Никаде не мешам ништо од ова што ти го кажуваш. Тоа што не знаеш дека петте книги на Мојсеј се еврејскиот закон по кој се водат евреите и денес и се нарекува Тора - е твој проблем. Научи си ја историјата на твојата религија.
-Препрочитај се па ќе увидиш кај „мешаш„.
- Петте Книги Мојсееви се именувани како „Тора„ (да не ми кажеше, немаше да ми текне...) и тие немаат благе везе со никаков еврејски закон. Законот им е даден на Евреите преку Мојсеја на два начини: преку Законот на Божјите Заповеди и преку Законот Мојсеев.
Тоа што врвот на знаење ти се некакви „свети отци“ кои неповикани се дрзнале да коментираат туѓ закон, еврејскиот - пак е твој проблем.
За Мојсеј и неговиот закон ќе ги консултираш рабините, еврејските рабини - другото е секташко толкување. Толку е едноставно.
Обемот од моето познавање на мојата вероисповест за тебе е непознаница, така да не трчај како прле пред магаре. Рабините се нерелевантни, затоа што Месијата, Кого рабините Го чекаа, сам Он им ја укина власта. Изгледа дека не ти кажале...
Замисли некој денес да се дрзне од христијанството да прави своја религија, да ја толкува како сака за да создаде ново учење и твојата религија да ја нарече со друго име, твојата света книга нема да е нов завет туку нешто навредливо за тебе - како би било тоа?
Ќе го сметаш за погрешно, секташко, во заблуда?
„Што би било кога би било...„ ти е муабетов. Ситуацијата во реалното живеење е поинаква.
За „новиот завет“ - може да се држиш до разните христијански коментатори, но и тие се повикуваат пак на еврејскиот закон бидејќи таму се пророштвата и симболите преку кои ќе се познае еврејскиот месија, кој што според евреите суште не е дојден и не се исполнети пророштвата!
За еврејскиот закон се слушаат евреите, не христијаните. Тоа е малку егоистички да се дрзнеш да се поставиш како авторитет на туѓото... узурпирање, што не води кон ништо добро.
За еврејскиот Закон не се слушаат Евреите, ниту било кој друг чифутин. Евреите не се „одбраниот народ„, а денешните еврејските свештеници, учители и верници живеат во илузијата на својата „одбраност„, која сам Бог им ја укина и одзеде. Па и ова не ти го кажале...
Не се нарекува кабализам туку кабала (ако зборуваш за тоа), тоа е еврејска езотериска школа. Астрологијата е сосема друга ствар и нема врска со Тората и првите стихови што ги постирав на друга тема. Тоа што ти така сакаш да си разбереш за да имаш причина да зборуваш негативно и како „се е погрешно“ освен „светите отци“ од III - IV век што толкуваат - е твој проблем.
Се нарекува „кабализам„, како изведен израз за учењето кое произлегува од Кабалата (како запис), која Евреите ја презедоа при нивниот “престој„ под персиското робство. Како што е познато, Вавилон е изворот на сите денес познати окултни учења па така е и случајот со Кабалата.
Тоа што Тората ја нарекуваш „стар завет“ само укажува колку не знаеш ништо за еврејскиот закон.
Тората не е цел Стар Завет, туку само Петокнижето Мојсеево, кое, патем кажано, не е целосно запишано од самиот Мојсеј.