Што мислите за Жан Митрев?

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.970
Поени од реакции
8.634
Тресеш зелени, не разбираш. Друго е темава, ама да ти објаснам.
Пуштање дома дома додека е пациент хоспитализиран е незаконски. Секое бегање или напуштање на објектот болницата од страна на пациентот треба да се пријави во полиција. Бидејќи може да се случу да те тресне кола, да украдеш нешо, да згазиж некој а се водиш хоспитализиран и примаш терапија на моја смена за која што јас сносувам кривични одговорности.
Другата работа е, треба да има вода и мора да се бањаш, исто болничарот е тој шти треба да го избања пациентот ако е неподвижен или не е во состојба да се бања, ама.
Недостаток на лекари е проблем што сите го знаеме исто и сестри. Недостаток на болничари е уште попроминентен во споредба.
Пример најголем дел од болничарите се со договор на дело минимална плата или 9000-14.000 денари без решенија. Најчесто 1 на смена поради немање персонал кој треба да:
Однесе крвни анализи, земе назад резултати за крвни анализи, однесе пациент на ехо, кт, гастро, требува крв, донесе крв, промене катетри, пелени, подели храна, да качи нов пациент, пресоблече.... и замислете еден болничар на 20 пацуиенти, ду д мет.
Друго моите дежурства траат не 24, не 25, најчесто 26-30 часа. 6-7-8 месечно
Дали некој од вас може да замисли како е седењето 30 чада на едно место, будни, без фрижидерче за да си ставам ладна вода или да си задржам ладен оброк.
Без wc шоља, туку со чуњеви...


Sent from my iPhone using Tapatalk
Тресам зелени? Не е зелена да се држи пациент да скапе во сопствена пот? Кој е тој стандард и протокол против интрахоспитални инфекции на кој се повикуваше дотичната од инфектологија кога на државна болница нема топла вода пациентите да се избањаат. Пријавиле дека пациентите се срмдуваат во сопствените бактерии? Хипокризија и кабадајлук од светски размери!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
Како може на онкологија да има топла вода и таму лекарите да се борат за своите пациенти и не дозволуваат нивниот труд да биде залуден заради една топла вода и хигиена, додека на другите одделенија лекарите блескаат со нивната професионалност. Не е баш до кожните фотељи туку има нешто што се вика професинализам!
Се гледа дека не живееш во Македонија.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.364
Поени од реакции
10.262
. Пријавиле дека пациентите се срмдуваат во сопствените бактерии?
Ај не биди смешен и ти па сега..па и врапчињата на гранка знаат на какви помочани и усрани душеци лежат пациентите, како бздат на потоина и на друго болничките соби.
Дали пријавиле...офф леле :pos:
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.970
Поени од реакции
8.634
Ај не биди смешен и ти па сега..па и врапчињата на гранка знаат на какви помочани и усрани душеци лежат пациентите, како бздат на потоина и на друго болничките соби.
Дали пријавиле...офф леле :pos:
Ако гледаше она на документарецот за митрета онаа од инфектологија така кажуваше :) имало протоколи, стандарди кои не вклучуваат топла вода, пошто сеуште не е откриена.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.634
Поени од реакции
37.594
Како може на онкологија да има топла вода и таму лекарите да се борат за своите пациенти и не дозволуваат нивниот труд да биде залуден заради една топла вода и хигиена, додека на другите одделенија лекарите блескаат со нивната професионалност. Не е баш до кожните фотељи туку има нешто што се вика професинализам!
... дискутабилно,
не е токму професоионализам, туку кој му држи повеќе ,,зборот,, а и ,,местото,, каде треба да се санира е важно, хаусмајсторот ќе иде да мајсторише ако треба и доброволно каде има корист т.е. интерес, онкологија е позната по сомнителни тендери,

...но не негирам дека каков е раководителот на клиниката, таква ќе биде клиниката, барем ќе се труди да биде профи, а д-р Васев е педантен (фраерчина).
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.364
Поени од реакции
10.262
... дискутабилно,
не е токму професоионализам, туку кој му држи повеќе ,,зборот,, а и ,,местото,, каде треба да се санира е важно, хаусмајсторот ќе иде да мајсторише ако треба и доброволно каде има корист т.е. интерес, онкологија е позната по сомнителни тендери,

...но не негирам дека каков е раководителот на клиниката, таква ќе биде клиниката, барем ќе се труди да биде профи, а д-р Васев е педантен (фраерчина).
Паметам на времето кога гинекологија Чаир беше катастрофа, а сега сите трудници на пораѓање бираат таму или во Ремедика.
ГАК во државна го изгуби рејтингот.
Ете што значи добри менаџери.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.634
Поени од реакции
37.594
Кој е тој стандард и протокол против интрахоспитални инфекции на кој се повикуваше дотичната од инфектологија кога на државна болница нема топла вода пациентите да се избањаат.
...тука си во право, тие на инфективна одат по протокол да пациентите бидат изолирани, па тоа тие или дотичната буквално го сФаќаат и недозволуваат болниот да се одалечи од болничка соба , а со тоа ниту да се избања, без да размислат да токму болнички соби на нормална инфективна треба да се направени за двајца, тројца болни и сопствено купатило и веце за таа болничка соба.
...ама тие, персоналот на инфективна ќе се избањат после дежурство,
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.970
Поени од реакции
8.634
... дискутабилно,
не е токму професоионализам, туку кој му држи повеќе ,,зборот,, а и ,,местото,, каде треба да се санира е важно, хаусмајсторот ќе иде да мајсторише ако треба и доброволно каде има корист т.е. интерес, онкологија е позната по сомнителни тендери,

...но не негирам дека каков е раководителот на клиниката, таква ќе биде клиниката, барем ќе се труди да биде профи, а д-р Васев е педантен (фраерчина).
Тендер за топла вода бе :pos:
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.336
Поени од реакции
7.701
дефинитивно е видно изменет, но за стручноста му симнувам капа.
Ти можеш и гаќите да ги симнеш, но мислам џабе е.
Малку да се нашалиме, оти исто ни се фаќа, караванот си врви.

