Војна за храна

Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.718
Поени од реакции
6.094
Прегледај го приврзокот 340062

...реков не пониска од 10 денари кило, а ако ти си способен трговец наполни приколица и понуди низ цела МКД за 50 ден кило како почна од почеток да продава штипјанецот со шпанска сорта бостан, но нема да дојде прекупец да ти ја спадне испод 10 денари, како што е сега откуп на струмички бостан кило 1 ден, срамота за трудот, а државата не превзема заштита, бетер и бетер иде, впрочем во 2018 беше 2-3 денари кило со повисок стандард , а сега...дотолчени со поскапени други пропатни работи во одгледувањето.
Ne ti lezat ovie raboti za razbiranje, a?
Jas ti dadov prost primer sto ke se sluci ako ti, kako vlast, me uslovis da kupuvam po nerealna pazarna cena.
I te prasav sto ke pravis togas. Sto mi linkuvas info portal?
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
"You dont have to kill everybody... although, I dont mind if you do. I actually think it is awesome " :pos:
Туку се прашувам шо се труди га ги освести кога мисли дека е awesome, пример ја се слагам со изјавата и прекинав да се замарам оти се е како треба. Он изгледа паре прај од видеата, така убаф и згоден. На убо место се населил, храна таму ќе има :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.612
Поени од реакции
37.567
Ne ti lezat ovie raboti za razbiranje, a?
Jas ti dadov prost primer sto ke se sluci ako ti, kako vlast, me uslovis da kupuvam po nerealna pazarna cena.
I te prasav sto ke pravis togas. Sto mi linkuvas info portal?
ај нема врска, не се разбираме, на различна бранова должина сме, јас како власт ја одредувам минималната цена со што земјоделецот ќе успее да опстане со сите дадени расходи при одгледување на бостанот и нема да го заебам да увезам бостан во размена за нешто друго и ќе го дадам на пазар за 0,50 дени кило и да го заебам нашиот земјоделец за да си дозволам сопствен профит, а на јавни медиуми да глумам лудило дека ги помагам земјоделците!
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.957
Поени од реакции
8.606
Слободниот пазар го уништи нашето земјоделие. Нашите квалитетни производи идат за европа. Ние добиваме пластични турски кромиди и патлиџани, грав од киргистан, лук од кина, итн.
Типично мислење на човек кој не отишол подалеку во животот од Врање.

Нашите земјоделски производи немаат квалитет. Едно што се сезонски. Друго неконкурентни со шпанските, италијанските и холанѓанските земјоделски производи. Овие последниве го имаат усовршено земјоделството до крајност. Со нивниот начин на одгледување они можат да произведат производ квалитетен и долготраен, плус со помалку хемија.

Македонските земјоделски производи се сезонски со многу пестициди и додека да ја поминат границата и стигнат до Врање се веќе скапани и не вредат ништо освен за некоја суровина.

Цел концепт на нашето земјоделство е промашен. Јас не знам зошто државата има земјоделски факултет?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Јасно ми е мене се, колку што гледам изгледа од ист крај сме :)
И не можеш ни да ги обвиниш што избегале. Кај нас земјоделието е потценета работа, секогаш било. Мислам дека најмногу придонесе границите што се отворија за работа надвор. Кога беше платата 150-200 евра и кога беа цените пониски имаше некоја математика. Сега минималецот нагло се крена а откупните цени во земјоделието горе-долу останаа непроменети. Цените на инпутите исто пораснаа. Сега повеќе се исплати да работиш во фабрика на лента отколку земјоделие. Плата редовна, придонеси платени, јадење и превоз обезбедени. Нити те врни ниту те дува. Нема нервози дали ќе ти го откупат сработеното, дали власта ќе пушти субвенции, платата на први, чисти пари.

Има некои што се офајдија и од земјоделие, посебно во времето на Грујо. Зедоа трактори, машинерија, земја. Ама и тоа како и се друго во државичево оди со врски и рушвети, не се многу таквите. Да не се разбереме погрешно, земјоделието е бизнис како и секој друг, бара вложување и многу работа за која што грото од рајата овде не е подготвена. Една од причините е баш и тоа што рече, сите бркаат лагоден живот, по можност да се влезе на државно да се цица буџетот, кафе, одмор, неработни денови. После се чудиме оти сиромаштија. Епа не може еден в нива во Август а тројца на плажа во Грција.

Тоа видеата се научна фантастика за нас.
Види земјоделието не е ништо поразлично од останатите индустрии, сум пишувал и на други теми. Трендот е корпорации (комунизам во помал размер само овој пат воден од приватници), така да пак ќе се вратиме/се враќаме кон укрупнување на земјиштето и формирање на блокови (веќе се работи со години на ова), и следна фаза е негово користење/менаџирање од големи компании. Сите останати ќе бидат само вработени, едноставно преголема е инвестицијата за да бидат конкурентни.
Во земјоделието за average Joe ќе остане простор само ако произведува органска храна, или пак само за сопствени потреби.
Субвенциите не може да се вечни, особено не за култури кои се помалку би биле барани (пример тутунот).
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.913
Поени од реакции
42.613
Типично мислење на човек кој не отишол подалеку во животот од Врање.

Нашите земјоделски производи немаат квалитет. Едно што се сезонски. Друго неконкурентни со шпанските, италијанските и холанѓанските земјоделски производи. Овие последниве го имаат усовршено земјоделството до крајност. Со нивниот начин на одгледување они можат да произведат производ квалитетен и долготраен, плус со помалку хемија.

Македонските земјоделски производи се сезонски со многу пестициди и додека да ја поминат границата и стигнат до Врање се веќе скапани и не вредат ништо освен за некоја суровина.

Цел концепт на нашето земјоделство е промашен. Јас не знам зошто државата има земјоделски факултет?
А што знаеш ти за земјоделие? Стварно мислиш дека земјоделски производ може да се произведе без пестицид и да не изгледа како да е произведен у чернобил?

Тие што ги спомнуваш баш спротивното го праат и користат еден тон повеќе пестициди него македонецот. Али немаш врска со реалноста па затоа тропаш.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Види земјоделието не е ништо поразлично од останатите индустрии, сум пишувал и на други теми. Трендот е корпорации (комунизам во помал размер само овој пат воден од приватници), така да пак ќе се вратиме/се враќаме кон укрупнување на земјиштето и формирање на блокови (веќе се работи со години на ова), и следна фаза е негово користење/менаџирање од големи компании. Сите останати ќе бидат само вработени, едноставно преголема е инвестицијата за да бидат конкурентни.
Во земјоделието за average Joe ќе остане простор само ако произведува органска храна, или пак само за сопствени потреби.
Субвенциите не може да се вечни, особено не за култури кои се помалку би биле барани (пример тутунот).
За просечниот Џо тоа звучи како деволуција или враќање чекор назад од моменталната фаза закрепостен селанин во стадиум на роб. Колективизацијата е една од најлошите работи кои му се случиле на селанецот кај нас.
Мене подобро ми звучи идејата за мали фарми со насочено производство и модернизација, отколку корпорациско земјоделие.
Патем, за кај нас, како стојат работите немаме капацитет ниту за едното ниту за другото. Онаа идеја за продажба на земјоделското земјиште на странци, поверојатно е повторно да оживее за скоро, отколку некој сериозно да се зафати со реформи. Пример за тоа ни е блиската историја, по што не не бива да менаџираме, најлесно е земи продај за семки.

Искрено не знам како се работи земјоделието на Запад, ама кризава во Украина вака од страна гледано, лаички, покажа дека кога станува збор за тој сектор, независно колку модернизиран, во глобални рамки не бил никаков фактор штом се потепаа меѓу себе за брашно и масло и општо за храна и суровини за производство на истата.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.957
Поени од реакции
8.606
Финтата со Украина и тоа дека Американците купиле една третина од обработливото земјиште и тоа што Бил ГејЦ е во моментов најголемиот земјопоседник у Америка зборува за тоа дека светот ќе се концентрира на производство на биолошки газ. За негово производство е потребно пченка и уште по некоја земјоделска култура.
На холанѓаните од кога ќе им ја земат земјата, сигурно ќе ја шитнат на Америте баш за таа намена.
Кога многу од овие производи ќе одат за производство на газ. Ќе нема храна за домашни животни па веќе гледаме каконне убедуваат дека месото не е убаво и треба да се јаде синтетичко :)

Нема ништо случајно
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.248
Поени од реакции
30.507

E da, gazot samo so jadenje pcenka moze da porasne prirodno.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.109
Поени од реакции
9.468

До сега цело време препорачуваа да се бутаат протеини, а да се намали со јаглен-хидрати, шеќери и масти. Сега викаат, олабавете со тоа протеините. Урина од човек кој е на доминантно протеинска исхрана да ти била штетна за човековата околина.

Закрепостени селани, тоа е иднината...............
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
За просечниот Џо тоа звучи како деволуција или враќање чекор назад од моменталната фаза закрепостен селанин во стадиум на роб. Колективизацијата е една од најлошите работи кои му се случиле на селанецот кај нас.
Мене подобро ми звучи идејата за мали фарми со насочено производство и модернизација, отколку корпорациско земјоделие.
Патем, за кај нас, како стојат работите немаме капацитет ниту за едното ниту за другото. Онаа идеја за продажба на земјоделското земјиште на странци, поверојатно е повторно да оживее за скоро, отколку некој сериозно да се зафати со реформи. Пример за тоа ни е блиската историја, по што не не бива да менаџираме, најлесно е земи продај за семки.

Искрено не знам како се работи земјоделието на Запад, ама кризава во Украина вака од страна гледано, лаички, покажа дека кога станува збор за тој сектор, независно колку модернизиран, во глобални рамки не бил никаков фактор штом се потепаа меѓу себе за брашно и масло и општо за храна и суровини за производство на истата.
Реалноста е таа, ако сакаат ќе може да работат, ако не никому ништо.
Инаку и да нема кој да работи ќе си увезат, еве ги тука backpackers си носат за таквите работи (минималец, плус има ослободувања од даноците). Цените и таму одат нагоре, па ќе може да си донесе робови од „земјите од трет свет“.
Инаку Европа е повеќе зависна, тука во АУС произведуваат буквално се дома, имаат храна за уште + 10 милиони, а и се можно што ќе им затреба. Кога влегуваш во маркет 99% од производите ти се made in australia, затоа и имаат толку многу можности за вработување, имаш фабрики за се што ќе посакаш.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.957
Поени од реакции
8.606
E da, gazot samo so jadenje pcenka moze da porasne prirodno.
Не е до пченката колку што ќе биде дефицит на квалитетно обработливо земјиште. Гладот на оваа нова индустрија за некои земјоделски гранки ќе биде огромен.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.718
Поени од реакции
6.094
Не е до пченката колку што ќе биде дефицит на квалитетно обработливо земјиште.
Da, posto nema tehnologija za proizvodstvo na kvalitetno zemjiste....

Alo , Izrael sto e nad 60% pustina, so nikakvo zemjiste I bez voda, rastura vo proizvodstvo na hrana. Prvi se vo svet za oprema za desalinuzacija na morska voda, prvi vo svet po oprema za navodnuvanje...
Ne batki, nema nesto sto ne se moze. Samo treba da se saka. Proizvodstvo na hrana ne e nikakov problem koga seriozno bi mu se pristapelo na toj moment.

PS. Da ne pocnuvam muabet deka za ogromen del od rastitelna hrana so hidroponika ne treba voopsto zemja.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.612
Поени од реакции
37.567
Цел концепт на нашето земјоделство е промашен. Јас не знам зошто државата има земјоделски факултет?
... па искрено не треба да постои ниеден факултет, според тоа што е во учебникот, а што е на терен...посебно архитектонскиот факултет!
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.628
Поени од реакции
3.949
Zalno e ako stvarno rabotis na teren so hrana I imas vakvo razmisluvanje. Drzavata sakas da ti bara pazar, ccc...
I ako tie tvoi poznati, stvarno ne mozat da zemat viljuskar, veruvaj, vo niv e problemot. Ne gi biva, bez ljutis... Posto jas poznavam (isto, od site ovie godini po teren) drugi koi kupile mnogu povredna oprema.
A toa so cresite, ti rekov, drugata godina ti otkupuvaj im gi cresite vo Prespa I napolni se pari :)

Licno mislam deka zadrugite se mnogu dobra rabota.
Sum imal prilika da vidam detalno kako funkcioniraat vo stranstvo, strasno voodusevuvacki e kolku e ednostavno I funkcionalno, a od druga strana razocarruvacki e koga svakas deka takva prosta rabota tesko ke profunkcionira kaj nas...
Јас ти кажувам каква е реалната состојба, државата нема ниту финансии ниту желба да им помогне реално на земјоделците. Главниот на задругата има и бизнис на страна со откуп на производи и е одличен докажан бизнисмен, поентата е дека како задруга не им помагаат ни за најосновни работи да ги мотивираат да бидат успешна приказна и други да видат од нив да почнат по тој принцип а не пак за милионски цифри како што спомнуваше ти пред некоја страна. За еден трактор да земеш кај нас треба партиски книшки, мито и сл глупости а не пак за милионски цифри ќе те одерат локалните шерифи

Убаво што си видел како функционираат задругите, и јас сум видел во Грција ама прашај ги какви бесни суми од државата имаат добиено за да стигнат до тоа ниво

Типично мислење на човек кој не отишол подалеку во животот од Врање.

Нашите земјоделски производи немаат квалитет.

Македонските земјоделски производи се сезонски со многу пестициди и додека да ја поминат границата и стигнат до Врање се веќе скапани и не вредат ништо освен за некоја суровина.
Не е се така црно. Како некој што бил и работел може да ти кажам дека кај нас јаболкото во Ресен се прска дупло помалку пати во споредба со она во Северна Италија или Словенија на пример, иста е ситуацијата и со винско трпезно грозје во земјиве што ги кажав погоре. Во Западна Европа се користи и значително повеќе хемија кај житарките додека кај нас поради поволната клима може да се помине со многу помалку, е сега немаме стандардизација немаме услови перфектни за чување на истите, имаме слаби дистрибутивни канали итн. Ама барем сеуште кај нас може да најдеш зеленчук од автохтони семиња не гмо/хибриди и сл глупости
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom