ФК Тетекс почна со подготвки, екипата ја предводи Љупчо Марковски-Калц
Фудбалската легенда Љупчо Марковски-Калц од денеска почна да го води ФК Тетекс во намерата клубот да обезбеди опстанок во Втората лига. Марковски ја направи првата прозивка на фудбалерите по што започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната.
-Со ново раководство на ФК Тетекс стапија со мене во контакт. Тетекс е во незавидна ситуација, и е еден предизвик за сите нас, и за управата и за мене како тренер, да успееме да го спасиме Тетекс да остане во Втората лига. Она што не очекува е подготовки, денеска е старт на подготовките, до понеделник сме во Тетово, потоа заминуваме на осум дена во Дојран. Потоа се враќаме во Тетово и продолжуваме со работа. За да се оствари оваа мисија потребно е сите да влеземе 100 посто посветено. Тоа значи и стручниот штаб и фудбалерите и Управата и секако навивачите Војводи кои ќе ни бидат потребни да оставиме посакуваното да остане во Втора лига, изјави Марковски.
Во клубот веќе пристигнаа и неколку засилувања.
-Има нови фудбалери, има доста и млади. Од поискусните Христијан Кировски, Трајче Стојковски, Мики Митров, Јусуф Мустафа. Има доста имиња нови, се надевам дека на оние позиции на кои недостасуваат фудбалери ќе најдеме играч-два да ја засили конкуренцијата и да бидеме конкурентни во Втора лига. Тетекс тргнува со минус шест бода од оние местата што се над црта за испаѓање и е тешка работа, рече Марковски.
Во сабота ќе се игра приајтелски дуел во Тетово со ФК Беса, а натпревари се закажани иза време на престојот во Дојран.
Марковски како шеф на стручен штаб ќе го има Дејан Савевски, како прв асистен, Филип Павловски како кондиционен тренер, а Миле Спировски тренер на голманите.
ас