Пошто како што видовме дека и без да навлагаме околу процентот на светската економија дека Русија е во ќар со ембаргово, во ситуацијава можеме да ги занемариме сите останати и да ги споредиме САД и Русија, пошто реално кажано тие се тие кои се борат за превласт. Јас не тргнувам понатаму само ги споредувам политичарите кои ја водеа САД кога беше во зенитот, попут Кисинџер и тие кои ја водат САД денеска. САД е сеуште број еден земја во светот по својата моќ, тоа е несомнено. Но моќта на САД е во опаѓање, а моќта на Русија расте. Ако ја споредиме разликата на моќта на САД и Русија во 1995 и денеска, несомнено се гледа огромна разлика. И што е најважно тој процес на приближување сеуште трае и како што викаш тоа е бустирано со ретард самоутепајство-санкциите на ЕУ.
Не би рекол дека моќта на Русија е нешто многу во раст, повеќе дека е во стагнација додека Америчката нагло опаѓа поради нивни грешки направени од ароганција и алчност. Реално Русија во моментов е далеку далеку послаба економски и воено во споредба со Советскиот Сојуз од 80тите, тука нормално предначи индустриското и високо технолошкото производство каде што има најголем пад. Чисто како пример од 5 главни авионски дизајнерски бироа во Русија, Иљушин, Тупољев, Јаковлев, МИГ и Сухои и производство на 700+ патнички и транспортни авиони ГОДИШНО. Денеска единствено Сухои и Иљушин произведуваат нешто во Русија. Тупољев/Јаковлев и МИГ немаат нов дизајн направено 25+ години, додека производствените капацитети им се во катастрофална состојба. Производството во последните 5 години им е некаде околу 15-20 авиони годишно. Значи пад од 700+ на 15, тоа е катастрофа.
И тоа најголем дел од новите проекти им се само внесување во сериско производство на Советски Проекти од крајот на на 80тите и модернизација на старите дизајни.
Русија едноставно до некаде им се посреќи со тоа што Америка и ЕУ станаа премногу арогантни и навредија/нападнаа многу народи дали од алчност дали чисто заради его и со тоа буквално им дадоа на Русите сфера за делување без они да мрднат со прст. Значи буквално Иран, Либија, Сирија, Венецуела , Америка и ЕУ со сила земаа и ги натераа да соработуваат со Русија. Исто така со константната арогантност и мешање ги натераа и Турција, Бразил, Алжир, еден куп афрички, јужно амеркански и азиски земји во нивната орбита.
И сега на Русија и дадоа уникатна шанса преку промоција на свои финансиски и трговски услуги на држави кои немаат друг избор реално ( зошто се под санкции) да има можност стане еден од главните центри за трговија со енергенси и суровини а со тоа и финансиски центар.