Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.268
- Поени од реакции
- 12.271
Како што не чувстуваш дека колата се движи (ти си дел од референтниот систем кола), така и колата е дел од референтниот систем (заедно со тебе)... и следува дека, што?Да но тој автомобил вози по рамна површина еве да речеме автопат. Додека вози право како што пишуваш нема да се почувствува брзината. Ако завртиш на кривина со таа брзина ќе почувствуваш. Но освен брзината на колата по рамен пат НЕ ЗЕМАШ ВО ПРЕДВИД "РОТИРАЊЕ НА ЗЕМЈАТА СОСЕ АТМОСФЕРАТА". ДАЛИ додека возиш со автомобил право по автопат ЧУВСТВУВАШ "РОТИРАЊЕ НА РЕФЕРЕНТНИОТ СИСТЕМ НА ЗЕМЈАТА И АТМОСФЕРАТА"?
Значи се сложивме дека не се чувстува движење ако си дел од системот што се движи со константна брзина!
Шуќур
Правилото дека не може да почувстуваш движење ако си дел од системот што се движи и тој систем не забрзува или не кочи туку се движи со иста брзина, важи за било кој систем што се движи со константна брзина и кој што не забрзува или забавува. Дали е кола или Земјата како нешто многу поголемо, небитно е бидејќи штом ја земеш Земјата како референтен систем се зголемува сликата/просторот во кој се движи тоа тело (а ти си мал незначителен објект од тој систем).
Земи авион кој што се движи со константна брзина нема да почувствуваш дека се движиш ако се затворени прозорците. Ќе забележиш движење, поточно искуството што го собрал умот ќе ти даде идеја дека се движиш а всушност силата што ја чувстуваш како те притиска за седиштето Е спротивно од движењето на авионот кој што забрзува да летне.
Како исчезнува идејата дека се движиш откако авионот ќе достигне брзина од 400км/h и не забрзува или успорува повеќе? Гледаш само како Земјата долу се менува, ти минува под нозе...
Не се движи авионот туку Земјата?
Не знам што повеќе да ти кажам, ептен треба основни работи физика да се објаснуваат, а сам може да го направиш тоа кога ќе сакаш и имаш време.