Рамна Земја?

Член од
19 март 2012
Мислења
382
Поени од реакции
210
Аман бе уште ли. Батали тоа со брзините
Еве веќе од коа ме повика на темава едно питање до тебе
Зашто коа зајде сонцето, ако е мало и локално според моделот на рамна земја, неможеме да го вратиме со телескоп, а ако зголемиш надморска висина сонцето се враќа назад и гледаш уште 1 зајдисонце.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.540
Поени од реакции
9.094
неможеме да го вратиме со телескоп, а ако зголемиш надморска висина сонцето се враќа назад и гледаш уште 1 зајдисонце.
Тоа е можно само на моделот на рамна земја. Како прво со телескоп не можеш да гледаш бесконечно тоа значи дека имаш ограничен опсег. Второ тоа што велиш да зголемиш надморска висина значи дека ХОРИЗОНТОТ секогаш ќе биде во висина на очите без разлика на која висина и да се наоѓаш. Тоа твое "второ зајдисонце" значи дека сонцето можеш повторно да го видиш затоа што тоа никогаш не заоѓа, заради перспектива и конвергенција.
КОНВЕРГЕНЦИЈА НЕ Е ЗАКРИВУВАЊЕ НА ЗЕМЈАТА.

Никогаш и на никој начин не можеш да докажеш дека земјата е топка да ти олеснам.

П.С
Како е можно да се закриви простор и време? Колку часа има во десет кубни метри?
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2012
Мислења
382
Поени од реакции
210
Тоа е можно само во хелиоцентричниот модел. Ако земјата беше рамна со телескоп лесно ќе го вратиш сонцето. Плус ќе има огромна разлика во големината на сонцето во текот на денот, при почеток на изгревање и при крај на заоѓање сонцето треба да е мала точка.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.540
Поени од реакции
9.094
Ако земјата беше рамна со телескоп лесно ќе го вратиш сонцето.
А ти затоа што не можеш "во секое време" да го вратиш сонцето со телескоп заклучи дека земјата е топка? Како можеш да заклучиш дека е топка кога не си ја видел земјата од таа перспектива? Што значат за тебе поимите ХОРИЗОНТ, ПЕРСПЕКТИВА И КОНВЕРГЕНЦИЈА?
Ти со телескоп можеш ли од Велес да гледаш до Прилеп? Нели според вас глобусарите земјата е огромна па нема да ти биде проблем со телескоп од некој асфалт во Велес да ги видиш Маркови кули во Прилеп нели?
Автоматски споено мислење:

Плус ќе има огромна разлика во големината на сонцето во текот на денот, при почеток на изгревање и при крај на заоѓање сонцето треба да е мала точка.
Како што се движи сонцето додека кружи над рамна земја тоа е сосема нормално. Постепено исчезнување на сонцето од твојот видик се вика ПЕРСПЕКТИВА. Тотално губење на сонцето од твојот видик се вика КОНВЕРГЕНЦИЈА а не заоѓање.
Автоматски споено мислење:

Како е можно вие глобусарите да гледате "зајдисонце" или "изгрејсонце" додека земјата сосе атмосферата ви "ротира" со 1670км/ч ,
кружи околу сонцето со 106 000 км/ч и лета низ "универзум" со 805 000км/ч?
Автоматски споено мислење:

А, дали ако автобусот вози со 90 км/ч тебе ќе ти треба брзина на одење од 91 км/ч за да појдеш од крајот на автобусот до кај шоферот?
Тоа не докажува ротирање или било какво движење на земјата. Ако тргнеме од експериментот на Леон Фукалт од 1851 со клатното ќе забележиме дека иако клатното се ниша земјата под клатното не ротира. Дури овој експеримент можеш сам да го направиш. Најди некое клатно и постави го во мирување и набљудувај дали само од себе ќе почне да се ниша или придвижи. Автобуси се уште немало во почеток на 19-ти век. А и сега покрај тоа што наведуваш примери со автомобили,авиони или автобуси тие ништо друго и не докажуваат освен тоа дека и кога си статичен можеш да се движиш. "РОТАЦИЈАТА НА ЗЕМЈАТА" е измислена во 19-ти век во време кога не постојат автомобили,автобуси и авиони. Прецизно измерената брзина на "ротација на земјата" од 1670км/ч е измислица од 21-век која никој не може практично да ја провери ниту докаже.
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.614
Поени од реакции
3.725
П.С
Како е можно да се закриви простор и време? Колку часа има во десет кубни метри?
Пред пар денови, на „ЈТ„ гледав еден видео-запис од српски професор, кој ја објаснуваше Ајштајновата специјална теорија на релативитетот на прост јазик...ама буквално на прост, и доволно разбирлив, без користење безвезни поими и математички равенки.

