Прочитав негде наслов на кратко дека Германци ќе граделе фабрика за електронски коли? Може да ми потврдите и линк да постирате ?
Во три дена пишуваат 3 различни приказни.
Прва верзија беше Еколог ќе биле партнер на Германска фирма што ќе градела Фабрика во Бугарија за електрични возила.
Втора верзија беше Еколог биле инвеститори воГерманска фирма што ќе градела фабрика во Бугарија за електрични возила.
Трета верзија сега е Германска фирма ќе гради фабрика за електрични возила во Тетово.
На ист начин ги врткаа и сумите, 70 милиони, 170 милиони па сега стигнаа до 500 милиони
И оваа третава верзија некако ете одма на една недела пред локални избори во Тетово. Сигурно сосем случајно.
Али тоа што е сигурно е дека на владина седница одлучиле да ја помогнат оваа компанија со
ДРЖАВНА ПОМОШ ОД 130 МИЛИОНИ ЕВРА.
До овдека го пишав коментаров пред да тргнам да ја разгледам компанијава. Ова што се случува во Македонија е шизофренија тотална. Компанијава е отворена во 2015, има вкупно
400 вработени и во периодот од 2017 до 2022 имаат произведено
400 возила ВКУПНО. 130 милиони евра помош за компанија која произведува помалку од 100 возила годишно.
И во 2020 почнала самата на себе стечајна постапка.
Компанија без капацитети за сериско производство со 400 вработени и која пред 2 години била банкрот, нашите медиуми објавуваат дека во Тетово ќе инвестирале 700 милиони евра, ќе вработеле 3000 лица и затоа земала владата им дала 130 милиони евра помош. И ова се гарант ќе заврши во рацете на Еколог кој ете ќе биделе некаков нивен партнер. Фирма што се занимава со кејтеринг по Амерички бази и компании ќе прозведува возила и тоа во Тетово кај познатите Шиптaрски машински инженери гарант.
И запазете единствената потврдена инвестиција им е во Бугарија и тоа од 150 милиони евра во рок од 2 и пол години но и со Бугарска помош. Ама ете кај нас 130 милиони евра им даваме помош. Па за 130 милиони евра најверојатно мнозински пакет можат да купат во оваа компанија.