Токму така; тоа (метанојата/преумувањето) е настан кој се памети, а го знае секој поединец кој барајќи „нешто повеќе„ од обично секојдневно вегетирање, Го нашол Христа Бога...
Преумувањето (погледот кој својата огревовеност при отворањето на духовните очи) е единствениот и доволниот доказ од духовна природа, кој покажува дека Богобарателот се стретнал со Бога.
Писанијата не си ги познавате!
Прво,верата во целата приказна за духовно отварање на очите е нешто како сидро,кое го држи човека да не отстапи ниту лево ниту десно,туку да чекори помеѓу настаните при изборот од емоциите- огинот и умот - длабока вода.Чекорењето е по средината,место колку за човечко стапало!
Но,многу тешко е да чекори човек кога е усидрен/верник!Затоа,треба да го подигне сидрото(верата , доближи бог) онолку колку да го влаче,задржувајќи правец!Тоа доближување е своевидно губење на себеси.Па ,кога ќе се подигне целосно сидрото,бог и човек стануваат едно.
Затоа е и напишано, "Зашто, кој сака да ја спаси својата
душа - ќе ја
изгуби; а
кој ја изгуби својата
душа заради Мене, тој ќе ја спаси "
Човек ,укотвен држејќи се за сидрото наречено вера-бог, нема да мрдне од место,односно да отпочне чекорење за губење на себеси!
Второ, сигурно си слушнал за напишаното "ме најдоа оние кој не ме бараа".
Значи некакви богобаратели нема да се сретнат со бог,а со тоа ниту отварање на духовните очи ќе имаат!
Користејќи медни зборови како ...метанојата, преумувањето, огревовеност,..и др. наликуваат на реклама за христијанска вера на која ти фали уште парола "христијанството ти дава крииилааа".
А самите писма се спротивни на тоа што го кажуваш.
Искористив три цитати од библијата кој зборуваат спротивно од тоа што ти го кажуваш.Бидејќи , да имаше отворени духовни очи,не би бил повеќе верник кој би се држел за сидрото - бог , бидејќи бог би бил во тебе и ти во него,а со тоа помеѓу нема да постои толку голем јаз , за да има некаков бог во кој ќе веруваш.
Еве ги цитатите..
1. -прв
Оној што ќе посака да влезе во морето и да го види
(духовни очи да има), или да владее над него, ако не помине низ тесното, како може да стигне до широкото? 6. Има и други споредби: градот е изграден и расположен во рамнина и полн е со секакви богатства; 7. но влезот во него е тесен и е поставен на стрмнина, така што оддесно има оган а одлево – длабока вода. 8. Меѓу нив, односно меѓу огнот и водата има само една патека, на која може да се смести само човечко стапало. 9. Ако тој град му се даде за наследство на човекот, као тој може да го добие тоа наследство, ако никогаш не помине преку опасноста, која се наоѓа на тој пат?»»
2. - втор
Ако некој сака да врви по Мене,
нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене;
25.
зашто, кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Мене, ќе ја најде:
3. - трет
20. А Исаија смело рече: „
Ме најдоа оние, кои не Ме бараа, им се открив на оние,
кои не прашаа за Мене”.
Зошто ги лажеш луѓето ,кога библијата друго кажува?