едноставно "нема пари државата, криза е, тоа е".
Јасно де, 4.5 милијарди евра годишен буџет, нема пари за најбитните работи.
Уствари на мнозинството се друго му е побитно него ли здравјето и владеењето на правото.
Пријателка сега специјализираше, докторот и рекол, низ годиниве, само уште едно девојче од Струмица покажала толкав капацитет, а плата ќе и е, колку на курир во ЕСМ.


Ајде без нервози, уште потешки периоди доаѓаат, па удрете бригу на весеље, оти овој систем мора да се сруши, па нов. Исто ко нива кога се расчистува, ама каков сеач ќе имаме, тоа од нас зависи.
 
Член од
16 јануари 2021
Мислења
377
Поени од реакции
1.105
@
Пред малку го слушав Жан Митрев во една емисија на Канал 5, и направи едно чудо стручни..прилично елементарни грешки...
на пример омега 3 аминокиселини (a треба масни киселини)
жената го прашува за зејтинот да каже нешто повеќе и за пржењето...а тој не знае..или не помти....да ги спомне транс-масните киселини и слично....

Освен тоа, на интернет нема ништо за него...на англиски..на германски...го има во некои именици....
и научните работи не му се ништо друго, а обични описи на клинички случаи...благодарение на тоа што има болница...

според мене Жан е еден обичен барем...просечен кардиохирург...

а луѓето го воздигнуваат во Македонија затоа што е прв македонец, и затоа што тој ги викаше камерите во германија да го снимаат и да прават емисии за него.

А исто за тоа академик, каква е таа светска академија Платон? Што нема ништо за неа на интернет.

Од горе на све, и брат му е Ректор на Штипскиот Универзитет, а пред тоа беше персона нон рекогнита...

Според мене...хирургијата практикувана во Македонија од Жан е ризична. Освен тоа, тој немаше ниту постар лекар да го нагледува кога започна да оперира (Oberarzt), туку започна само как специалист Fachrarzt
У право беше овој човек
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.634
Поени од реакции
37.594
Паметам на времето кога гинекологија Чаир беше катастрофа, а сега сите трудници на пораѓање бираат таму или во Ремедика.
ГАК во државна го изгуби рејтингот.
Ете што значи добри менаџери.
...д-р Башким Исмаили, директор на гинекологија Чаир, коректен како никој друг, совесен неподмитлив, некорумпиран, човек со беса во вистинска смисла барем до сега.

... располага со 17 гинеколози, 7 неонатолози и 6 анестезиолози, новата опрема што ја добил донација не ја однел дома во приватна ординација , како би направиле и прават другите, туку све тоа добиени: девет нови ЦТГ апарати за следење срцева акција кај плодот во матката, ехо апарати за вродени аномалии, три гинеколошки ехо апарати, апарати за брза кардиореспираторна реанимација, апарати за откривање билирубин од кожа и за скрининг на слух на сите новороденчиња, останаа во болницата, па успехот е неизбежен.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
Пријателка сега специјализираше, докторот и рекол, низ годиниве, само уште едно девојче од Струмица покажала толкав капацитет, а плата ќе и е, колку на курир во ЕСМ.
E ova e toa shto mnoshtvoto ne go razbira. I ova e najbolno. Mozhebi na klinika, ima povisoki primanja, ama tie shto se zadovolni od primanjata generalno se na nekakva funkcija.

Kolegi od Milano, ko od shala mozhe da si dozvolat maica brendirana od 600 evra. Ti vo Makedonija, kje se tufkash, dali kje imash da go prezhivessh sledniot mesec.

Siromashni sme, kako nacija mnogu. Nezavisno koj so kakva profesija se zanimava.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.634
Поени од реакции
37.594
докторот и рекол, низ годиниве, само уште едно девојче од Струмица покажала толкав капацитет, а плата ќе и е, колку на курир во ЕСМ.
...не знам зошто, но имам приметено скоро сите раководни места, па и директорски места по клиниките ги водат медицински кадар дојден порано или покасно од провинција, дали истите можат да се прилагодат на понакви потреби во ,,централа,, како метропола за разлика од ,,локално,, провинција, не знам, ама кога ќе ја слушнам директорката на гинеколошка клиника како онака службено и јавно тепа со штипски дијалект, не знам колку да е стручна не ми звучи ниту сериозно ниту стручно.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.970
Поени од реакции
8.634
E ova e toa shto mnoshtvoto ne go razbira. I ova e najbolno. Mozhebi na klinika, ima povisoki primanja, ama tie shto se zadovolni od primanjata generalno se na nekakva funkcija.

Kolegi od Milano, ko od shala mozhe da si dozvolat maica brendirana od 600 evra. Ti vo Makedonija, kje se tufkash, dali kje imash da go prezhivessh sledniot mesec.

Siromashni sme, kako nacija mnogu. Nezavisno koj so kakva profesija se zanimava.
И колегата од милано не купува мајца од 600 евра. Не е будала да р'ба цел ден за една мајца која е само малце подобро сошиена од мајца од 10 евра.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
И колегата од милано не купува мајца од 600 евра. Не е будала да р'ба цел ден за една мајца која е само малце подобро сошиена од мајца од 10 евра.
O da, i te kako kupuvaat.
Ama prashanje na vkus e. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom