Геро е прилично прецизен, Македонија треба да се спротистави на ова силување од Европа, а Владата да престани да се прави дека водиме љубов.
Сите овие ЕУ серковци, како Врахеји нема ни да ги памтиме за некоја година, а во 2024 кога ќе има избори, и самата Европа ќе биде поразлична.
Добивме конференција и сликање – чуму сега пак брзање?
Навистина никаде не гори. Треба да се издржи. Треба да се има малку трпение.
Па не можеме да си дозволиме да бидеме вака безочно и дивјачки силувани и да се самозалажуваме дека „водиме љубов“ со Брисел!
Со европските државници мора да се разговара упорно но принципиелно, пријателски но со инсистирање дека мора да се почитува и достоинството на еден народ и на една држава што сака да биде дел од ЕУ за да ги споделува европските вредности, а не за да биде бугарска губернија на Балканот.
А Европа не се само бриселските бирократи. Европа се и многу познати поранешни политичари, интелектуалци, новинари и јавни личности, кои секојдневно во јавните настапи и во медиумите укажуваат на фактот дека ова што се случува со Македонија е преседан од кој Европската Унија треба да се срами.
Сакам да кажам, имаме и аргументи, и мегдан за разговор, и пријатели во ЕУ што ќе ги поддржат нашите разумни позиции.
По втор пат прашувам – чуму тогаш брзање?
Добро, се брзаше за првата меѓувладина конференција, да се каже дека сме почнале преговори со ЕУ, да може и Албанија да си го тера процесот без нас и веројатно побрзо и полесно самата.
Ете, во ред, бидна тоа – чуму брзање сега?
Подготвени ли сме како политички субјекти и како општество набрзина и безглаво да влеземе во процесот што се вика отворање на Уставот?
Знаеме ли што нѐ чека попатно?
Пресметани ли се ризиците?
Не помислува ли некој дека е разумно да се направи макар и обид да се смират страстите во Македонија, да се поработи на надминување на страшните конфликти и на омразата меѓу самите Македонци?
Па мора ли сѐ на нож, мајку му стара?!
Ако не ги внесеме Бугарите во Уставот, скринингот ќе запре. Процесот ќе запре. Новата блокада нема да значи вето од Бугарија, туку доказ дека земјата кандидат не е подготвена да го испорача условот. Евроамбасадорот Гир во две јасни реченици ни го соопшти тој наратив, според кој никој друг не...
plusinfo.mk