А од компјутерскиве кој е подобар КТИ или КСИАР
Само КТИ (Компјутерска Техника и Инженерство) е класична компјутерска насока за хардвер и софтвер какви што ги знаеме од по дома.
КСИАР (Компјутерско Системско Инженерство, Автоматика и Роботика) би дошло индустриска автоматика каде имаш ограничување на хардвер и софтвер за електронски уреди кои се користат во работни услови (фабрики, електрики итн се што треба да работи со минимум мешање на човек) надополнето со математичко-физичката страна на системите и процесите. (google - industrial automation, robotics, PLCs, etc).
Прочитај ги деталите за насоките на сајтот на ФЕИТ, ок е објаснето. Подобар нема затоа што се различни, зависи тебе кои ти се критериумите, што точно бараш?