Кој се разлики меѓу државните и приватните болници? Дали е многу поквалитетно лечењето во приватните болници, дали обраќаат повеке внимание и за тие пари што ги даваш вреди. Дали докторите се поискусни и ти даваат права дијагноза.
Кој се најдобри приватни болници?
...широка тема за да се објасни разликите, односно секое си има предност и мана!
... приватните болници само што имаат можност сами да менаџираат и дополнително да склучат договор со фондот за некои пакет со партиципација за пациенти, кадарот конкретно што прашуваш дали докторите се поискусни, ако им го следиш работниот тек сите првото и своето искуство го стекнале во државните медицински институции, па потоа се префрлиле во приватните болници, така да трансферот нивни е само и само поради поголема месечна исплата, посредено дежурство или поради некој мобинг во државна болница што морале да попуштат и да дадат отказ, па да се префрлат во приватна болница,
...со еден збор тој што ја сака медицинската професија подеднакво ТРЕБА да е добар и во државно и во приватно здравство, но биди сигурен ниеден доктор не се префрлува во приватна болница поради подобра апаратура или некои подобри услови за дијагностицирање за пациентите, туку напротив само и само според лична корист и истакнување на авторитет што не можел да го добие во државните болници, зашто? затоа што во приватните болници сосема малку удел има партиските влијанија, менаџерот на поинаков начин го средува тоа немешање, а во државните има големо влијание непотизам, партиските директиви, што не е во интерес на медицинската професија.
... искутвата се различни, а исто зависи од „среќата“ на пациентот, во приватните болници добиваш „домашни услови„, комодитет и многу пријатен однос од медицинските лица (понекогаш многу вештачки), но тоа не лечи, тоа може само да го релаксира пациентот, но не навистина да го лечи, често приватните болници се „звучни“ според некој познат искусен специјалист, но таму приемот е од сосема друг лекар кој работа под капата и славата на тоа звучно име на приватната болница и ако тој што ќе направи прием е некој „лош“ доктор кој се префрлил во приватна болница, тогаш пациентот не само што нема да добие точна дијагноза и терапија, туку и финасиски ќе биде исцицкан за плаќање кредити за два живота, незгодни примери има многу, би рекла многу вешто премолчени, затоа што во приватните болници секогаш се кажува тој што „се спасил“, „оздравел“, но многу ретко се кажува за неуспесите и смртните последици (најчесто навремено пред да починат, префрлени во државни болници)
...така да успешност на една приватна болница не е од рекала казала муабет, туку од процентот на пријавени пациенти и процентот на успешни заздравени пациенти и колку е можно мал процент или ич на починати, е тогаш ќе кажеме дека таа приватна болница е успешна и најдобра, но не како што прават во нашите приватни болници кога пациентот веќе нема шанса ќе го испуштат за да не го имаат тој процент на починати, па после тоа го носат пациентот во државна болница.
...често пати, преку јавни медиуми ќе кажат успешноста на некоја болница конкретно во породени нероткини со ин витро метод (вонтелесно оплодување) или успешност со инсеминација, ДА, се сложувам да биде тоа успешност ама да се каже на пример на која возраст е пациентката и колку од нив се јавиле и колку од нив забремениле и се породите, така да ако од сто пријавени пациентки, да болницата се фали со десетина пациентки и тоа на возраст под 30 години, за мене лично е неуспешна приватна болница за ин витро, без разлика од убавиот прием, посебна соба, насмеани медицински лица и услуга!
П.С.
секогаш има исклучоци на двете страни од медицински лица посветени на својата професија, но сосема малку што се губат во таа џунгла на тие што те гледаат како вреќа со пари!