенција треба да ја надополни и зголеми човечката интелигенција, но не и да ја замени. Машините се брзи, прецизни, рационални, но не се чувствителни, интуитивни, предвидливи и немаат способност за расудување кога станува збор за променливи ситуации.
Нашата човечка вештина за сочувство и емпатија ќе биде драгоцена предност во идната работна сила, а работните места кои зависат од грижата, креативноста и образованието ќе останат од витално значење за општеството.