Сатанизам

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
Многу искази.

Не сфаќам, треба ли да се третираат како апсолутна вистина, без проверка?
Прашувам, затоа што ти тука ми презентираш твоја вистина, како апсолутна. Мојот рационален ум, автоматски, поставува филтри, па прашувам, треба ли безусловно да се прифати вистинитоста на твоите искази?
Тоа што за мене е сатанизам и тоа што го пишувам можеш да го провериш и да речеш дека нема везе со прав сатанизам и тое е твое право. За повеќето е она клише со пентаграми,убивање животни и рецитал на неки забегани стихови што ги нашле на нет или во некоја литература.

Пример(немора да се клика на видето оти е грозно)


Ова за мене се умоболни психички случаи кои мислат дека се сатанисти,овој го фатија откоа ја закоља баба му у Драчево.

И други што некао имам начуено дека се по таков вид на сатанизам обично се тешки пациенти за у демир хисар или бетер ако постои такво место.

Можеби сатанизмот има група на интелектуалци кои се оградуваат од вакви ликови и ваквите примери им даваат лоша слика (Ако има некоја смисла тоа)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Како може правилата, нормите, начелата да не се универзално прифатлив начин за одредување?! Што е тогаш ако не тие? Психопатите што се нарекуваат сатанисти и што сакаат да бидат слуги на злото со убивање луѓе, животни и слично, ја земаат иконографијата и терминологијата од вас. Ако мејнстрим религиите како симбол за злото ги имаа штрумфовите, тие кутри пореметени лица би се нарекувале и штрумфови. Реков и претходно, нив им е битно да бидат во тој филм, каков наслов носи филмот не е важно, додека кај остатокот од популацијата предизвикува страв, ужаснатост, паника. Затоа и нагласив - официјалните сатанистички организации, бидејќи под официјално се подразбира нешто кое е регистрирано во државата или допуштено од неа, што не е во конфликт со законите. Фактите и логиката никогаш не ви биле јака страна за жал.
@Manga , истото и @Ipsissimus го зборува.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.984
Поени од реакции
6.470
Тоа што за мене е сатанизам и тоа што го пишувам можеш да го провериш и да речеш дека нема везе со прав сатанизам и тое е твое право. За повеќето е она клише со пентаграми,убивање животни и рецитал на неки забегани стихови што ги нашле на нет или во некоја литература.

Пример(немора да се клика на видето оти е грозно)


Ова за мене се умоболни психички случаи кои мислат дека се сатанисти,овој го фатија откоа ја закоља баба му у Драчево.

И други што некао имам начуено дека се по таков вид на сатанизам обично се тешки пациенти за у демир хисар или бетер ако постои такво место.

Можеби сатанизмот има група на интелектуалци кои се оградуваат од вакви ликови и ваквите примери им даваат лоша слика (Ако има некоја смисла тоа)
Не оди тоа така. Ако тргнеме од премиса дека припаднци на одредена припадност кои прават зулуми се пациенти, лудаци или не знам што, тогаш и оние исламисти кои се разнесуваат се само лудаци, психопати на кои им е место во лудница.

Пази богати, мислеле дека се сатанисти али уствари не биле :icon_mrgr: Кој си ти да кажуваш кој е сатанист а кој не е?Наведи според кој стандард ги одвојуваш вистинските од лажните сатанисти?

И ти, и Ипсисимус правите основна логичка грешка а тоа е следнава :

Дечкото од Драчево со години и години практицирал сатанистички ритуали при што имал убиено десетици животни, имал одрано жива мачка и слично за да "дипломира" преку тоа што со заби и го извадил гркланот на баба си пред да ја искасапи на олтар на сред кој имало пентаграм. Собата во која го извршил сатанскиот пир била однапред припремена за такво нешто.
Во интеракцијата со средината не покажувал никакви знаци на лудило нит пак бил прогласен за непресметлив. Што значи нема апсолутно никакви докази дека бил луд.
Едноставно, се однесувал во склад со своите верувања.

Минатата година во Панама, членови на сатанска група извршиле гнасно скврернавење на христијански објект, црква во која на олтарот жртвувале трудна жена при што го извадиле фетусот од нејзината утроба и го употребиле во нивниот ритуал. Со нејзините црева обвиткале статуетка на Бафомет или Баал или некоја слична абоминација. Пред тоа убиле уште шест деца бидејќи така налагал соодветниот ритуал.

И тие биле само лудаци? Кога се работи за повеќемина сторители, како тоа бре се пронаоѓаат све сами лудаци, па статистички тоа е невозможно!
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не гледам потреба од навреди, тоа што напишав дека према ај-кју тест сум за нијанса потпросечно интелигентен не значи дека треба бидам исмеван. Ако сум те навредил ајде некако, но вака што е проблемот?
Не можам да говорам во име на сите христијани, но ние христијаните одамна сме на чисто дека припадници на христијанската религија имаат извршено спектакуларно гнасни злочини. Консензусот меѓу христијанските историчари и теолози е дека тие злочини се непобитен факт. Како што е факт дека се извршени од страна на христијани, т.е. лица кои се декларирале како такви и тука нема ништо спорно.
Ватикан пример, одамна е на став дека е потребно покајание за гревовите на некогашните христијани па така имаме и извинувања за нив, лицата спалувани на клада и слично. Која друга религија е интроспективна како христијанската? Никоја.

Но тоа било пред половина милениум. Гледам инсистираш да се оди оф-топик и покрај тоа што скролнав и видов куп теми на подфорумов кои се бават со христијанство, ајде во интерес на цивилизирана дискусија да продолжиме овде.

И каде е тука лицемерноста на која инсистираш

Како што убаво кажа Берик, разликата е во тоа дали одреден злочин е извршен во име на припадноста или не. Таа е разликата.
Сатанистите ден денес, кога веќе 1/5 од 21.век е помината, сеуште прават стравотни злочини во име на ѓаволот.
Затоа зборувам за правење на злочини пер капита, имајќи предвид минорниот процент на сатанисти во една средина, некако ептен се загреани за правење зулуми. Што не води до заклучок дека сатанизмот денес, значи не во среден век, не во викторијанско доба, не во антика туку денес, е најголемо зло од сите припадности.

Пошто ти и хептаграм не сте сатанисти бидејќи нели,сте припадници на ОТО, не можам да ја сфатам вашата потреба да ги браните и релативизирате манијакалните сатански злочини. Зошто тоа го правите?
Незнам кај виде навреда, факт е дека религиите се скарани со здравиот разум, тоа не е навреда, тоа е реалност. Дали не е точно дека за секоја христијанска деноминација останатите христијански деноминации не се христијани? А ти цело време тврдиш дека самодекларирањето е доказот дали некој е или не сатанист? Ако тука негледаш двојни стандарди, тогаш што воопшто дискутираме?
И каде виде жити се дека јас сум бранел манијакални злочини?! Дали си ти сериозен? Јас цело време со факти ти докажувам дека за некој да се декларира како припадник на религија, филозофија, идеологија, потребно е да постојат начела, правила, принципи, што ја дефинираат истата, во спротивно секој може да припише што сака на тој поим! И ти тоа го испреврте дека јас сум бранел манијакални злочини.... :tapp:
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
И Сатаната е обожуван од страна на луѓето под името Исус; и Луцифер е обожуван од страна на луѓето под името Брама; и Левијатан е обожуван од страна на луѓето под името Алах; и Белиал е обожуван од страна на луѓето под името Буда. – Liber CCCCXVIII
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.770
Поени од реакции
12.235
Ги следам темиве али пошто не се разбирам како и од многу други работи, не се мешам. Само да ве прашам вас дали на овие слики навистина има сатанистички ѕвезди како што стои во текстот.

 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.984
Поени од реакции
6.470
Ги следам темиве али пошто не се разбирам како и од многу други работи, не се мешам. Само да ве прашам вас дали на овие слики навистина има сатанистички ѕвезди како што стои во текстот.

Во случајов има неписмен новинар и ништо повеќе :)
 
Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.397
Поени од реакции
3.821
@Ipsissimus си изведувал ли некој од ритуалите од Сатанистичката Библија и дали биле успешни? Дали се остварило на пример ако си извел ритуал на уништување?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
@Ipsissimus си изведувал ли некој од ритуалите од Сатанистичката Библија и дали биле успешни? Дали се остварило на пример ако си извел ритуал на уништување?
Ова и јас би сакал да знам, посебно што испомешал Лавеј сешто во книгата, само да за биде што повеќе сатанистичка. :) Има дури и еврејски мистицизам и магиски формули. Што е чудно...
Посебно ми се допаѓа делот каде што зборува како енохијанската магика е најстаро нешто, а потоа неколку реченици подолу вели како енохијанската магика е од XVI век и дело на Џон Ди :) Хаос...

А и преводите на клучевите му се со „сатански шмек“ за да одговараат нели со идејата што ја продава, нормално :)
 

TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.291
1653664949215.png
Што е со овие лудаци, знае ли некој. Има многу вака тетовирани да не ги барам, иако име ценура за ова.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Член од
7 декември 2021
Мислења
1.255
Поени од реакции
6.212
Како да ја продадеш душата на Ѓаволот

 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.161
Поени од реакции
12.139
Подобро да продадеш евра отколку ова што споделено...

Прво треба да веруваш дека имаш душа. Тука многумина ќе паднат и нема да може ништо да продадат.
За да може да „продаваш“ нешто мора да го имаш. Мора да веруваш во христијанската догма или исламска.
Значи да си некаква форма на христијанин до некаде или така одгледан, но да не ти чини христијанството во целост, од икс причини... но идејата што ја создале за „непријател“ и ти повеќе сакаш да си од „другата страна“ не те прави ништо поразлично од христијаните.

Сепак сатаната и сатанизмот СЕ дел од старите религии. Иста паричка и тоа од истата страна, не од другата. :)

Фатете учете, не туку само нешто продавање и имотни листови!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom