Што мислите за Жан Митрев?

Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
Можеме да го дискутираме на медицинска основа тие искуства во приватното здравство кои се многу по бенигни во споредба со јавното, мада немам и за тоа многу желба да дискутирам пошто не сакам и тие да ги оправдувам. Приватни пораки ти се исклучени.

Објасни ми ја хуманоста со исклучената топла вода во државна болница на 40 степени надвор. И не те пуштаат да излезеш надвор од клиниката да се истушираш иако лежиш "скапан" 10 дена. Не бе нема интрахоспитални бактерии тука.
И тоа што нема топла вода на +40 степени е по вина на нестручноста, непрофесионализмот и незнаењето на лекарите или по вина на тие што си седат во кожени фотељи, се богатат на грбот на народот, за да после истото тоа богатство го вложат во вакви приватни болници и уште толку да го осиромашат народот?

Ти со све ова што го пишуваш стрикно прстот и вината ги насочуваш кон твоите колеги. Не е ни малку коректно, знаејќи од каде си почнал, каде си го стекнал своето знаење, и во какви услови си студирал и работел.
Не е дека нема такви кои не знаат што е clavicula, humerus, lien, hepar, али не е коректно сите да ги ставаш во ист кош.

Интрахоспитални бактерии секаде има. Проблемот е непријавувањето на истите, и премолчување дијагнози во официјалната документација.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.970
Поени од реакции
8.634

Колку интрахоспитални инфекции има во државна каде што и до ден денес нема топла вода? А тој лекар што лечи пациент кој се "скапал" во пот. Се прашувам која е таа професионалност и што лечи кога ете не се ни потрудил браунилата да му се смени на пациентот кој после 4 ден крева температура 40 степени. Ај да не пишувам толку. Ако сакаш дискусијава у ПП
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.336
Поени од реакции
7.701
Во многу работи се согласувам со тебе, така е, но ниту ти, ниту некој друг, колку и да му вадите триста мани, колку и да го правите мафијаш, ваков таков, онаков...Жан Митрев се докажа дека е врвен кардиохирург со илјадници успешни операции кои тоа го потврдуваат.
Само јас лично познавам неколку оперирани пациенти кои секојдневно го благословуваат.
Така да, нека поработи комисијата, нека направат контроли, нека го казнат ако навистина има грешки во работата, за тоа не се бунам.
И за Филипче велат дека е одличен во својата професија, мамата ни се расплаче додека беше министер, ама ете ти сакаш во затвор да го видиш, а за овој витез ќе го направите.
Има илјадници успешни операции и исто толку неуспешни, плус неговите лични способности се на слично ниво како и на уште 10 кардиохирурзи во МКД. Да бил некој со ретки квалитети, во Германија ќе му дале бланко чек, немаше тука да се врати. Од почеток до сега, цела кариера му се базира со врски и испумпување на државниот буџет.

тоа што нема топла вода на +40 степени е по вина на нестручноста, непрофесионализмот и незнаењето на лекарите или по вина на тие што си седат во кожени фотељи, се богатат на грбот на народот, за да после истото тоа богатство го вложат во вакви приватни болници и уште толку да го осиромашат народот?
Директна вина е и на лекарите. Како тоа дозволиле такви услови да има? Како тоа работат во такви услови, а знаат дека последиците од таквите услови резултираат со човечки загуби?
Ти како дома гледаш се да ти е стокмено.... Како овие приватните гледаат колку толку се да им е стокмено... Како може во Љубљана државната клиника да е цакум пакум, и таму луѓе работат, и тука луѓе...
Кога им дигнаа цена за паркингот, одма се организираа и протестираа, а за лошите услови мукла. Зашто и за ова не најават штрајк додека не се решат основните услови, народ ќе ги поддржи.
Тие во кожните фотелји ги гледате како мајка, ама нели ако бебето не заплаче, мајката ќе си тера.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.364
Поени од реакции
10.262
И за Филипче велат дека е одличен во својата професија, мамата ни се расплаче додека беше министер, ама ете ти сакаш во затвор да го видиш, а за овој витез ќе го направите.
Има илјадници успешни операции и исто толку неуспешни, плус неговите лични способности се на слично ниво како и на уште 10 кардиохирурзи во МКД. Да бил некој со ретки квалитети, во Германија ќе му дале бланко чек, немаше тука да се врати. Од почеток до сега, цела кариера му се базира со врски и испумпување на државниот буџет.

