Eдна работа која мора да се признае и потенцира е дека Апасиев е велемајстор на политичката игра, таков политичар со такво IQ и така успешно успева да маневрира без да биде изгребан а не па политички оштетен немало во Македонија, дури би рекол нема ни пошироко и за тоа секоја му чест, мора да му се симне капа и да му се покаже почит.
Уште со самата појава на политичката сцена Апасиев успеа да се наметне како оратор, а посебно во дебатни емисии каде што имаше тотално инфериорни противници да го набилда својот рејтинг, во времето кога Левица беше политичка опција со силно вкоренати идеолошки принципи ги остави неговите соборци да се борат и да го собираат гневот додека тој остана чист, додека цела партија му се влечеше по судови тој остана настрана, а во соодвениот момент кога тоа носеше огромна штетата на партијата како дел од шарената револуција (левото-црвено крило) да ги пушти низ вода и со неговите кадри кои цела шарена револуција условн ја преспаа да ја превземат партијата, ем поголем рејтинг ем се ослободува од луѓе кои ќе му беа постојан товар поради нивното слепо следење на идеолошките принципи на партијта, win-win ситуација.
Можеби најзначајно и најважно во неговата политичка кариера е што го прочита народот како селски буквар (не дека е тоа нешто тешко де) па увиде дека нашиов народ е скаран со читање, тој не чита и не прати програми туку верува само на тоа што ќе го виде и чуе, друга работа која согледа е дека народов е неедуциран и не гласа на принцип на идеологии, туку целото гласачко тело е националистичко и шовинистичко, самиот влез во парламентот му беше идеален за да се бори против двојазичност бидејќи тоа народот сака да го види и чуе, иако сосема сите забораваат дека Левица е прва и единствена двојазична политичка партија на македонската политичка сцена, која го употребуваше и мислам сеуште го употребува и макдононскиот и албанскиот назив на партијата, по принцип државата се води како се води и партијата, арно ама народов наш не чита туку гледа и слуша и тоа го искористи да народот го виде и чуе тоа што сака и во нивните очи да е најголем бранител на македонскиот јазик и идентитет.
Кога дојде време за протестите и од кога првите протести беа мирни каде што приматот беше на ДПМНЕ тој повика на радикализација и наредниот ден тој и неговите фрлаа јајца и тоалетна хартија каде што тој во прв ред се промовираше како херој, лидер кој не се дели од својот народ, кога овој повик беше прифатен и целосно наелектризиран од страна на навивачите и националистите и кога тие решија да одат алл ин во радикалзиацијата бидејќи само тие имаат муда да го направат тоа, Апасиев на кој реално тоа не му одговараше успеа да го задуши со еден потег повикувајќи дека ти се инфилтрирани од страна на Власта да создават меѓуетнички тензии по што дојде на самите протести народ да иде против навивачите/националистите кои цел живот си го посветија во борба за Македонија, со тоа Апасиев го задуши бранот со кој тој можеше да биде проголтан, да настане народна револуција водена од друга страна, а воедно се бетонира самиотсебеси како лидер на овие протетсти и своевиден водач, успеа свесно или не да намести невини деца да лежат затвор и со својот перфоманс вчера кога намерно отиде да испровоцира физички контакт да добие уште поголем рејтинг, да биде виден како спасителот и месијата на нацијата а претходната екцесија со која ги задуши протестите тотално да биде заборанава.
Користејќи га политичката импотенција на Мицковски и ДПМНЕ тој успеа целиот овој бран да го сврти во своја корист и да во целиот овој процес тој игра своевидна политичка симултанка во која тој пали тој гаси на политичката сцена и улица кај нас.
Силата која исто така ја црпи е што Левица е единствена партија која во моментов е сериозна на политичката сцена а не е од елитата, сите други политчки партии или се дел од самата елита или произглегле од неа, додека Левица е единствена партија која е народна и настанува од самиот народ, со тоа тој максимално удира на елитита што народот го сака, народот е уморен, револтиран и напатен од елитата и од системот и со нетрпение чекаше некој кој ќе биде било кој да им зададе силен удар и да ги разниши, таа омраза кон елитата е како никогаш изразена кај обичниот народ и смртник, посебно кај нашата емиграција која иако може да продава муда за бубрези дека живее убав живот надвор од Македонија вистината е дека тие се своевидни цигани во тие земји надвор, ги гледат со потценувачки поглед и токму тоа да се во земја каде што со дното и шљамот на општеството од една страна, додека немат систем и свевидни услови за развој да се вратат во сопствената држава од друга страна, раѓа кај нив невидена омраза кон елитите дури многу посилна од онаа од оние кои живеат во Македонија и токму тие ако покажат државнички и политички капацитет на денот на изборите да се вратат во Македонија и да гласат за Левица може да бидат бранот на промените и да го зададат првиот удар кон рушење на политчката елита во државата, секогаш политчките елити на Балканот се рушат од надвор, така падна политчки систем и во една соедна држава со гласовите кои дојдоа од емиграцијата.
За крај она поради кое најмногу успеа Апасиев да се наметне на политчката сцена е што тој увиде дека во делувањето на политчки партии е дека силата и вредноста на партијата не доаѓа од идеологијата туку од тоа колку гласови има позади себе па ја користи секоја прилика максимално до даска да префрли што се повеќе гласови на свое конто и на Левица, на наредни избори уште пред оваа криза тежеше 10-15 пратеници , со помош на емиграцијата ако се покаже како државотворна и на денот на изборите се врати и гласа во Македонија тој број лесно може да оди и над 20 пратеници во негова полза.