Бугарите воделе неколку војни за Македонија во минатион век, двете балкански и двете светски војни и секогаш биле на погрешната страна (со силите на централно-европската оска) и секогаш испаѓале војни лузери/губитници. Не само територијата на географска МКД (Вардар/Егеј/Пирин), туку они воделе војни и за други т.н. свои историски земји, цела Тракија, цела Добруџа, делови од источна Србија(Моравија) и.т.н. Но бидејќи неможат да малтретираат држави кои се или еднакви или поголеми и помоќни од нив, се фатија со нас кои сме најмали и најслаби и ќе не гњават со некакви си глупости, едноставно македонскиот идентитет незнам колку и да е килав, климав, млад, нов, шашаф... сепак постои, неможе бре у трета декада на 21 век цел еден народ кој си има изградено сопствен Македоно-Словенски идентитет, да го преиначуваш у нешто друго, да биде незнам Српски т.е. Јужносрбијански народ или Бугарски т.е. Западнобугарски народ, таја работа не бидуа. Да, сме слични, по традиции, култура, јазик, религија, сме сите Јужнословенски народи, ама сепак сме различни оформени нации !