Штета што ја пропуштив дискусијата кога беше актуелна, но ќе дадам мислење покасно.
Возам и тоа и тоа, а балансот е 50/50 по изминато време (повеќе километри на road, подолги планински тури на МТБ).
Некој ако нема добар велосипед, за почеток нека си земе Hardtail (само со преден амортизер), гуми со ширина 2.1 и нека вози на секој терен.
Роад - Тие што немаат седнато и да извртат најмалку 50км само можат да сонуваат дека се пофит од оваа дисциплина. Разликата е во аеродинамиката. 200W во МТБ положба и 200W во Road положба значат најмалку 7 км/ч повеќе брзина. Од тука следи дека истата сила ја користиш и на МТБ, само што таа сила не ја користиш ефикасно. Роад е идеален за градење фитнес.
МТБ - Идеален за да уживаш во природата и да избегаш од цивилното население. Овде немаш коли, туку диви животни за разминување. Со ова средство ќе посетиш места што ни планинари, ни Лада Нива нема да се во можност да ги поминат, поради лошиот терен/далечината. Најубавите тури што сум ги возел се со МТБ.
Ако треба да споредам, во МТБ се става опрема за полесно да ти биде искачувањето, иако повеќе тежи. Но поспоро ќе искачуваш, нормално. Бидејќи имам и Роад и МТБ друштво, слободно можам да кажам дека тие што возат Роад се многу поспремни од тие со МТБ (скоро сите од Роад возат и МТБ), и кога возиме планински рути по земјен терен, тие што се само МТБајкери најмногу се мачат и нѐ успоруваат (не се тркаме, но не сме со исто ниво на фитнес па треба да чекаме да го истуркаат точакот на пострмни горнини).
Ако сте со вишок буџет, купете си и тоа и тоа за да ги уживате и двете дисциплини.