@Хептаграм XI,си размислувал некогаш зошто на некоја религија,учење или мудрост му е потребна официјалност(или тајност),членарини,религиски даноци или донации?
...зарем не е духовноста нематеријална и нема потреба за материјалности?
...зошто мора да ја приоризираат својата вистина на сметка на останатите?
...или ти сметаш поинаку?
Не постои разлика од материјално и нематеријално. Како прво. Перцепцијата е само друга. И порано сум спомнал дека не постои природно и НАДприродно. Какви се тие фрази? Како може да има нешто надвор од целото? Скокови? Не постои непрекинатост.
Не постои моја или твоја вистина. Има мое или твое разбирање и спознавање на нештата. За тоа може да дискутираме... не се расфрлам јас со зборови како „вистина“, „апсолутност“ итн итн... посебно не во однос на боговите.
Според мене, колку повеќе луѓе дејствуваат на Земјата според одреден закон, толку поголема е веројатноста дека другите закони се надминати и непотребни. И овде зборувам за дејствување, не некој дали верува во Буда, Христос, Хорус, Птах или не знам кое било друг божествен архетип кој што е врвот за една индивидуа!
Но пак зависи од индивидуалниот труд, работа, искуство итн итн во врска со овие нешта...
Тајноста ја разбирам зошто е потребна. Но тешко е да се објасни, барем мене ми е тешко.
Најпрост пример е со потсетување од погоре што зборуваа другите дека парите се моќ. Не, не се. Магиката е моќ
На учењето или мудроста не и требаат финансии, но на физички присутни организации и се потребни финансии заради уредувањето на светот.
Бидејќи прашуваш за Телема, а со тоа за О.Т.О. и A.'.A.'. - има голема разлика во уредувањето.
Едно е Законот на Телема, сосема друго се двете организации кои дејствуваат според тој закон.
О.Т.О. е задолжен за материјалното дејствување на Земјата. Кроули ги остава сите материјални свои добра, книги, писма во рацете на О.Т.О. бидејќи О.Т.О. има таква улога, за разлика од A.'.A.'. koja e на сосема друго рамниште.
О.Т.О. ги има авторските права на Кроули. Книгите ги издава О.Т.О. или со одобрување на О.Т.О. - за тоа требаат финансии.
А за другото, воопшто нема потреба од пари. Всушност многу работи се средуваат со соработка, кога Телемити ќе се соберат и ќе изградат добри соѕвездија.
Ние ја обожуваме Бесконечноста било каде, било кога, немаме потреба од златни храмови и мермерни плочи на кои ќе пишува Љубовта е закон, љубов под волја, тоа го пишува на срцето... не постои место кое што не е свето ако таму стапнала нога на Телемит.