Директна вина е и на лекарите. Како тоа дозволиле такви услови да има? Како тоа работат во такви услови, а знаат дека последиците од таквите услови резултираат со човечки загуби?
Ти како дома гледаш се да ти е стокмено.... Како овие приватните гледаат колку толку се да им е стокмено... Како може во Љубљана државната клиника да е цакум пакум, и таму луѓе работат, и тука луѓе...
Кога им дигнаа цена за паркингот, одма се организираа и протестираа, а за лошите услови мукла. Зашто и за ова не најават штрајк додека не се решат основните услови, народ ќе ги поддржи.
Тие во кожните фотелји ги гледате како мајка, ама нели ако бебето не заплаче, мајката ќе си тера.
Незнам што имаш толку омраза кон Жан...мора да признаеме и да бидеме среќни што воопшто дошол во Македонија да работи.
Сите државни болници се катастрофа, од триста бактерии, глувци, бубачки, прокиснати кровови, табли што паѓаат врз пациенти и др...но докторите молчат, не се бунат, оти сите работат на повик во некоја приватна болница, одат оперираат во Косово, во Албанија...таквото нив ги боли, одамна ја изгубиле хуманоста, ја прегазиле Хипократовата заклетва...претворени се во бесчувствителни роботи алчни за пари.
Менталитетот македонски е таков грозен, веројатно и Жан попримил оти го знам кога дојде каков беше...дефинитивно е видно изменет, но за стручноста му симнувам капа.

@Tyrael ти си дефинитивно за во некоја лудница да те сместат.
Како можеш да се смееш жити бога?
Свекрва ми, а и сите поред нејзе, танталови маки гледавме, никој нејќеше во ниту една болница да ја прими, велеа таму сме требале да ја оставиме кај што ја заразиле....дома и правевме преврски...не ми се пишува за голготата што ја проживеавме....
 
Член од
18 април 2014
Мислења
373
Поени од реакции
678
Колку интрахоспитални инфекции има во државна каде што и до ден денес нема топла вода? А тој лекар што лечи пациент кој се "скапал" во пот. Се прашувам која е таа професионалност и што лечи кога ете не се ни потрудил браунилата да му се смени на пациентот кој после 4 ден крева температура 40 степени. Ај да не пишувам толку. Ако сакаш дискусијава у ПП
Тресеш зелени, не разбираш. Друго е темава, ама да ти објаснам.
Пуштање дома дома додека е пациент хоспитализиран е незаконски. Секое бегање или напуштање на објектот болницата од страна на пациентот треба да се пријави во полиција. Бидејќи може да се случу да те тресне кола, да украдеш нешо, да згазиж некој а се водиш хоспитализиран и примаш терапија на моја смена за која што јас сносувам кривични одговорности.
Другата работа е, треба да има вода и мора да се бањаш, исто болничарот е тој шти треба да го избања пациентот ако е неподвижен или не е во состојба да се бања, ама.
Недостаток на лекари е проблем што сите го знаеме исто и сестри. Недостаток на болничари е уште попроминентен во споредба.
Пример најголем дел од болничарите се со договор на дело минимална плата или 9000-14.000 денари без решенија. Најчесто 1 на смена поради немање персонал кој треба да:
Однесе крвни анализи, земе назад резултати за крвни анализи, однесе пациент на ехо, кт, гастро, требува крв, донесе крв, промене катетри, пелени, подели храна, да качи нов пациент, пресоблече.... и замислете еден болничар на 20 пацуиенти, ду д мет.
Друго моите дежурства траат не 24, не 25, најчесто 26-30 часа. 6-7-8 месечно
Дали некој од вас може да замисли како е седењето 30 чада на едно место, будни, без фрижидерче за да си ставам ладна вода или да си задржам ладен оброк.
Без wc шоља, туку со чуњеви...

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Каде го има ова:confused:...
За претходното пишано сосема си во право.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.634
Поени од реакции
37.593
Недостаток на лекари е проблем што сите го знаеме исто и сестри. Недостаток на болничари е уште попроминентен во споредба.
...проблемот во недостаток на лекари е поради очигледно намерната политика на МЗ на доделување на неконтролирани и дефицитарни државни специјализации, сите лекари ургираат на различен начин, најчесто партиски да добијат специјализација каде има највише обрт на пари и захтевни пациенти, па затоа имаме кардиолози куп, ама нема имунолози, инфектолози, уролози.

21077289_10213880799115201_4782124470011321606_n.jpg
21078395_10213880798395183_1465397476932940274_n.jpg

...како може МКД, да влезе во ЕУ, а Б.Османи да се занимава со македонски јазик и идентитет, ама негова медицинска професија е вештачка, затоа што не го интересира дека едно Кичево, каде токму негова партија ДУИ е на власт,
нема инфектолог, дијабетолог, нема основни услови за вакцинација на децата, зградата им е штала,

Screenshot_3.png maxresdefault (3).jpg

нив не ги интересира да Охрид град на УНЕСКО и туризам немаат медицински персонал, во болницата немаат педијатар човече!

...недостаток на медицински сестри? па сите планирани вработување преку ноќ се преадаптирани во соработници, па наместо мед.сестри се примаат правници, економисти, социјални работници, психолози, разни советници со еден збор куп немедицински кадар, дали некој воопшто направил сооднос на тие вработени споредбено со медицински лица? наместо нив, непотребните во толкав број, барем да се вработат, немедицински кадар т.е соработници како болничари и да се знае на 6 пациенти мсксимален број во една болничка соба, по еден болничар,

... и веќе ако се вработува по некоја мед.сестра, се знае на кои начин и ургенција, истата се распределува не каде има потреба и недостаток, туку некаде ,,каде е најлесно и нема работа,,.

...кога пишуваме на темата, треба да се има три опции и секоја за себе е посебна приказна со одговорност:

- една, за болницата ,,Жан Митрев" каде одговорноста ја имаат сите медицински лица вработени во приватната болница, посебно специјалистите,
- друга, лично за д-р Жан Митрев како индивидуа кардихирург во самата болница,
- трета, како менаџер на болницата, одговорноста на Жан Митрев која ја покрива цела болница.
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
Колку интрахоспитални инфекции има во државна каде што и до ден денес нема топла вода? А тој лекар што лечи пациент кој се "скапал" во пот. Се прашувам која е таа професионалност и што лечи кога ете не се ни потрудил браунилата да му се смени на пациентот кој после 4 ден крева температура 40 степени. Ај да не пишувам толку. Ако сакаш дискусијава у ПП
Мислиш дека е случајност? Дека не е можеби намерно наметнат тој систем за луѓето да идат на приватно лекување?

Капитализмот во здравството, заедно со ваквиот правосуден систем е еднакво на нула, независно дали е приватно или државно здравство. Ние не сме држава со стабилни институции и ниту НАТО ниту ЕУ, нема да ни ги исчиститат нечистотиите и прљавштините, ако сами тоа не го направиме.
Директна вина е и на лекарите. Како тоа дозволиле такви услови да има? Како тоа работат во такви услови, а знаат дека последиците од таквите услови резултираат со човечки загуби?
Ти како дома гледаш се да ти е стокмено.... Како овие приватните гледаат колку толку се да им е стокмено... Како може во Љубљана државната клиника да е цакум пакум, и таму луѓе работат, и тука луѓе...
Кога им дигнаа цена за паркингот, одма се организираа и протестираа, а за лошите услови мукла. Зашто и за ова не најават штрајк додека не се решат основните услови, народ ќе ги поддржи.
Тие во кожните фотелји ги гледате како мајка, ама нели ако бебето не заплаче, мајката ќе си тера.
Се согласувам дека треба да се борат за условите ама за да успеат во тоа потребна е и поддршка од народот. Па колку долго специјализантите работеа без денар? На +30 години, издржувани од своите семејства. Еве и сеа кога беше штрајкот на матичните лекари, што се постигна? Ништо, едноставно "нема пари државата, криза е, тоа е". Затоа си идат сите надвор од државата.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.364
Поени од реакции
10.262
Мислиш дека е случајност? Дека не е можеби намерно наметнат тој систем за луѓето да идат на приватно лекување?

Капитализмот во здравството, заедно со ваквиот правосуден систем е еднакво на нула, независно дали е приватно или државно здравство. Ние не сме држава со стабилни институции и ниту НАТО ниту ЕУ, нема да ни ги исчиститат нечистотиите и прљавштините, ако сами тоа не го направиме.

Се согласувам дека треба да се борат за условите ама за да успеат во тоа потребна е и поддршка од народот. Па колку долго специјализантите работеа без денар? На +30 години, издржувани од своите семејства. Еве и сеа кога беше штрајкот на матичните лекари, што се постигна? Ништо, едноставно "нема пари државата, криза е, тоа е". Затоа си идат сите надвор од државата.
На еден доктор кој што е праведен, човечен и навистина се грижи за здравјето на пациентите, не му треба поддршка од народот.
Секоја докторска соба во болниците е најлуксузно опремена, имаат клима, телевизор, компјутер, фрижидер идр..додека пациенти колабираат на 40 степени со засмрдени рани...
За што служи менаџерскиот тим во болниците, за украс!?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
На еден доктор кој што е праведен, човечен и навистина се грижи за здравјето на пациентите, не му треба поддршка од народот.
Секоја докторска соба во болниците е најлуксузно опремена, имаат клима, телевизор, компјутер, фрижидер идр..додека пациенти колабираат на 40 степени со засмрдени рани...
За што служи менаџерскиот тим во болниците, за украс!?
Како не? Баш заради ова што се пишува низ темиве и сите лекари се ставаат во заеднички кош. Заради тоа што трулоста на системот, неодговорноста и нередот во државата не е предизвикана од нестручноста и незнаењето на сите нив, туку од алчноста на поединци. (онаа мала група веројатно, заради кои сте решиле да плукате по се што е медицинар).

Мислам дека дискусијата понатака е излишна.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.364
Поени од реакции
10.262
Како не? Баш заради ова што се пишува низ темиве и сите лекари се ставаат во заеднички кош. Заради тоа што трулоста на системот, неодговорноста и нередот во државата не е предизвикана од нестручноста и незнаењето на сите нив, туку од алчноста на поединци. (онаа мала група веројатно, заради кои сте решиле да плукате по се што е медицинар).

Мислам дека дискусијата понатака е излишна.
Не ги ставам во ист кош сите медицинари, но не познавам, искрено, ниту еден доктор кој јавно се побунил против алчноста и нестручноста на својот колега, ниту еден доктор да викне телевизиски екипи за да снимаат каде, како, со што и во какви услови се лекуваат пациенти...битно е услови добри да има кога е на дежурство кое е платено 150 евра.
Иста е приказнава и со Жан...зошто еминентни доктори кои работат кај него молчеле.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.634
Поени од реакции
37.593
Мислиш дека е случајност? Дека не е можеби намерно наметнат тој систем за луѓето да идат на приватно лекување?
...сите ,,успешни" приватни болници, приватни лекарски ординации, приватни специјалистички ординации се поврзани со државното, како папочна врвка,
...од таму, од државните болници на чуден, но легален начин се препорачуваат, се насочуваат пациенти, сите приватни болници имаат некој државен пакет за давање со партиципација здравствена услуга што само е начин како шкорпија да го привлече пленот (пациентот), па да го ,,удри,, со финасиски удар за други приватни пакети, за што пациентот плашејќи за сопствено здравје сето тоа ќе го премолчи и финасиски ќе се дотолчи.

...но не само тоа, голем број лекови и потрошен медицински материјал се одлива во приватните болници, што самиот лекар земајќи од едно место на друго каде со амин на државата работи дополнително, па пациентот два пати го плаќа,
...таква ,,успешност,, е вештачка и затоа доаѓа до такви негативни појави, што на крај пациентот го влече дебелиот крај, државата си тера партиска политика со тендери и вработување, приватните болници ги цицаа државните болници и нејзините пренасочени пациенти,
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.970
Поени од реакции
8.634
Како не? Баш заради ова што се пишува низ темиве и сите лекари се ставаат во заеднички кош. Заради тоа што трулоста на системот, неодговорноста и нередот во државата не е предизвикана од нестручноста и незнаењето на сите нив, туку од алчноста на поединци. (онаа мала група веројатно, заради кои сте решиле да плукате по се што е медицинар).

Мислам дека дискусијата понатака е излишна.
Како може на онкологија да има топла вода и таму лекарите да се борат за своите пациенти и не дозволуваат нивниот труд да биде залуден заради една топла вода и хигиена, додека на другите одделенија лекарите блескаат со нивната професионалност. Не е баш до кожните фотељи туку има нешто што се вика професинализам!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.634
Поени од реакции
37.593
...зошто еминентни доктори кои работат кај него молчеле.
...пооооолека, тука има нов момент, што не го земате во предвид, што ако е обратно?
...што ако токму д-р Жан Митрев молчел за грешките што ги знаел, а можеби не ги знаел на другите лекари? дали може еден човек активен како кардиохирург да биде истовремено и менаџер на цела болница "Жан Митрев"?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.364
Поени од реакции
10.262
...пооооолека, тука има нов момент, што не го земате во предвид, што ако е обратно?
...што ако токму д-р Жан Митрев молчел за грешките што ги знаел, а можеби не ги знаел на другите лекари? дали може еден човек активен кско кардиохирург да биде и менаџер на цела болница "Жан Митрев"?
Така е, вината ја носи шефот на одделот и главната сестра.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom