Иначе, очигледно е дека со пиштолите и каменувањето вчера сакаа да го променат фокусот од францускиот предлог на меѓуетнички тензии, и да додадат мала доза на заплашување за да се намали бројката на протестите (две во едно). Јаки тактики, нема што.
Јас мислам дека оригиналната цел им беше да создадат паника и хаос за да се растури протестот. Со тоа ќе направеа прво деморализацијата каде што сега комуњарите ќе исмеваа како 1000 луѓе бегале од 10 души со камења, а и во хаосот ако имаше повредени доста луѓе ќе прекинеа да доаѓаат.
Ама дечките што тргнаа да се тепаат ја сочуваа кохезијата на протестот, а тој со црвената маица што отиде со камен на пиштол комплетно ја смени перцепцијата. И сега вечерва ќе има уште толку повеќе луѓе. И сега зошто се во очај само ќе си ја продлабочуваат дупката со нови глупи досетки и финти.
Во блиска иднина предвидувам првин "признанија" а потоа и апсења на членови на Левица, навивачки групи, итн ... за да направат притисок али ова највеќе ќе им се одбие од глава дека ќе направат маченици од нив.