- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.579
- Поени од реакции
- 10.608
Чесите заедно со Словаците уште и порано, пред година две им се спротивставија на Бугарите кога овие ги изгласаа Св. Кирил и Методиј како бугарски просветители а глаголицата и кирилицата како бугарски азбуки. Нив ги засегаат Бугарските обиди да наметнат ексклузивитет врз словенството и целата таа словенска култура и наследство да го прикажат како Бугарска оставнина за словенскиот свет, што е апсурд од епски размери и за тоа Чесите и Словаците се свесни, оти и нив директно ги засега, затоа што и тие полагаат историски и културни врски со делото на Св. Кирил и Методиј. Словачка чинам дури и ги има и спомнато во преамбулата на нивниот устав како нивно историско наследство, така да обидите на Бугарите да наметнат своја верзија на историските факти нема изгледа да им помине толку лесно кај организирани држави кои што својата историја и култура ги сфаќаат и доживуваат посериозно од нас овде.