jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.578
- Поени од реакции
- 27.426
Не додавам hostility, си праиме муабет. Еве јас како човек што учествува во процес на примање нов вработен истовремено сум многу свесен дека како што викаш нема да можам да ја оценам неговата работна етика од 2-3 интервјуа. Но од друга страна и да има 10 интервјуа од по 5 саати, пак нема да можеш да го оцениш човек. Едноставно повеќе се држиш до gut feeling, сакал или неќел. Тоа ми беше коментарот. Имам доста искуство да знам дека одреден процент луѓе кои се филтрираат и примаат во фирмите се грешка@Lester Freamon да не цитирам, последното е веќе малце поелаборативен одговор од претходниот.
Знам дека процесот на одбирање на кандидат вклучува повеќе параметри - плата, технички скилови, понашање/комуникација, софт скилови и тн и тн. Не сум од Марс. Јас конкретно се интересирав за техничките аспекти, особено кај оние што се најтесен круг. Поентата беше да добијам слика за да ја дознаам подлабоко и другата страна од ете, прва рака и ваши искуства.
Сепак добив солидни одговори и сега ми е појасно од прилика како стојат нештата од гледна точка на интервјуер.
Конкретно пример, највеќе ме интересираше колку вам ви е голем "минусот" кај кандидат што пример нема искуство со NoSql, Редукс или што и да е што го користите во вашиот СУБдомен или програмерска ниша. Оние "Nice to have" знаења, искуства и познавања, кои уствари според мое искуство делуваат како се mandatory. Дали ако некој не знае нешто од тие "nice to haves" а бара помала плата од некој што ги знае, дали и за колку помала плата ќе го примите тој што нема искуство во таа алатка/технологија?
Сум работел на монолит вие користите микросервиси, такви некои примери.
Но, отиде муабетот на боди ленгуиџ и тн. Али не е битно, го ценам одговорот. Малце чуден и контроверзен беше првиот, мора да признаам, но се разбравме на крајот.
@jamajka
Тој ризик на напуштање после X месеци постои кај секаков сениоритет, можеби е поголем кај џуниори, но сепак постои кај сите повеќе или помалку.
Не е нужно проблемот кај јуниорот, едноставно свашта нешто постои. Секој си е прича за себе и не може да се генерализира.
Досега сум барал покачување после 6/9/12+ месеци бидејќи сметам дека супер сум се вклопил во фирмата, не сум добил ништо. Фала богу дека ќе почнам да размислувам за чаре. Чекам уште неколку месеци, барам пак, ако тоа не се случи или гледаат да ми замачкаат очи и да ми наведат 50 оправдувања и вртења, едноставно нема што да бидам лојален. Постојано некои изговори, постојано барање влакно во јајце, јадење гомца за бирократски ситници (не си пополнувал time sheet секој ден, туку нареден ден или на крај од недела и такви глупости) за да не ти покачат 100 евра него мочани 50 евра месечно. Фирмите се станати циганарија и тоа е ноторен факт и нема бегање. Сакаат да е*ат а не сакаат да им влезе.
Ако имам што да учам и да совладувам, ако имам адекватен support, парите не ми се воопшто пресудни. Моментално се наоѓам у средина каде што ситно прашање со ствар со која за прв пат се среќавам им е како да сум ги прашал да им ги оплодам жените/девојките. Треба да МОЛАМ за помош. Аверзија ствараат такви моменти едноставно. Но, тоа е дел од процесот и менување нема.
Ако сум у фирма каде што ќе има многу што да совладам, каде што ќе имам поддршка, потенцијал и простор за долгорочен раст и развој, ќе бидам лојален без оглед на се. Ако не, зашто непродуктивно да си губам време и нерви? Само за bragging rights и можност утре да викам "Низ трња бос сум одел", и да тренирам ментална издржливост на штета на своето здравје? Не фала.
Патем не зборам за ентри левел, него позиции за "поискусни" јуниори.
Никаде не предлагам/имплицирам каков треба да биде процесот за избор на кандидат. Поставив неколку прашања кои ме интересираат, пред се во технички поглед и кажав дека од мое искуство процесот е прилично рандом и circumstantial (што реално и е). Толку. Најбитното прашање ми беше кај оној финален филтер што го праите пред се во технички поглед - пример колку јас би бил во минус ако не сум користел тоа што они го бараат, туку нешто друго во рамки на самиот програмерски субдомен.
Веќе кога збориме за боди ленгуиџ, не сте свесни како и колку им се мења фацата и им паѓа ентузијазам истиот момент кога дознаваат дека не сум имал никакво искуство со (лупам) Реакт него со Ангулар. Доста ретко интервјуата биле базирани за тоа ЈА што сум го користел у текот на моето работно искуство, него најчесто муабетот се вртел околу тоа што на нив им треба, т.е она што они го користат како технологија. 1/10 фирми ќе биде фокусирана на она што јас сум го работел.
Али ете, тоа, по она што вие го кажувате не е толку пресудно да се има искуство со стварите што дадената фирма ги користи.
Патем, не сум овде да се расправам, контрам или мудрувам, и не знам зашто сфаќате така и одма додавате доза на hostility. Ги поставив овие прашања за да ја дознаам и другата страна. Тоа е тоа.

Јас избегавам да генерализирам и фирми и вработени. Ниту па идам со предрасуди. Генерално ги кажувам проблемите со вработените. За тоа не се криви вработените, туку цел мајндсет кој се наметна во оваа индустрија. Притоа морам да кажам и јас самиот сум делумно крив за тој мајндсет.
За тоа што викаш дека треба да молиш за помош, туку не се криви фирмите, туку едноставно не сакаат да се замараат луѓето со јуниори или воопшто со нови луѓе. А има некои се плашат дека новите ќе им ја земат работата, има некои кои едноставно не знаат да менторираат. Генерално јас сум немал проблем со тоа и ретко сум одбил некого и тоа било зошто моментално сум имал некаква работа.
Што се однесува до избор на кандидат, важно ми е кандидатот да има знаење некакво од конкретната технологија, тоа значи ако ми треба Реакт да знае Реакт, а не Ангулар. Ама не секогаш е пресудно тоа, некогаш е доволна жќелбата да научи, доколку оценам дека има капацитет. Обично на тие кандидати што сум им правел јас интервју, сум немал утка за кандидатот, барем не памтам некад да сум утнал во изборот.
Иначе моето мото е секое искуство е позитивно искуство, па макар и да е најлошото искуство од типот на "Низ трња бос сум одел". Јас сум генерално воркохолик и таквите работи сум ги гледал повеќе како предизвик. Такви се претежно хаотичните стартапи на кои техничкиот капацитет им е далеку надминат и со крајни напори ги одржуваш во живот, додека паралелно ги реструктуираш на база на искуствата.