F.E.A.R.
The Harem King
- Член од
- 11 јуни 2015
- Мислења
- 887
- Поени од реакции
- 1.414
Не знам шо е „неверојатно“ и шо многу ве чуди сите на темава. Бугарија не признава „македонско“ и јазик „македонски“ од 1878 и то е факт неоспорилив. Какви сакате аргументи давајте, расправајте се и на Европски суд одете, кај шо има моќ нема правда. Бугарите паметни и од геополитички причини со Романија ги втераа во ЕУ, ние како ретардирани од 1991 навака не можиме да влезиме во ЕУ. Самите в очи ти кажуваат ти си бугарин и не ти го признаваме јазикот, оти ако влезиме во ЕУ „македонскиот“ јазик че стани официјален. Бугарите нема никогаш, ама апсолутно никогаш такво нешто да дозволат ниту пак да прифатат.Ова е неверојатно што прават Бугарите. Македонскиот и бугарскиот јазик не се исти, слични се. Хипотетички, дури и да се сосема исти, повторно Македонците имаат право својот јазик да го нарекуваат македонски, а не бугарски.
Сега замислете ја ситуацијата: бошњачкиот, хрватскиот, црногорскиот и српскиот не се слични, туку буквално истиот јазик што надвор од поранешна Југославија и во научната заедница го нарекуваат српско-хрватски, e сега замислете ситуација кога Хрватска и блокира поглавја на Србија затоа што сака Србија да му го преименува јазикот во хрватски или тоа да го прават во Црна Гора. Навистина неверојатно и неразбирливо.
Ти кажува чисто и јасно, „прифатете дека сме едни и исти и зборуваме ист јазик, и така че влезите во ЕУ“ друг начин нема, само кој то да го сфати. Или прекинуваш преговори ако си паметен (шо требаше многу одамна) или ги прифаќаш сите услови шо ти ги понудуваат (безусловно да капитулираш), нема измејџу, или едното и или другото. Ама пошо сме закопани в лајна појче отколку шо треба, не менува ништо да ги прифатиме сите услови од страна на Бугарија.
Народ шо самио не си го цени јазикот, културата, историјата, и кој на секој чекор гледа да те искорсти и наштети, не заслужува да има држава.
Има народи шо исчезнале низ историјата заради овие причини шо ги наведов, и полно други можа да се наведа. Не исчезнале туку така метеор ги погодило.
Готите, Келтите, Хуните, Баскијците и полно други шо можа да се наведа во и надвор Европа не постојат, и пак че нагласам нема ништо да се смени ако ние не постоиме. Сè че си одвива нормално како и досега.