- Член од
- 12 јануари 2022
- Мислења
- 715
- Поени од реакции
- 1.494
Иако има многу вистини во напишаното, надеж секогаш има, не биди толку песимистИднината е жалосна. Денешницата со чекање пред портите на ЕУ ќе прејде во децениско чекање, налик на тоа што се случува со Турција. Ќе се чека да се започнат преговори/ или ќе се преговара, но никогаш нема да се влезе внатре.
Ете, овој врз тебе пробува да објасни како ЕУ не сака да прими држави чии граѓани отворено даваат поддржка на Русија, а не гледа дека такви држави има и во самата ЕУ, мислам на вас, и на Унгарија. Но вие и Унгарците сте во ЕУ поради сосема други интереси кои ги има ЕУ од вас, и покрај тоа што вашите држави влечат према Русија. А сега од друга страна ја имаш Албанија, у пакет со Македонија и чека да започне преговори - неможе ради ветото од вас. Ете, Албанија не е држава со про-Руско население, сосема спротивно, тие се ЕУ-НАТО-УСА до гроб. Кај Албанците љубовта према ЕУ и УСА достигнува нивоа на фанатизам. Но ете, ЕУ едноставно не ги сака. Да ги ценеше ЕУ народите според тоа колку еден народ има љубов према ЕУ, Албанија и Косово ќе беа ЕУ членки и пред Словенија.
Што се однесува до западен Балкан каде што се наоѓа и Македонија, ЕУ си ја постигна целта. Со приемот на вас и Романија, целиот регион физички го отсече од истокот и остатокот од светот, спречувајќи било какви влијанија на Русија или Кина да соработуваат со регионот. Однесувајки се како abusive boyfriend, "гадна си, не те сакам, ама ако фатиш друг дечко зубите ќе ти ги искршам". Таа реченица од прилика го сумира целиот однос на ЕУ не само према Македонија, туку цел западен Балкан.

