Ќе ја постирам Солза .... Убаво има пишано.
Прегледај го приврзокот 342727
Аууууууууууууууу серозно оваа ќе зборува за младината и каде таа ја носи државата, дали серизно таа како политичар активен, фунцкионер и дел од генерацијата која беше дел од сите турбулентни процеси ќе зборува за младината и нејзината улога во државата, да младината треба да е агилна и полтички активна а не пасивна, но дали таа најде бе да и суди.
Младината е виновна што се случи криминалната транзиција во која пропаднаа тон фирми и почна грабежот на државата кој трае до денес, младината е крива што они седеа дома и глас не пуштија кога се дадоа 150 000 државјанства на косовари за нивниот миленик да стане претседател, младината е крива што се случи 15 септември, младината е крива што точно и дотичната како дел од тогашната политичка опција бојкотираа референдум за територијалната поделба, младината е крива што кога се амнестираа хашките случаеви никој не зуцна збор, младината е крива што кога Талат го ставија за министер отидоа да гинат пред собрание, јадеа пендраци , казни и тоа астрономски кои нема како да се исплатат со овдешниве примања, кога одеа по стадиони/сали да го кажат својот глас против општеството беа газени од желките и сите тие дотични генерации на дотичнава вртеа глава и се правеа дека ништо не се случува, од кога знам за себе сум во борбата за ова парче земја и многу добро знам како се беа газени децата кои беа способни и кои сакаа Македонија да ја променат.
И таман после генерацииве кои изгинаа и беа згазени и сивилото се појави нова генерација, нови деца, само што станале полнолетни спремни да гинат за државата, за подобар дом ги повикаа на радикализација, децата изглегоа и изгинаа и сега се по судови и ги пуштија низ вода додека овие ми водат политички кампањи.
Младите се слика и прилика на тоа што сте вие, од вас не научиле како да си ја сакат државата и да си ја чуват оти кога требаше нејзините генерации беа испопикани во глувчји дупки , гледаа само како да грабат и да и нашетат на Македонија, епа во време на глобализација и без никакви вредности оставени од постарите младите се повеќе се решаваат место да си го стават животот на ризик да си емигрираат и да бидат добри гастербајтери бидејќи тие се вредности на кои беа подучени од тие генерации кои сега ги плукат, иако сум најголем противник на тоа сепак таа е вистината, а младите гинеа и изгинаа за да ја оправат државата и секогаш беа предавани токму од овие кои сега солат памет за нив.