Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.993
Поени од реакции
5.140
Да расчистиме уште една битна работа!
Овие наследници на комунистите, се само тоа! Наследници на комунисти, партиска багра, и ништо повеќе!
Ни дедовците им биле партизани! Ни се бореле во животот за нешто! Ни па самите знаат што се!
И ова не го сонувам, туку го знам од прва рака!
На баба ми брат е загинат 44’ и закопан во Спомен Костурница. Скоро сите другари од маало што заминале партизани(а биле деца на 16-18год) се загинати…
На зет ми тројца дедовци му се загинати!
Ниту еден, ама повторувам ниту еден од нив не бил комунист, туку се бореле за слобода по сопствени убедувања!

За разлика од нив! Најголемите лигуши што останале дома, или се правеле недоветни, или убаво си живееле под окупаторска чизма… Е баш тие станале најголеми комунисти, или да бидам попрецизен титовисти со партизанска споменица од “битката на јорган планина” 1945-46!

А бар ние во мал град си се знаеме сите, и старите памтат/памтеле! Си се знаеме кој од која фамилија со чисто срце пошол да се бори за Македонија(без разлика со какви политички уверувања), а кој биле партиските гмизавци што го окупирале и му се испосрале на НОБ од 45’-та натака!

Е овие монструми денес, се наследници на тие исти монструми од тогаш! Лигуши и безрбетници, апаши и ситни души!
Единствена битка што ја водел дедо и на оваа шизофреничнава, е битката у партија дали да фати трособен или петособен стан! Само што заборава шизофреникот дека ако некој тогаш морал да ги трпи “херојските приказни” на нејзините претци, денес никој не е должен да и ги трпи нејзините шизофренични срања. Разобличени се до коска кој се и што се!
Ама они во својата шизофренија уште веруваат дека се “државотворен екемент”!
…а од секогаш биле само измеќари и газолизачи на повисоки структури, последниве 40 години на странски агентури пардон амбасади!
Одличи забелешки...

Безмалку истово, ама малку дипломатски, го има кажано и професорката Ачковска, опасен познавач на поновата македонска историја. Вели дека 1941-вата, во тогашна Македонија (вардраски дел), имало не повеќе од 200-300 комунисти, кои како бројка се смешно малку за да започнат акции против окупаторските војски низ тогашна Македонија. Тогаш, кои се сите оние борци кои реално учествивале во воените дејства од НОВ? Секако дека не се комунистите, туку збир од поединци со одредена определба, понајмалку про-комунистичка, туку повеќе про-национална, со желба за создавање своја национална држава, после векови од робување.

„Кваката„ е во тоа што од таа војна профитираа не реалните борци (меѓу нив и моите дедовци, кои до нивната смрт останаа клошари...), туку разно-разните членови на тогашната КП за Македонија, чии деца и внуци до ден-денес уживаат бенефити на туѓ грб...

Затоа да не се чудиме на малоумните изјави по медиуми од комињари кои цел живот паразитираат на наследството и позициите од нивните татковци и кои не се испотиле да стигнат до нивните денешни позиции, кои им се загарантирани уште по раѓање...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.248
Поени од реакции
16.393

мисирот и гебелсите отекоа со македонскиот во ЕУ...па еве има и Украински па и Босански, а БиХ абер нема....
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.791
Поени од реакции
8.500

Мислам дека од овој аспект не треба да се оди од една екстрема во друга. Имало доста голем број на про-комунистички интелектуалци и водачи во Македонија во форма на Димитар Влахов, Шарло , Павел Шатев, Васил Ивановски, Полежина и многу други биле сите комунисти по идеологија и имале длабоки врски со Советскиот Сојуз, дел од нив поминале и години живеејќи таму. Слични убедувања можат да се видат и кај претходната генерација на револуционери како Јане Сандаски, Гоце Делчев, Ѓорче Петров кои сите се декларирале себеси како левичари/социјалисти. Не е случајно што единствениот пат кога Македонија успеала да влезе официјално во агендата на една голема сила е баш во Советскиот Сојуз. Дури и Тодор Александров пред да биде убиен сакал да потпише договор за соработка со СССР.

Од друга страна се согласувам дека апсолутното мнозинство од партизаните/револуционерите се бореле чисто за национално ослободување на Македонија и идеологијата тука играла доста мал фактор. Но сепак иако сега не можам да го најдам изворот на статистиката, за време на Кралска Југославија, Македонија претставувале некој 20% од вкупната подршка на Комунистичката партија на Југославија или на второ место, додека Србија е на прво место. Тоа секако не се некакви смешни бројки како 200-300 комунисти, но секако не била ни некоја многу широка и длабоа подршка.

Зошто сите овие ликови и нивната важност се игнорирани и заборавени е многу едноставна. Македонските комунистички водачи, слично како и Српските претставувале независни групи кои сами си се избориле за својата репутација и позиции во комитерната и како такви претставувале закана за Тито и неговата Словенско-Хрватска база на подршка. Затоа и после војната Голи Оток бил наполнет со Српските и Македонските комунисти.

Во Македонија на власт биле поставени лажни Македонци како Колишевски, "југословени" како Видое Смилевиќ или "партизани" од 1945 кои следните 45 години ќе бидат лојални кучиња на Белград и Тито и Македонија ќе ja сведат на суровинска база за Југославија. Денес децата на тие црви сеуште жарат и палат по Македонија зошто нивните татковци и дедовци ги имаат научено добро како да бидат добри робови и секогаш да си бараат господар од надвор кој ќе стави да владеат врз народот зошто така првпат и они дошле на власт.

Исто така тезата дека едно движење не може да биде про-комунистичко и про-национално не е баш издржана. Зарем Хо Ши Мин, Кастро, Мао не биле комунисти додека примарно се бореле за независност на нивните земји.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2018
Мислења
4.858
Поени од реакции
10.824
Добро, за воља на вистината, повеќето младинци и идни партизани имале левичарско-комунистичка ориентација!
Меѓутоа особено битно е да се нагласи дека биле пред се идеалисти, и се бореле за идеали!
Не биле партиски гмизавци, а најголемиот дел немале ни книшка!
Деца што се бореле за подобро утре!

Меѓутоа секоја револуција си ги јаде сопствените деца!
Па кога добар дел од нив изгинале за идеали, и веќе се гледало светлото на крајот од тунелот… дошле овие “другиве”,”правите”,”титовите”!
Тие што не ги бивало за пушка во рака, ама биле добри во покажувањето со рака кон другите. Тие што читале реферати на состаноци, и со јазикот до земја им го лижеле на “лидерите”! Тие што место јуриш,викале браво и давале аплаузи на говоранции и збирштини!
Е тие таквите всушност победиле! И од истите тие и семката нивна гнила губиме ние и ден-денес!
Си ги знаеме…
 
Се согласувам со напишаново, освен со последниот пасус, оти лично не ја гледам врската меѓу нечија идеолошка определба, со желбата да се биде „свој на свое„.

За мене, тоа се две неспоиви нешта: да си идеолошки определен, што е личен избор заснован на прифаќање на нечија веќе „сварена„ идеологија, со национално определен, што ти е дадено по раѓање, а не личен избор или наметната идеолошка доктрина...

Примерите од историјата кои ги наведуваш се несоодветни, затоа што искуствата ни говорат дека идеологиите се често „завеса„ пред која се изведуваат идеолошки немотивирани дејанија, како што е желбата за живеење во своја национална држава, што нема врска со никаква идеологија...

Сите историски познати револуционерни преврати, почнувајќи од француската буржоаска, се водени со некое мото (слобода, братство, еднаквост, бла-бла-бла...) за да завршат во тешка диктатура и тоталитаризам, кои сами по себе се доказ за суштината и намерата за изведување револуции (а тоа е приграбување на власта на недозволен начин), а не од некои си „хумани„ побуди...
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.791
Поени од реакции
8.500
Добро, за воља на вистината, повеќето младинци и идни партизани имале левичарско-комунистичка ориентација!
Меѓутоа особено битно е да се нагласи дека биле пред се идеалисти, и се бореле за идеали!
Не биле партиски гмизавци, а најголемиот дел немале ни книшка!
Деца што се бореле за подобро утре!

Меѓутоа секоја револуција си ги јаде сопствените деца!
Па кога добар дел од нив изгинале за идеали, и веќе се гледало светлото на крајот од тунелот… дошле овие “другиве”,”правите”,”титовите”!
Тие што не ги бивало за пушка во рака, ама биле добри во покажувањето со рака кон другите. Тие што читале реферати на состаноци, и со јазикот до земја им го лижеле на “лидерите”! Тие што место јуриш,викале браво и давале аплаузи на говоранции и збирштини!
Е тие таквите всушност победиле! И од истите тие и семката нивна гнила губиме ние и ден-денес!
Си ги знаеме…
Тоа партиски гмизавци е доста помодерна пропаганда, која се користи за да се претвори политичката арена во некаков прљав збор и со тоа да се одвратат чесните луѓе од учество во неа. Со тоа паразитите и неспособните си создаваат чист пат без конкуренција за континуирано паразитирање. Како што кажав комунистите во Македнија биле доста тешки кон врвот, огромен дел биле членови и функционери во комитерната и дел живееле и во СССР и имале доста длабоки врски со нивните служби. Но сите од нив сами си се избориле за своите позиции и на база на своите квалитети. На пример јас не знам за ниту еден кој бил ликвидиран за време на чистките.

Тито и титовизмот од друга страна не се свесни огромен број која штета ни ја има направено не само на нас туку и на целиот регион ако не и пошироко. Преку инсистирањето на Трст во повоениот период, преку пресметувањето со Српските и Македонските комунисти, преку пробувањето да изврши државен удар во Албанија, преку насамарувањето на Ѓорѓи Димитров, преку предавањето на комунистите во Грција, преку примањето на сегашните Косовари избркани од Албанија и за крај секако креирањето на Неврзаните со што комплетно го пасивизирал анти-империјалистичкото движење во светот.

На економски и општествен план не ни сакам да коментирам на опширно. Мислам дека фактот дека на Комуњарите се што им останало да се фалат за од тој период е како иделе да купуваат фармерки во Трст и да имаат секс со бугарки за две пари кажува доволно. Комунистичка држава на која најголемите достигнувања и е КОНЗУМЕРИЗАМ кажува доволно само за себе.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.579
Поени од реакции
37.485

ice_screenshot_20220726-185232.jpeg

:dudlac:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.248
Поени од реакции
16.393
ама не е Србија во ЕУ па да дава Вето на Блгарија туку обратно.... а од друга страна Косово не е ни признаено како држава од некој членки на ЕУ, а ЕУ како главен услов на Србија признавање на Косово го бара...
само појако светско спукување , ВВ3 во вистинска смисла, па ќе завршат продавањата на муда за бубрези
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060

Јап сите мртви и ќе јадеме црви за Гоце, Христо и Мицко. Одлична идеја шефе!
 
Член од
8 септември 2021
Мислења
31
Поени од реакции
18
Обрнете внимание на овој пост,ова е најчесто употребувана шипптарска манипулација при комуникација со каурите.Овие приказни за мали деца им ги кажуваат на каурите додека им пазарат патлиџани и пиперки за после меткови да купат и за нова џамија у Ново Лисиче да донираат,а у меѓувреме почнале испод гробиштата у Ѓорче куќи да креваат за да се прошири Кондово.Истите тие шипптари со тезгите што лицемерно им се смешкаат и ги прават будали кога им пазарат,утредента на истиот тој каур не му дозволуваат достоинствено член на семејството да погреба.Бев на погреб у Ѓорче пред година дена и додека попот го пееше умрениот,на само 20 метри од оградата градат куќа шконои и намерно пуштаа некакво завивање до даска од некаво озвучување за да ометаат.Кој каур дига куќа на 20 метри од муслимански гробишта у Арнаќија бе еј? Од што имаат мозок ја не знам,како бе може вака да живеат?
Dobro be Jorgo kaurche ....da te posovetuvam te zaslepila omrazata, omrazata mozhe da ti shkodi mnogu ...;)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.969
Поени од реакции
34.340
Да расчистиме уште една битна работа!
Овие наследници на комунистите, се само тоа! Наследници на комунисти, партиска багра, и ништо повеќе!
Ни дедовците им биле партизани! Ни се бореле во животот за нешто! Ни па самите знаат што се!
За ова ќе ти реплицирав ама се појасни во следниот пасос:
Ниту еден, ама повторувам ниту еден од нив не бил комунист, туку се бореле за слобода по сопствени убедувања!
Така е, се бореле за идеали ама ретко кој (скоро никој) и не знаел што е комунизам и такви политички моменти. Се бореле за слобода, и за држава.

За разлика од нив! Најголемите лигуши што останале дома, или се правеле недоветни, или убаво си живееле под окупаторска чизма… Е баш тие станале најголеми комунисти, или да бидам попрецизен титовисти со партизанска споменица од “битката на јорган планина” 1945-46!

А бар ние во мал град си се знаеме сите, и старите памтат/памтеле! Си се знаеме кој од која фамилија со чисто срце пошол да се бори за Македонија(без разлика со какви политички уверувања), а кој биле партиските гмизавци што го окупирале и му се испосрале на НОБ од 45’-та натака!

Е овие монструми денес, се наследници на тие исти монструми од тогаш! Лигуши и безрбетници, апаши и ситни души!
Затоа следната прилика кога ќе има војна или нешто налик на тоа, треба не само со непријателите туку парелелно и со нив да се пресмета народот. Додека е матно. Пошто тие и сѐ најголемите непријатели. Без нив крвниците не би можеле да нѐ владеат.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Ova ne e gotcha momentot na kogo se nadeva tipot.

Site ovie imaat oformeno bugarska brigada so koja se borat zaedno so srbija protiv osmanliite.
На Балканот многу работи се измешани и некој работи се нормални или природен процес, но, Бугарите пробуваат да ја наметнат нивната шизофрена историја извадена од газот на руската академија за потребите на рускиот цар на креирање на нова нација.

Иначе сите сме Јужни Словени од Триглав до Варна.
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.225
Поени од реакции
661
Така е, се бореле за идеали ама ретко кој (скоро никој) и не знаел што е комунизам и такви политички моменти. Се бореле за слобода, и за држава.
Затоа следната прилика кога ќе има војна или нешто налик на тоа, треба не само со непријателите туку парелелно и со нив да се пресмета народот. Додека е матно. Пошто тие и сѐ најголемите непријатели. Без нив крвниците не би можеле да нѐ владеат.

Комунизмот никогаш и никаде не владеел. Тој претставува свет без граници и држави. Свет без валути, каде што размената на производи ќе стане толку избалансирана да се ќе биде бесплатно и човештвото ќе се насочи кон некоја поголема цел од богатењето и парите. Тоа е можно според Маркс и Енгелс само преку побуна на работникот каде што ќе ги симне од власт богатите и нема да постои нити држава нити граница. Затоа и е мотото работници од цел свет обединете се.

Но да се вратиме ние малку во реалноста. Само социјалистите, револуционерите можат да створат комунистички свет. Додека капиталистите го ствараат фашизмот како напредна форма. Она за што гинеле војводите е слобода од аскерот она за што гинеле партизаните е слобода од фашистите. Ниедно македонско прашање не е завршено без војна. Да се потрудиме овојпат да бидеме паметни и да си ја овозможиме слободата на мирен начин.

Затоа што сите ние сме вмро, другари!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom