Градот Минеаполис, најголемиот град во сојузната американска држава Минесота, кој во 2020 година неславно беше во центарот на вниманието поради убиството на Џорџ Флојд, по што градските советници експресно изгласаа распуштање на градската полиција, деновиве продолжува со своите генијални реформи со цел создавање на полиберално општество.
Најтазе новост од градот чиј што градоначалник Џејкоб Фреј доаѓа од редовите на Демократската Партија на САД, и чие што советничко мнозинство доаѓа од редовите на истата таа партија, ре-избрани во ноември 2021, е договорот направен со Наставничкиот Синдикат на Минеаполис, кој предвидува при отпуштање на училишните наставници во државните и јавните училишта да се даде приоритет на наставниците кои се од белата раса.
White teachers would be laid off first under Minnesota teachers contract
Водејќи се според статистиките дека околу 60% од учениците во Минеаполис не се белци, а само 16% од редовните наставници не се белци, како и 27% од вонредните наставници, почнувајќи од пролетта 2023, доколку има потреба од отпуштање на наставен кадар во државните и/или јавните училишта, ќе му се даде приоритет на наставниот кадар кој не припаѓа на расното мнозинство кај учениците.
Филозофијата на либералите и левичарите од Минесота очигледно гласи дека проблемот не е во квалитетот на наставниот кадар, туку во расната припадност.
Малку по малку и американците си дочекуваат сопствено рамковнистичко општество, на здравје нека им е.