Дотичниот го спомена и збивањето на просторот и времето кај материјалните тела, чија брзина на движење е блиска до брзината од светлината. При таа брзина, според теоријата, телото би се збивало само по „х„ оската (не по „у„ и по „z„!), односно неговата должина би се „кратела„, ако телото се набљудува „од надвор„, ама не и од „внатре„ (во телото кое се движи).

Така, се‘ повеќе ми станува јасно зашто Ајнштајн не е почестен со „Нобелова„ за неговите теории на релативитетот, односно ми станува јасно дека користа од неговите теории е во можноста од бескрајно релативизирање на се‘ што ќе ни падне на памет...
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
И за пријателот и за тебе важи прашањево...
Авионските летови? Од кога авионите и во двата правци A --->B и
B--->A исток кон запад и обратно пристигнуваат за еднакво времетраење на двата лета во двата правци ? На пример:
Прегледај го приврзокот 341063
Вака, она што го гледаш на сликине ти е време алоцирано од операторот на аеродромот/авио компанијата. Прават разумна проценка со цел да го задржат распоредот.

Ама тоа не е она што те мачи. Според она што го кажуваш, колку што можам да те разберам, доколку едно тело се оддели од земјата, под претпоставка земјата да ротира, според твоето разбирање истото тело треба да заостане зад земјата одредено растојание. Зависно од брзината од која се движи земјата и времето кое телото е одвоено од неа.

Го игнорираш фактот дека земјата веќе му ја има "пренесено" брзината на телото. Или ако претпочиташ, земјата и телото веќе се движат со иста брзина пред да се одвои телото од самата земја. Кога ќе се одвои од земјата, телото, ја задржува брзината. Кога ти викаат дека земјата, атмосферата (и телото) се систем, на ова се мисли.

Авионот може додава или одзема од оваа брзина и како резултат завршува да се движи со одредена брзина во однос со земјата. Без разлика на насоката, за даден правец, со константна и иста брзина релативна со земјата, дадено растојание ќе го помине за ист временски период.


Е сеа, ти можеш да го спориш ова, ама однесувањето е опишано и докажано со законите на движењето. Можеш и сам да ги тестираш.

Мој предлог е да се качиш во авион и да порипаш во ходникот. Со оглед на тоа што млазните авиони се движат со брзина од 600km/h, а должината на телото на авионот е ~ 70 метри, за помалку од една секуна би требало да си "залепен" за задниот дел од авионот.

Или можеш да го пробаш истово во воз. Брзината би ти била 7%-10% од онаа на авионот.


Во принцип, ако си глуп, може и другар некој да те вози на хауба, ама таму проблемот е шо ќе се деси ако закочи нагло. Според Њутновите закони за движење, кој и да е на хаубата би продолжил да се движи. Шо може да заврши со несакани последици.
Автоматски споено мислење:

Тоа не докажува ротирање или било какво движење на земјата. Ако тргнеме од експериментот на Леон Фукалт од 1851 со клатното ќе забележиме дека иако клатното се ниша земјата под клатното не ротира. Дури овој експеримент можеш сам да го направиш. Најди некое клатно и постави го во мирување и набљудувај дали само од себе ќе почне да се ниша или придвижи. Автобуси се уште немало во почеток на 19-ти век. А и сега покрај тоа што наведуваш примери со автомобили,авиони или автобуси тие ништо друго и не докажуваат освен тоа дека и кога си статичен можеш да се движиш. "РОТАЦИЈАТА НА ЗЕМЈАТА" е измислена во 19-ти век во време кога не постојат автомобили,автобуси и авиони. Прецизно измерената брзина на "ротација на земјата" од 1670км/ч е измислица од 21-век која никој не може практично да ја провери ниту докаже.
Пак не си разбрал. Експериментот не е дали нишалото се движи, туку патеката која ја опишува дури се движи. Да го ставиш во мирување нишалото е прилично бесцелно.

Во меѓувреме, пар века после експериментон, имаме создадено жироскопи, механички и оптички, кои само ги потврдуваат резултатите од нишалото.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.540
Поени од реакции
9.094

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.614
Поени од реакции
3.725
Вака, она што го гледаш на сликине ти е време алоцирано од операторот на аеродромот/авио компанијата. Прават разумна проценка со цел да го задржат распоредот.

Ама тоа не е она што те мачи. Според она што го кажуваш, колку што можам да те разберам, доколку едно тело се оддели од земјата, под претпоставка земјата да ротира, според твоето разбирање истото тело треба да заостане зад земјата одредено растојание. Зависно од брзината од која се движи земјата и времето кое телото е одвоено од неа.

Го игнорираш фактот дека земјата веќе му ја има "пренесено" брзината на телото. Или ако претпочиташ, земјата и телото веќе се движат со иста брзина пред да се одвои телото од самата земја. Кога ќе се одвои од земјата, телото, ја задржува брзината. Кога ти викаат дека земјата, атмосферата (и телото) се систем, на ова се мисли.

Авионот може додава или одзема од оваа брзина и како резултат завршува да се движи со одредена брзина во однос со земјата. Без разлика на насоката, за даден правец, со константна и иста брзина релативна со земјата, дадено растојание ќе го помине за ист временски период.


Е сеа, ти можеш да го спориш ова, ама однесувањето е опишано и докажано со законите на движењето. Можеш и сам да ги тестираш.

Мој предлог е да се качиш во авион и да порипаш во ходникот. Со оглед на тоа што млазните авиони се движат со брзина од 600km/h, а должината на телото на авионот е ~ 70 метри, за помалку од една секуна би требало да си "залепен" за задниот дел од авионот.

Или можеш да го пробаш истово во воз. Брзината би ти била 7%-10% од онаа на авионот.


Во принцип, ако си глуп, може и другар некој да те вози на хауба, ама таму проблемот е шо ќе се деси ако закочи нагло. Според Њутновите закони за движење, кој и да е на хаубата би продолжил да се движи. Шо може да заврши со несакани последици.
Автоматски споено мислење:


Пак не си разбрал. Експериментот не е дали нишалото се движи, туку патеката која ја опишува дури се движи. Да го ставиш во мирување нишалото е прилично бесцелно.

Во меѓувреме, пар века после експериментон, имаме создадено жироскопи, механички и оптички, кои само ги потврдуваат резултатите од нишалото.
Во духот од твојов допис, еве еден мој предлог до тебе; слободно „качи„ се на Месечината и онака непосредно и „во живо„, извести не‘ дали твоето вродено око гледа „вртење„ на Земјава околу Сонцето или „вртење„ на Месечината околу Земјава или „вртење„ на Земјава околу сама себе...или твоето око ќе гледа нешто до сега невидено...
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
@Red Zurla

Гледам се збуни. Се случува коа вон контекст ги гледаш нештата.

За да го направиш експериментот потребно е нишалото да ставено во движење во однос на земјата. Со други зборови, нишало кое е во мирување во однос на земјата е бесцелно за експериментот.
Автоматски споено мислење:

Во духот од твојов допис, еве еден мој предлог до тебе; слободно „качи„ се на Месечината и онака непосредно и „во живо„, извести не‘ дали твоето вродено око гледа „вртење„ на Земјава околу Сонцето или „вртење„ на Месечината околу Земјава или „вртење„ на Земјава околу сама себе...или твоето око гледа нешто до сега невидено...
Со окото сигурно нема да измериш ништо. И нема потреба за качување на месечината, има други попрактични методи. Ама ако ти е мерак, слободно качи се, па пиши ни.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.540
Поени од реакции
9.094
Во духот од твојов допис, еве еден мој предлог до тебе; слободно „качи„ се на Месечината и онака непосредно и „во живо„, извести не‘ дали твоето вродено око гледа „вртење„ на Земјава околу Сонцето или „вртење„ на Месечината околу Земјава или „вртење„ на Земјава околу сама себе...или твоето око ќе гледа нешто до сега невидено...
Не вреди веќе да си трошиш нерви и време овде... На фанатици не можеш да им објасниш.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.614
Поени од реакции
3.725
Со окото сигурно нема да измериш ништо. И нема потреба за качување на месечината, има други попрактични методи. Ама ако ти е мерак, слободно качи се, па пиши ни.
Не ми бегај од предлогот.

Па токму ти предложуваш речиси неизведливи нешта од кои би требало да се изведе некакво сознание, ама твоите предлози важат само за другите, не и за тебе...

Окото не го користам за мерење, тоа ионака не е мерен уред, туку служи за она за кое е створено.

Прилично сум сит од ситуации каде некој лик, користејќи маса од зборови, сака да ги објасни природните феномени натурајќи ја масата од зборови врз феномените, сметајќи дека така дал точен опис на разгледуваниот феномен. Безмалку иста е ситуацијата каде некој лик користи математички равенки и смета дека резултатот од равенката е посилен и поточен од видливоста од самиот феномен....
Автоматски споено мислење:

Не вреди веќе да си трошиш нерви и време овде... На фанатици не можеш да им објасниш.

Секако дека не можам, до доволно е ако им стане јасно дека постојат и поинакви размислувања од нивните „докажани„ вистини...
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.540
Поени од реакции
9.094
Прилично сум сит од ситуации каде некој лик, користејќи маса од зборови, сака да ги објасни природните феномени натурајќи ја масата од зборови врз феномените, сметајќи дека така дал точен опис на разгледуваниот феномен. Безмалку иста е ситуацијата каде некој лик користи математички равенки и смета дека резултатот од равенката е посилен и поточен од видливоста од самиот феномен....
Одлично напишано.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.423
Поени од реакции
19.541
@PROROKOT

Еве одговори ти, зшто има сан и мун еклипс?
Кратко и јасно.
Без евангелија и литургие.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Не ми бегај од предлогот.

Па токму ти предложуваш речиси неизведливи нешта од кои би требало да се изведе некакво сознание, ама твоите предлози важат само за другите, не и за тебе...

Окото не го користам за мерење, тоа ионака не е мерен уред, туку служи за она за кое е створено.

Прилично сум сит од ситуации каде некој лик, користејќи маса од зборови, сака да ги објасни природните феномени натурајќи ја масата од зборови врз феномените, сметајќи дека така дал точен опис на разгледуваниот феномен. Безмалку иста е ситуацијата каде некој лик користи математички равенки и смета дека резултатот од равенката е посилен и поточен од видливоста од самиот феномен....
Шо е неизводливо? Во авион да се качиш или воз?

И кажи ми како со "вид" ќе опишеш температура или брзина на, да кажеме автомобил? :D


Инаку уредот шо ти ко користиш за да комуницираш овде е последица на онаа маса зборови. Една мала грамада знаење од областите на физика, хемија, математика, вклучувајќи логика, статистика и информатика, географија е собрана и целисходно искористена за коа јас ќе кликнам едно копче на тастатурава, истото да биде испроцесирано и пратено до посакуваното место.

Ти верувам дека ти стои доста апстрактно.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.614
Поени од реакции
3.725
@PROROKOT

Еве одговори ти, зшто има сан и мун еклипс?
Кратко и јасно.
Без евангелија и литургие.
Кратко и јасно-природно е да има.
Без евангелија и без литургија...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom