Познавам 10 луѓе кои биле за дијагностицирање на болест и лекување со помош на таа квантна медицина, но освен што останаа со празен џеп, друг аир не видоа.
Сега ги има повеќемина такви доктори, повеќе ординации никнаа, но пофални зборови и задоволни пациенти немам сретнато.
Јас имам правено дијагноза со некој таков "квантен апарат" и морам да признаам беше прилично прецизен 85-99% погодува ..цената беше 100-200 денари, по аптеките нешто го промовираа, колку што се сеќавам се држеа едни 2 сонди 5-10 минути па потоа ти кажуваа што и каде имаш дисбаланс...но ова беше пред некој ~5 години сигурно..јас за таа цена. презадоволен бев.
Е сега дали може да се лекува нешто со
такви квантни работи не ми се верува освен некој ептен ситни работи.... добро е што нема не сакани ефекти...но не треба да се очекува нешто wow ... И најдобро е да се комбинира со здрава исхрана,суплементи,лекови,физичка активност, намалување на стрес итд...
Човекот може да се излечи ако ги корегира сите негови тела.
Коски,мускули,нерви,циркулација, емоции,,црева,дигестија,дишни органи,итд...
Инаку све ке биде половично...
Ти можеш од стрес да добиеш чир на желудник и покрај тоа што можда припазуваш на исхраната...
Или да имаш тахикардија од стрес, а не од лоша исхрана,Герд... Итд
Поздрав